4 години поминаа и уште не си стави кириличен фонт.... Епа како што не ти е гајле на тебе за моето спиење така и другите не ги е гајле за твојот кредит.
Temata e za prasanja za vip ne za tvojot son i za mojot font Ako ne te interesira ne otvaraj I mene ne me interesira da vi objasnuvam ama me citirate a ne ve interesira ne
Ниту она, ниту некој нејзин не работи во ВИП, односно А1. Ништо лошо не ти кажа членката, баш беше реална. Не знам што и се лутиш нејзе без причина. И тоа со одземање на кредитот не е од сега, туку отсекогаш. Ти не го знаеше тоа? Сигурно немаш од вчера мобилен телефон. Ама изгледа прв пат ти се случува да заборавиш на време да надополниш кредит, па дури сега дознаваш дека ако на време не надополниш дека ти пропаѓа кредитот што го имаш.
Здраво ме интересира како можам да надополнам кредит од постпејд на припејд број? Преку апликацијата мојот А1 има таква опција надополнување од пријател и го бара да го напишеш постепјд бројот јас го впишав и кажа дека е испратена порака до постпејд бројот за да прифати за да се надополни кредит, но не стига никаква порака пробав многу пати но не можеше пак. Има друг начин?
Некогаш знае да им зеза системот. Јас така еднаш кога плаќав сметка првиот пат не сакаше па пробав пак и два пати сум ја платил Така да не ме чуди да ти биле успешни сите обиди
Дали има опција да дознаам чиј е бројот ? Звони со сриен па го открив со идентификатор потоа на вибер проверив ама нема ставено фотографија,има начин ?
А како го откри со идентификатор? Иначе мислам дека може еднаш една другарка си отиде во вип и плати за да и кажат кој ѕвонел ама поодамна ова сега не знам
активираш ако си на пост пејд идентификатор и плус 250 ден на претплатата имаш и ако некој ти звони со приватен ти го покажува бројот
Дечки зошто не можам да активирам интернет на телефонот? На припејд сум и сега одам на А1 Македонија што е на гугл, отварам припејд пакети за интернет и сакам пример да активирам 2GB интернет и го пишува бројот за активација ама не пишува каков текст треба да внесам за да го активирам значи го пишува замо бројот за активација. Испратив START на тој број и ми стигнува порака од инфо центар дека текстот е погрешен. Помош?
Крадат на големо. Пред некое време пуштив 1Г и сега праќам порака да го деактицирам не се деактивира и пак сам си се активира како пак да си пуштил. Ме штавија 100денари така, па мораше порака да му пишам на ФБ за да го деактивираат пакетот.. Во главно имаат добри производи..
Вака , постпејд сме корисници со мајка ми на една сметка со две линии , од договорот ни останува уште 10 месеци , дали е возможно од сега да го продолжам договорот и да си земам други телефони?
Ова вчера од 11 часот немаме интернет и телевизија. Ги бараме во А1 велат технички проблем, се работи на тоа. Сакам сега да одам да го раскинам договорот. Мислам дека имам право на тоа. Ми треба искуство од некој што веќе раскинал договор од таму. Како оди процедурата?