На три месеци пред истекот на договорот имаш право само да го продолжиш договорот (можеш и да ја намалиш тарифата) , но целосно раскинување можеш само во декември ,инаку ќе плаќаш пенали за тие месеци
Ама какви пенали. Сите сметки платени еве повеќе од 24 часа немам ни ТВ ни интернет. Не сум виновна јас. Цело време велат дека е проблемот кај нив и ништо не превземаат.
И јас сум на А1. Едно време имавме многу проблеми. Од цел месец, можеби половина и повеќе немавме интернет или дури и да имавме беше ужас. Постојано им се јавував а дојде и екипа два-три пати. На крај испадна да платиме за онолку дена колку што интернетот беше океј. Ти го кажувам ова за да се распрашаш за опцијава да не ти наплатат за оние денови кога имаш проблеми, иако искрено се надевам дека ќе се реши проблемот набрзо.
Здраво девојки, дали некоја знае опција за уклучување интернет на пост пејд број од А1, пример интернет за недела дена?
Па да ,јави се на 1234 и влези во менито за мобилен интернет на пост пејд ,следи ги внимателно упаствата и тоа е Јас на овој начин уклучував порано Е сега има уште една опција , инсталирај апликација Мој А1 , и таму во пакети исто имаш понуди каков интернет пакет сакаш , е таму имаш опција 20 гига за 300 денари , тоа е супер за таа цена Ако ти треба нешто помош пиши
Моментално А1 нудат 10 гига бесплатен интернет по повод нивниот роденден. Симнете си ја апликацијата и следете ги упатствата за креирање на профил и искористување на понудата.
Нарачав (пробав барем ) телефон онлајн од страната на А1, со продолжување на договор. Внесов детали од картичка за да го платам, ми стигна порака дека нарачката е процесирана, а пари од сметка не ми се повлечени поради тоа што интернет лимитот за плаќања ми бил понизок од цената на телефонот. Го зголемив лимитот ама да пробам пак ми е страв да не ми наплати два пати, пошто веќе и мејл ми стигна за потврда на нарачка, а не ми е уште наплатен, состојба на сметка иста е. Има некој со вакво искуство или јас најмалер? Не знам дали воопшто да го чекам телефонот, а истиот да одам во салон кошта 2500 ден. поскапо од ценава со онлајн попуст.
Штом си добила потврда, тоа е тоа. Имам јас други ствари плаќано на тој начин и некогаш прво ми доаѓала потврда, па после тоа биле повлечени парите.
Крш се навистина. Јас не знам дали некој во оваа држава си ја работи работата. Во време на пандемијава ми снема нет, а морам да имам, ми треба за работа, и се јавувам ми викаат дека дури утре ќе се потрудат да го решат проблемот. Катастрофа. Мислам дека ние мора во АЕК да ги пријавиме. Склучив договор, сега ми нудат друга поскапа опција да сменам пакет, стари им биле каблите до местото каде живеам, таков бил интернетот, слаб. Ало бе, си плаќам сметки, јас да не треба кабли да им сменам? Ем дома интернет плаќам, ем во такви ситуации пуштам хот спот, што реално не е евтин. Нула се за мене. И тие операторите приучени. Колку пати ќе се јавиш за помош, толку пати различни одговори.
Договорите за физички и приватни лица секаде се разликуваат. Ако го користиш за работа треба и договорот да го промениш за да се обврзат да ти достават услуги според SLA, 95% од времето. На договор за физичко лице никој оператор не се обврзува на такво нешто. АЕК ништо нема да превземе. Читајте договори пред потпишување..
Каде да проверам колку имам бонус ? Бидејќи договорот ми завршува ,па да видам дали ми се исплаќа да го продолжам...
Колку даваат бонус за обновување на договорот? 2 броја сме на месечна претплата од 2000 денари ,инаку никогаш не плативме сметка за толку туку све до 3500 денари
Нема врска колку си плаќала досега, зависи од тоа колку ќе плаќаш понатака ако го продолжиш договорот. Според тоа на која тарифа продолжуваш договор, ти пресметуваат бонус.