Е жими се не се нормални више само уште да ми е јасно од каде пронашле дека сум потрошила интернет во роаминг кога од почетокот на кризата не сум мрдната од државава. Уште два месеци со нив и никад више.
Имам 18.000 субвенции од Вип. За што би можела најубаво да ги искористам? Тел не ни треба, Лаптопи немаат достапни само некои над 30.000, или вреди ли тв марка Тесла??
Симнете си ја апликацијата од А1, интернет 10-20гб ќе ви доделат ко подарок за НГ, ако некој има среќа и Ајфонче 12
Споредував пред некој ден цени во Мкд и странство,дефинитивно нашиве се прецениле и ми стига мејл дека ако сакам можам да го обновам договорот и ќе ми го дадат Iphone 12 128гб за 0 денари без учество, ама пак јас си имам свој телефон и мерак ме фати за 13ка.
Крадат итоа на големо. Иди фактура 700 а треба 600, ми вика си ѕвонел странство, грција хаха. Не дека другите се подобри ама ај, нека му врти парата Се двоумам дали да го обновам, стар договор од 2014 е со слаба понуда и бонус за телефон. Имам други понуди сега кај нов отворен оператор ќе видиме се двоумам дали да останам.
Да не си била на некои места близу граница? Мене ми се има десено неколку пати да ми префрли на Бг мрежа во струмичко..
Како се активира втора линија? Наидов на инструкции на поранешната официјална веб страна на Оне.мк и се обидував со повикување *43# но безуспешно.
Дали некој можеби знае, веке 6 години имам договор во а1, т.е на секој 2 години го продолжувам. Е сега лани кога отидов да го продолжам договорот, а бидејки на еден договор имам два броја и домашен интернет според договорот вкупно треба да плакаме 2 600 ден.,но бидејки ние секогаш активираме дополнителни пакети интернет, ретко сме имале сметка под 3 000 ден. и тогаш според некои поени ми понудија да си земам уред во износ од 16 000 денари, јас земав поскап и останатиот дел го доплатив во кеш. Сега сакам да земам таблет кој што ке го плакам на рати секој месец заедно со сметката и прееска ги барав ми викат таблети на рати не дават а на онлајн страната и пишува дека може. Јас ја користам тарифата Нео М + и баш тука ми дава опција плакање на рати месечно околу 500 денари плус за таблетот, а агентот преска со кој што разговарав ми вика не може таблет на рати, само во кеш. Дали некој има искуство или можеби е запознаен што како одат овие работи?
Директно во некој од продажните салони, исто те советувам поднеси и до АЕК да испитаат и да реагираат, вака може само приговор до А1 од таму да ти го одбијат.