Користев Постпејд од А1 но таква не култура, не љубезност од вработените нема никаде. Исто така катастрофална мрежа и Интерент, се на се додека не се подобрат не сакам ништо со нив.
Да ве прашам што мислите за лаптопи од А1,дали се квалитетни или ни ги дават оние што се биле на поправка ?
Одамна користам А1, но немам втора линија, а исто така и не ми покажува дека имам пропуштен повик доколку некој ме бара додека зборам на друга линија. Па би сакала да знам како можам да уклучам втора линија ако може некој да ми објасни.
Јас сум на А1, и немам до сега сретнато поени. Иначе на темата, А1, лопови. Толку имам да кажам, едвај чекам да ми заврши договорот и веќе никогаш да немам со нив работа, а не пак некој уред да земам од кај нив.
Немаат и нема да има. Даваат на луѓе некој попуст за пакет, повеќе субвенција и нешто плус за да ги обврзаат на договор од 2 години. Јас сум си на А1 припејд и искрено супер си е мрежата, додека разговарам јасно ќе го чујам другиот и тој мене, имам 4G+ и вадам брзини над 100 Mbps. На vip talk тарифата сум со 2,9 ден/ мин и 2,9 воспоставување на повик. Немојте на кредит да си пуштеле интернет без да активирате интернет пакет, кредитот ќе ви го земат набрзина додека трепнете - од искуство ви кажувам за ова. А1 можат да имат уште подобра мрежа, само треба да постават уште базни станици за појак сигналот да му биди.
Здраво. Ме интересира дали знае некој на страната на А1 каде можат да се видат деталните сметки на повици?
Здраво, сакам да прашам колку сметки можам да оставам неплатени за да не ме исклучат, месецов не можам да ја платам сметката, па дали можам да ја одложам за следниот пример?
ДА, под услов договорот да ти е истечен, инаку се плаќаат пенали пропорционално со месеците кои ти се останати. Провери уште колку време ти е договорот, после датумот пречекорување можеш комодно да си го раскинеш бидејќи се продолжува месец за месец.
Се плаќаат сите сметки до крајот на договорот и само тогаш се раскинува, односно плаќаш пенали. Во секој договор пишува за предвремено раскинување на договорот. Со што проблеми се соочуваш поточно, па за да го раскинеш договорот? Според мене најубо почекај уште една година, бидејќи многу пари така ќе дадеш за услуга што не си ја користел.
Ако имаш 1500 денари претплата, за да го раскинеш договорот треба 7+7 т.е 14(преостанати месеци)*1500 денари да платиш..