Мене следнава година ми завршува договорот, и се мислам дали да останам во А1. Не знам дали другите оператори имаат убави понуди за интернет во ЕУ.
За Интернет во странство каде каде подобри ти се A1. Ем во големина на пакет, ем за опцијата размена од сеф. Телеком се бајаги скржави тука. За останатите оператори не знам точно како стојат со овие пакети, но некако се сомневам дека можат добра понуда да извлечат.
Баш затоа и се одлучив за А1. Но сега ме нервира тоа што некое време не им функционира идентификатор, и уште се занесуваат преку телефон, нормално било зашто јас сум пријвила пред месец, од наредниот бла бла…. И затоа не ми се замара да бидам веќе дел од А1. Услуживоста им е сведена на 0.
Мислам дека горе доле низ сите оператори услужливоста е на ниско ниво, но вака по онлајн муабети и јас добивам впечаток дека А1 се најдрски. Многу луѓе минуваат низ овие фирми, посебно по продажни салони, контакт центар и customer care, па вработените не се грижат премногу за нивниот однос, едноставно не се гледаат себеси на таа позиција long-term.
Дали некој порачувал онлајн телефон ? За колку време го процесираат ме интересира и дали било се ок. Лани земав телефон со достава но се договарав телефонски со агент.
Јас имам порачано исто преку телефон, ми го доставија на домашна адреса, ми го донесоа договорот, потполнив и си го земав телефонот. Се беше во ред.
А1 Nova S го направив пред една ипол година, плаќам 900ден само за мобилна услуга. Неограничен интернет, 4.5гб интернет во роаминг во зпааден балкан, 10гб национален интернет, разговори кон сите мрежи, неограничени пораки и 6500 бонус субвенвоја за ИТ уред ако купувам. Сега е А1 Ултра Ѕ, го поскапиле и е 1000ден, плус 60гб интернет наместо неограничен. Ќе ти направат понуда за сите овие пакети и тел, нет, тв, ама испод 2000-2500 нема да биде.
A1 Nova M, 2300 денари. Имаме интернет, тв, фиксна линија и 2 мобилни броја. Во зависност од опцијата што ќе ја одбереш, ќе те чини од 2000 до 3000 и нешто.
Здраво, дали некоја од вас се соочила со згрешен договор со А1? Со продажната агентка која зборувавме цела недела за ставање на тв и интернет, место оптички интернет договорот го направила со кабелски и сега треба да се докажуваме со снимените разговори што сме ги имале. Нѐ праша за адреса за да провери дали имаме техничка можност за оптика на нашата адреса, разговаравме како најголемата тарифа 200 со 200 мб не ни е потреба бидејќи не сме програмери и не работиме од дома и уште ред други општи разговори. Откако се договоривме, веднаш ни прати онлајн договор потпишавме и толку. Екипата дојде, си правевме муабет за оптика и никој од нив не спомна дека инсталираат кабелски интернет. Мислам да не правам муабет дека е дегутантно да немаш оптика во ова време- не знам колку години наназад сум имала, не па сега. Која е постапката во вакви ситуации? Чекам одговор од нив, меѓутоа не сакам да мине без преставка до АЕК. Гаслајтинг на ниво
Дали и други корисници (во Скопје) на Каон ресивер имаат проблеми со неконтролирано качување на тонот и знакчиња на екранот на телевизорот?