Сакам да земам мобилен од вип на претплата, ама само за телефонот ми е, бројот ќе му го дадам на татко ми. Е сега знам сека телефонот ќе мора да го носам некаде да го откодираат за да работи на другите мрежи, а сакав да прашам дали тоа бројчето што ќе ми го дадат со телефонот ќе работи на телефонот на таткоми, постар модел има тој?
Ќе работи со сигурност,постарите модели не беа кодирани и мајка ми има телефон од т мобиле а користи број од вип.
Преку вип мобилните телефони од марките сони и од нокиа не се кодирани примаат секакви картички,додека другите марки се кодирани само на вип картички хтц,самсунг,лг,алкател...
Девојки, знае ли некоја колку „неограничени“ се тие неограничените минути кон сите мрежи од претплатата 555 ден. месечно ? Мене ми рекоа дека се воделе до 1000 минути, 1000 пораки и еден гига интернет, па ме интересира дали е точно или не.
Разговорите се неограничени кон сите мрежи Пораките се неограничени Интернетот е исто така неограничен само после 1GB се намалува брзината. 100% точно (баш денес потпишав договор на оваа тарифа)
И кај мене во претплата си стои неограничени минути во Вип , и до сеа ми немаат нешто надокнадно наплатено а јас си киснам на телефон
^^ нема гајле ја по цел ден си делкам на тел особено со дечкото 4 саати кога ќе разврземе ми нема стигнато повеќе од претплатата освен ако не пишувам пораки, кај мене тие се наплаќаат
сакав да си го обновам договорот ама девојчето ми кажа дека сум на некаква црна листа, проблемот ми е шо не знам ни зашо ни како....? ми вика да не сум нешо задолжена по банки или да не сум жирант на некого нешо...ама нема нишо такво, па ја дури на мое име освен телефонот не ни имам нешо друго па да имам заостанати сметки стварно не знам шо се дешава, ако на некој му се има десено нешо вакво да ми каже ако може искуство... каква е таа црна листа и дали само со вип имам проблем, или секаде по операториве кај шо ке се обратам така ке биде?
Јас сум на ONE и ок е,ама многу ми се допаѓа понудата од Вип за 555 денари се неограничено што е Таман за мене да се растурам од пораки
Неке да е баш се неограничено, имаат они онаа клаузула со ситни букви каде тоа неограничено е всушност 1000 минути и ограничен број на пораки. Затоа добро читајте ги ситните буки, тие се најважни. Кога зборуваме за претплата и Оне, имаат одлична понуда, дури и се поевтини од Вип, а имаат и далеку подобра мрежа.
Една пријателка на мајка ми е на ВИП и ја има понудата и се е неограничено(повици,пораки,интернет) за 555 денари и плус си зема телефон за 0 денари Алкател