Има и дневни пакети, ама има и месечен со иста цена за 5 GB. Не е наведено каков пакет ти нудат, обично за месечните е потенцирано, како и да е ида пуштиш приговор нема да го одобрат бидејќи не си ја видела важноста на пакетот и си продолжила да користиш нет. На која тарифа си? Бидејќи сите тарифи се со нет, па и да го потрошиш не треба да се наплаќа, само се намалува брзината и нема да имаш воопшто интернет.
Можеш да го раскинеш 5 дена пред истек најрано. Одиш во салон и пуштаат барање за раскинување, ако имаш и опрема, ја раздолжуваш и нејзе и услуга имаш уште 5 дена од поднесеното барање за раскинување.
Не само шо нема да плаќаш пенали туку можеш да се испазариш и за подобар пакет ако се решиш да го продолжуваш.
Како ќе се испазари? Тие се тарифите, едино ако се закани дека ќе го раскине па може да пуштат срце да и дадат некој ситен попуст. Подобар пакет нема да добие.
Преку телефонска промоција наместо во салон. Каков попуст би можела да добие не знам, јас тоа што го добив ми одговараше и ми се исплати. Инаку @GirlLove почекај сега за празници ако не ти е итно ќе има сигурно некои промотивни пакети.
Да, ама ако каже дека сака да го раскине, тогаш се јавуваат и нудат други пакети само за да не го радкине договорот.
Не, таман работа. Многу замараат после одредено време, ќе ти стигнуваат некои пораки да ги оцениш, па колку си задоволна, подоцна ќе те бараат за пакет и сл. Сега сигурно ќе има нешто за време на празниците. Иако што и да одбереш ретко они се држат до пакетот и обично никогаш не ја плаќаш истата сума (секогаш е нешто плус). Мрежа гарант немаш кога ти треба.
Не, роднина од 2012 нема сменето претплата, и се јавуваа едно време за да премине на нова претплата, оваа ги игнорираше, и се откажаа.. Реално, за таа цена од 600 денари, не може за ги добие истите работи со нова претплата, мислам може, за дупло повеќе пари..
Сакам да се префрлам од телеком на А1, пробав онлајн видов опција имаат А1, и си нарачав и телефон, ми стаса меил дека нарачката е во подготовка и дека ќе ме контактираат на телефон, но веќе неколку дена ништо не се случува. Така си стои и нарачката. Имате искуство со ова?
Знае некој префрлен роаминг интернет од нет сеф на кој оператор во Грција може да се користи? Не им работи линкот со листа на оператори.
Здравоо на сите Имам еден проблем. Мајками почина и договорите од А1 ги презедов јас и кога ги преземав имав 1 сметка не платена т.е сметката за тој месец затоа што не беше уште излезена и плус на договорите имаше останато рати за телефон. Е сега кога го презедов договорот од мајками си го презедов мојот број и од братми бројот , а договорот за број на мајками го прекинав и тие ми рекоја дека ќе морам да ги подмирам ратите за телефонот наеднаш отприлика 9к и јас реков во ред. Бидејќи плаќам онлајн и чекав да ми дојде смеката од предходниот месец и плус ратите тие не дојдоја,а сметката за наредниот месец уредно си дојде и си ја платив. По еден месец добив фактура на врата од А1 која гласи на мајками за да ги плати остнати рати и сметката. И сега сакам да прашам бидејќи фактурата гласи на мајками јас имам нов кориснички профил со нов број на договор за договорите што ги презедов дали можи да не ја платам и дали тие откако ќе постапат да наплтат присилно ќе добијат инфо дека мајками е почината и ќе прекинат со постапка или ? Некој икуство околу ова ?