Ништо страшно, некој си утнал бројче. Го погодил твојот, па ти стига код. И така нема што да прави без кодот.
Не е страшно ништо, позната реагираше во ВИП, ѝ рекоа дека имале некоја системска грешка, истата е решена.
Тој код е од апликација на А1 , можно е некој по греска го пишел твојот беој па ти стигнал порака . Не го давај кодот и се е ОК
Здраво, Имам доделен бонус од А1 и сакам да купам декстоп компјутер со доплата. Проблем е што на страната има многу оскудни податоци за вградените компоненти. Од корисничка подршка велат не знаеме ништо, не сме имале таква обука а и тие во салоните не знаат. Дали има некој од Вас купено од нив, од каде ги земат, како до подетално инфо за конфигурацијата, искуство дали вреди да се земе?
Пиши им мејл до корисничка поддршка за подетални информации за конфигурацијата која си заинтересирана.
Здраво, дали имате искуство со бела техника земено од А1 каталог? Имам поголема сума за искористување а во потрага сум и по машина за сушење па видов дека кај нив има на Gorenje ама на мисла сум дали се добри..
Koj ima iskustvo neka spodeli...na pretplata sum vo A1 momentalno dve smetki mi se dospeani koi ne mozam da gi platam cel iznos...mi pisale deka dokolku ne izvrsam uplata ke me dale na naplatna... Dali so naplatna kje se dogovaram na rati i dali ke go raskinat dogovorot, ili treba do A1 da pominam da se dogovoram...ve molam pisete koj znae....
Нели имаше една опција одложи плаќање (на А1 апликацијата)? Само не сум ја користела за да ти дадам повеќе инфо, види на колку време би ти подместиле со нејзе. Подобро оди во салон и прашај си директно.
Ke odam utre...sepak koj znae neka pise..se nadevam za dve smetki nema odma raskinuvanje dogovor i penali...zasto stvarno se potrosiv i ne mozam...
За одложено плаќање се плаќа 300-400 денари да знаете. Случајно читав ценовник за услуги и таму го имаше наведено во табела. А не пишува до полето одложи плаќање. Многу се катастрофа, од кога планирам да се преместам на друг оператор, ама еве се со обврски. Плаќаме интернет за џабе, слаб интернетот е цела недела, имам навика да плаќам сметка со картичка, еднаш платив сметка во продажен салон и наредниот месец ми стигна на сметката плус 30 денари зашто сметката не била платена онлајн… не е за 30 денари, ама гледаат да наплатат за секакви глупости. Често патувам и секогаш гледам да активирам роаминг интернет во Македонија, зашто ако активираш во друга држава се наплаќа дополнителни 300 денари, мене пак ми наплаќаат иако тука сум активирала интернет. Безобразни се многу, никакви поволни услуги немаат.
Која глупост е значи, да наплаќаат и за одложено плаќање.. Ај па и за трепкање нека почнат. Веќе некоја година и кусур (може и повеќе да е) не им обновувам договор. Мрежа немам кога ми треба, ми стигаат пораки да ги оценувам и секогаш гледам да им враќам (со мисла дека ќе се подобрат). Проблемот е што ако ја видам подоцна, не ми дава да ги оценам и да им коментирам (а еве како некој што доооолги години е нивен клиент и те како сакам да можам да вратам, а не да ме ограничуваат ако ја видам пр. час подоцна). Мене сметката секогаш ми варира (кон повеќе, знае да е и двојно повисока), а реално не користам ништо отповеќе (дури многу често сум на потпросечно користење на нивните услуги до месеци каде воопшто ништо не користам). Единствено од Западен Балкан сум задоволна. За купување телефон пак, строго ги скокам. Цени до плафон во салоните. Кога сум на тема телефони, еве нешто фино.
Колку е најниската пост пеид тарифа, што ја даваат на некакви си промоции , по некој тајни канали, некаде како да прочитав 350 ден? Јас сум на XS , беше 550, и треба да продолжам договор, ама ја нема таа тарифа сега најниска е 600.
Ако користиш нешто да земеш на претплатата ок,ако не најдобра опција ти е припејд. Јас сум припејд ни договор но ништо си правам месечен пакет 299 денари,неограничени СМС пораки и разговори кон сите мрежи 10 гб интернет и плус неограничени сурфање на социјалните мрежи. Само што треба да си го активираш секој месец ама пак не сум обврзана со договор.
И овој пакет го нема веќе, сега е 499 со 10ГБ и неограничени разгвори за 30 дена Дополнителни припејд пакети - А1 Македонија - A1