Баш вчера плаќав,све си беше океј.. Да не е нешто поврзано со новиот начин на онлајн плаќање преку токен?
Од 1 март 2026 година сите банки имаат засилена автентикација, треба да ја превземиш NLB Pay апликацијата Повеќе: https://www.nlb.mk/fizicki-lica/digitalni-uslugi/nlb-pay
Да, до НЛБ pay апликацијата беше проблемот, ми бил деактивиран профилот автоматски, денес успешно платив онлајн. Фала.
Почнете да ги оценувате реално А1 за услугите кои ги добивате преку оцена низ пораки, па да ги видите што мостри се кога ќе ве бараат преку телефон. Сега сфаќам зашто сите се на Телеком. Не дека овие другиве се сјајни, ама ако веќе плаќам да знам за што плаќам.
Јас секогаш ги оценувам реално. Еднаш ми се јави некој надреден. Ме ислуша за сѐ што имам пишувано и ми вети дека ќе направат промени. Од сето тоа само појачаниот сигнал на интернетот во мојот реон е реализирано ветување.
Koga im e rodendenot na A1 se mislam dali da obnovam dogovor ili da cekam nesto interesno obicno imaat ponudi rodendenski
Барем со цивилизиран си разговарала, оваа беше класична гуска. Ми сугерираше строго со 9 или 10 следен пат и да не сум била толку детална во изложување на проблемите. Така да, ако чита некој од контакт центарот ѕирнете какви ви работат.
Што била работата што ми ѕвонеле од контакт центар. Не им кренав. Секако планирам да се префрлам на Телеком да ми заврши договорот.
Која е она бе, да ти сугерира оценка? Не смее тоа. Мене така да ми рече има да ја кажам на директорот на А1 и АЕК. Ако треба ќе се обратам и на главната компанија надвор. Вака и предупредувам дрски вработени. Вообичаено ја менуваат песната. Баш и за мутави вработени му реков на тој. Не сум будала да се јавувам за немање интернет ако ми успева со рестартирање на уредот. Или се обидува да ме убеди дека има сигнал иако при очи гледам дека немам дома и во меѓувреме дознавам дека некој или нешто им оштетил дел од надворешен кабел.
Дали некој има проблем со А1 апликацијата? Не е возможно ни да се пристапи до било која опција на самата апликација, цело време е на loading или пријавува некаква грешка. Мислам дека покрш апп не постои!