Баш во оваа промоција нема ограничување ниту во минути, ниту во СМС, ниту во интернет. Во претходната 555, што беше пред речиси две години, имаше ограничување од 1000 минути и 1000 СМС, ова јасно беше наведено во договорот што го потпишуваше корисникот, додека со оваа промоција, во самиот договор е наведено дека има неограничени минути, СМС и интернет. Конкретно оваа понуда им е поевтина од таа на ОНЕ. Во поглед на мрежа, моментално сум корисник на ОНЕ и до сега, посебно во последно време и не е баш така најсјајна мрежата како што им беше, имам правено и speedtest и оној интернет што го нудат Вип е далеку подобар од оној на ОНЕ.
Дали може да се пребацам на друга тарифа пред да ми истече договорот? Ми истекува тек во декември, а сакам да ја земам оваа новата 555 со телефонче... Ќе може или тешко Инаку претходнава ми е со помала претплата, значи ако ја земам 555 ќе им плаќам повеќе Ќе има врска тоа или не...?
Јас имам договор во вип и сакам да прашам дали може повторно пред да ми истече овој да склучам и друг договор и да си плаќам две сметки ? и + ако знае некој дали повторно треба платени сметки да се носи ?
Јас мислам дека има ограничување и те како! И во самиот договор си пишува дека има 1000 минути кон претплатници од мрежата на ВИП, 1000 кон претплатниците од другите мрежи, 1000 СМС пораки и 1G интернет. Јас се убивам од правење муабет, ама никако да ги потрошам тие 1000 минути за да знам дали се доплаќа или не. Има ли некоја која го поминала „лимитот“ ?
Dali znae nekoj dali mozam da pobaram listing na site ostvareni povici??imam vip pripejd na moe ime. Ve molam za pobrz odgovor mnogu mi e itno. Blagodaram odnapred
Презадоволна сум.Пошто живеам на источниот дел од Македонија често одиме на викенд на Осогово.И таму нема мрежа.
Денеска земав телефон на претплата, на 555 ден и не ми е јасно колку минути во вип имам за зборување?? Ми кажаа неограничено но сепак нешто не ми е јасно.
Во последниот лист од договорот има некаков си ценовник со глупости кои навистина не ми се јасни, дали и кај тебе го има истото?? Пишува спрема вип, национални мрежи пораки и слични работи половина страна со иксови(x) Неможам на телефонот да му се израдувам хаха Си ја проверив и онлајн сметката, неограничени се, добро ее
Не се секирај тоа е на кој оператори си ѕвонела и одлично е и јас сум на оваа претплата абе луѓе немам гајле ѕвонам кај сите и зборувам колку сакам а и интернет неограничен имам абе милини
М тарифа ти е 479 денари со избор на телефон, а без тоа 399 денари. L тарифа ти е 799 денари со избор на телефон, а без тоа 599 денари.