Долго време бев на Вип, сега, веќе неколку месеци сум на џабест и ми е супер. На вип мрежата им е катастрофа, настрана тоа што сецка, прекинува, шушти, грчи, слушаш роботски или слоу моушн глас.... Бев грција и на враќање ја поминавме границата, веќе 5 км бевме во Македонија, мене мрежата сеуште на водафон (или која и да беше). Го исклучувам и приклучувам телефонот, пак водафон Другарот на т мобајл, на одење, после 10-15 км изминати во Грција тој сеуште си фаќаше македонска мрежа, а јас на враќање, ем во македонија ем пак немам македонска мрежа.... Друг настан. Бев Бугарија, тргнав со кредит. Поминувам граница, и по 10 мин ми стига порака: вашата сметка е намалена, по 1 саат пак: вашата сметка е намалена и така се до нула. Се слушам со моите на нет и им велам ставете ми кредит. Ми ставаат и пак истото, без причина ми го лапна целиот кредит. Додека престојував Бугарија ми стигаа и пораки од вип, за некакви си наградни игри и што знам за друго што. Се враќам Македонија, ставам кредит пак ми го зема. Одам во Вип им кажувам ситуацијата и таа ми вика дека тие си наплаќале за пораките што мене вип ми ги праќал, затоа што ми праќале порака надвор од Македонија. Е браво си викам, многу паметно ги крадете луѓето.
Да не знае некој дали има некоја опција на припејд за активирање на поефтини разговори кон другите мрежи ?
Додека бев на ВИП, мрежата беше катастрофа (не верувам дека сега е подобрена).Сега сум на ОНЕ, супер е секогаш има мрежа,што е и најважно.
Сакам да прашам дали некој знае да ми одговори. Доколку сакам да го прекинам договорот кој има уште една година дали ќе има некакви пенали ова она? Ќе треба да доплатам за нареднава година знам, ама дали некој знае да ми објасни поопширно?
ke platis samo pretplatite za cela godina ako si bila na primer na pretplata od 479denari - ke platis 479+12meseci =5748 , i tolku
Мое лично видување за ВИП е дека се лопови невидени. Прво е безобразно да ти наплатуваат казна за доцнење на сметка бидејќи си нивни клиент а секако сметката ќе биде подмирена на никој не му одговара да е исклучен во двата правци. Второ за активирање на дополнителен пакет не потсетуваат пред да истече да се исклучи и слично автоматски го реактивираат. Услугата на операторите во центарот за корисници е на ниско некултурно ниво, зборат 360 во една секунда. Невидена работа е колку се безобразни, среќа ги откачив полесно дишам од тогаш мислам! Да не ја спомнувам нивната мрежна достапност, у сред Скопје се чувствував дека живеам во некоја пустина... Квалитет се на се испод 0!
И плус ако имаш земено телефон со доплата, пр. од 2000 денари. ќе треба и тие + 2000 да ги платиш ако го раскинуваш догововот.ужас ....мене среќа ми истече па сега ќе се префрлам на оне
Имав добро мислење за Вип се додека сметката за Декемрви ми стигна речиси 3000 денари,а си зборев исто како минатите месеци дури и помалку.Сега едвај чекам да се префрлам.
Како да уклучам интернет на припејд број на вип ми треба за на одмор незнам како ако некој знае нека пише имам број на претплата ама не го носам тој број кога одам на одмор,барав на страната на вип нема некоја опција за вип припејд интернет за во странство ако знае некој нека пише tnx
Јас сум на вип и би кажала се најлошо за операторот. Пред некое време додека зборував на телефон се слушаа постојано некои гласови од страна. На пример зборував со другарка и наеднаш на сред муабет ќе се појавеше некој глас на 2 секунди ќе слушнев едвај еден збор ќе се исклучеше и ќе продолжеше мојот разговор. И тоа траеше со денови се додека пред 2-3 дена не ја исклучив картичката што ми беше на сметка и си земав бројче на кредит од трафика.
Купи си бројче на ВИП ако сакаш да се изнашеташ. Треба да изодиш километри и километри за да фатиш мрежа
Мене цела фамилија ми е на ВИП, па најмногу ми се исплати да сум на оваа мрежа. Ама не можам да кажам дека сум многу задоволна. Мрежата паѓа многу често за време на повик.
Знае некој да ми објасни каква е оваа цена за посебни понуди-еднократно? Инаку јас сум припејд корисник, им ја разгледував понудата на вип и сакав да си го земам телефонот во готово ама ја видов оваа цена и ме заинтересира?Знае некој кои услови треба да ги исполувам за да го земам телефонот по таа цена и за каква посебна понуда станува збор?