Катастрофа од услуга. На сметка бев, едвај дочекав да го сменам операторот. Ниту има мрежа, па не слушаш ништо, па ти исклучува нон стоп на сред разговор...а за сметката да не праиме муабет, секогаш надмината. Само незнам од што кога по договор имав 1000 бесплатни минути.
И јас сум на VIP веќе четири години, од кои две години на сметка. Ми се случило само два, три пати до сега да ми снема мрежа. А луѓево околу мене постојано се жалат. И моите сите дома се на VIP и на сметка. Не се пожалиле дека им паѓа мрежа. Што е проблемот не знам. Ајде во ова верувам дека мрежа нема, можеби на некој повеќе, на некој помалку му се случува. Ама кога ќе речете дека сметка ви дошла голема, а не сте збореле не верувам па и на раце да застанете. Никој не може да ви наддава ако вие не сте потрошиле. Не се лажете. Јас сум на сметка две години, моите се веќе пет, шест години, сите што ги познавам се скоро на сметка и никогаш, никој не се пожалил на вакво нешто. Не е битно дали е VIP, ONE или T-Mobile. Од корисници од сите оператори го имам слушнато ова. Сами си ја преминувате границата, па после друг ви е крив. Треба убаво да сте запознаени колку изнесува лимитот на вашата сметка. Колку навистина можете да зборите со вашата претплата. Што се наплаќа, а што не. Ако излегувате од Македонија, треба да си отидете кај операторот убаво да се информирате за поволностите во таа земја, на која мрежа е најдобро да се приклучите таму, што ќе ви се наплати, а што не, да изгасите интернет зашто и да не го пуштите може да ви троши дополнителни пари. Ова и во VIP го кажуваат. Значи треба убаво да сте си информирани ако сакате да не ви доаѓа сметка поголема од нормалното. Сега имате и апликација за андроид на VIP. Симнете си ја, имате детална сметка за вашиот број само со две кликнувања. Каде сте вртеле, на кој број, колку е зборено, на кој ден, во колку саат, во која секунда, дали е наплатено дополнително, која е моменталната сметка, дали имате засостанат долг, дури можете и да си ја платите сметката преку апликацијава. Толку начини постојат сега да се види тоа, апликации, чуда, во вип можете детална сметка да извадите... Кој ќе се осмели да ви додава плус пари на сметка кога тоа одма може да се дознае дури и од дома со една обична апликација.
Бидејќи само јас сум пишала за надминување на сметката, највероватно постов погоре за мене се однесува. Хахаха ко пензионер се осеќам што не разбира што договор потпишува. Фала богу, знам да читам и пишувам, прилично сум писмена да си разберам што треба да ми се наплати а што не, да знам кога сум надминала и кога не сум надминала.
@Eli23 да ти кажам најискрено не ни видов дека си пишала. Еве сега гледам. И не, не си единствена на темава, ако ја имаш убаво прочитано ќе видиш дека има и други кои се жалеле на истото. Ако вака ги читаш и договорите кои ги потпишуваш, јасно ми е зашто ти доаѓа поголема сметка, а не си зборела.
Па изгледа колку јас толку и ти си прочитала. Јас до душа прочитав наназад еден куп мислења. Скоро сите. И ги имав истите проблеми како и другите. А за договорите, не се секирај драга, магистар сум по право и имам солидно работно искуство зад мене, па знам што потпишувам. Сепак ти благодарам на загриженоста. Битно ти си си го прочитала договорот и си задоволна. Ако си задоволна од услугата, совет - не го менувај. Јас одамна го сменив операторот и сум далеку позадоволна.
А како го објаануваш фактот што еве мене ми прифатиле приговор за повеќе фактуриран износ на сметката?! Ако не приметиш ќе си платиш.. Кај мене беше ептен очигледмо па приметив..
Мене договорот ми беше на 555 денари, а последната година фактурата беше секогаш над 600 ден. За ситни пари ај си викам да не поднесувам приговор, да чекам на шалтер и да се расправам. Ама и кај колешките исто беше и кај дечко ми. Сите што ја имавме таа тарифа. Зарем сите се неписмени хаха
Последниве 2-3 недели мрежата на ВИП е катастрофа. Да не може човек да направи муабет на раат. Инаку, и јас имам слушнато дека луѓе се жалат дека сметките им се повисоки отколку што треба. Последната сметка на моја другарка и стигна околу 2 500 денари на ВИП, а цената месечно беше 666 денари. Разговараше во странство и наместо да плати 1 500 денари, и наплатиле плус 1 000 денари. Она се изнервира и се префрли на One.
Мене се ми океј, освен што кога се јавив вчера во контакт центарот секретарката зборуваше на албански ?! Не е како порано што имаше и на македонски и на албански...
Мислев да се откажувам од нив и да се префрлам на Оне. Но откако се споија во еден оператор, веќе и не се префрлувам, туку останувам со надежта дека ќе се подобрат во следниов период. Т-Мобајл никогаш не сум користел, а и нема да користам. Сеуште имам проблеми со Випот, на секое второ ѕвонење, првите два пати не ѕвони, туку веднаш исклучува и после од треба дури може да ѕвони. Незнам дали и кај другите е вака, ама ова мене страшно ме нервира.