Моментално сум на ВИП и сум постпејд корисник т.е. плаќам онолку колку што си трошам. Проблемот е што немам интернет односно можам да користам и да си го плаќам ама никогаш немам осет колку всушност трошам и страв ми е да не ми дојде висока сметка. Е сега гледав на страната на ВИП понуда за 1 гб интернет да си уплатиш 150 денари со праќање на порака. Прашањето ми е дали 1 гб интернет ќе ми биде доволно за зборување преку месинџер, вибер, проверување меил и фејсбук и сл.?
Малку е. Маж ми има 1GB интернет во телефонот (бројот му е на постпејд) и за 10 дена максимум го троши интернетот. После тоа пак има интернет, ама брзината му се намалува. Кога направи договор со ВИП, во понудата имаше 1GB интернет. Понекогаш знае и да си надополни интернет.
Само да ве известам дека вип имаат промени во интернетот,кога ке го надминете лимитот не се намалува брзината,него секој мегабајт го плаќате по 1денар. Ова е за постпејд корисници.
https://www.vip.mk/postpejd/tarifi/opcii Тука пишува 149 денари 1гб месечно. А и порака ми стигна штом вклучив интернет на мобилен нудејќи ја истата понуда.
Користам ВИП припејд број, татко ми го користеше 2-3 месеци после јас па веќе скоро 5-6 години. Имам бесплатен интернет постојано што значи и кога имам кредит и кога немам. Никогаш не ми текнало да прашам каква е таа тарифа, и дали некој ден а не дај Боже ќе ми стигне некој долг за искористениот интернет. Пред малку со брат ми го спомнавме тоа па чисто да прашам дали некоја од вас користи бесплатен интернет и е запознаена. поздрав
Toa е припејд број што го даваат гратис на вработени за да го подарат на некој, секоја година има различна промоција, годинава имавме со 200mb нет на секое надополнување на кредит, веројатно и тоа е било тогашна промоција. @jovana03 За какви бонуси мислиш? Бонуси од плата или занекоја услуга?
@1209 Мислев на бонуси на претплата. Братучедка ми спомна дека на "One" пред да се здружат со "Вип" за две години што користеле бројчиња на претплата, им давале бонуси, т.е попуст на телефони, до кај 2-3000 денари.
Има. Во зависност од претплатата, се пресметува и бонусот. Но, мислам дека се помали во споредба со тие што беа на One. Јас кога го продолжував договорот (декември) имав 3000мкд, а бев 699мкд претплата.
Toа не е бонус, тоа е субвенција и го добива секој, во зависност од која претплата си, ако не го искористиш да земеш телефон првично кога го правиш договорот, се собира за нареден пат.
Дaли смеaт дa прaќaaт нa емaил сметки чииштo емaил личнo не сум гo дaлa, a нит сме кoрисници нa ВипOв. ???
Ако не се на ваше име и презиме, тогаш пиши им дека сакаш да прекинат и дека вие не сте тие.. Ако се на ваше име тогаш одете во салон да се разберете Немаат правна основа за наплата на долг ако не се на ваше име...
Не сум кoрисник нa ВИП. А сметкaтa си имa брoј нa кoрисник еден дooлг, им вртев не смеaле дa кaжaт чив брoј е бев дa видaм штo е рaбoтaтa ми велaт јaвете се нa брoјoт и тaкa вo круг. Сметки нa емaил ми пристигнувaaт a чиви се не знaм a oнaкa пo 1000+ денaри се.
Како тоа ти стига сметка а не пишува име?! Пиши на аек и да видиш како ќе дознаат се... Ама ПРВО мораш приговор во салон... Откако ќе ти одговорат негативно - аек.. И така.. Мораш да се вртиш во круг во државичево
Кoгa вртaм велaт рaзгoвoрoт се снимa. И пoчнaa дa ме oстaвaт нa чекaње. Пет минути сум чекaлa имaше некaквa музикa и никoј ништo не збoреше и исклучив. Кoгa oтидaм вo сaлoнoт ми велaт врти нa брoјoт не дaвaaт ништo зa писменa фoрмa нит зaбележвaaт.