Доколку имам долг во Вип од неколку месеци поради тоа што не сум била тука, и бројот ми е исклучен, колку месеци треба да платам за пак да ми биде валиден бројот? Или колку месеци долг смеам да имам за да ми биде уклучен бројот?
Зависи во кој статус е. Имаш суспендиран и деактивиран. Доколку е суспендиран треба да ги платиш сие доспеани ф/ри за да биде вклучен. Доколку е деактивиран немаш опција да го вратиш со плаќање на сметки. Можеш да го добиеш бројот назад со реактивирање, но ова подлежи на одобрување (таму ти одредува дали може и под кои услови)
Дали може во Вип да си имаш еден број на претплата , па после некое време да си земеш и друго бројче (и телефон) на претплата ? И која е тарифата на xl ?
Може, последна сметка од струја бараат мислам (платена) ХЛ од старите тарифи е 1200 (ако продолжуваш договор) -неограничени минути кон сите мрежи -Неограничени СМС кон сите мрежи - 50 интернационални минути - 6ГБ интернет А сега има нови тарифи ХЛ нео е 2800 денари и не знам што следува со тарифава. Не знам кој ќе се нафати на оваа тарифа... Ја претераја малце.... А да не знае некој дали имаш поени/ бодови што може да се искористат при купување на нов телефон во ВИП со продолжување на договорот?
Ама мислев на иста сметка да ми се двете бројчиња ... Зошто би требало последна сметка од струја за второво бројче ? И новава xl тарифа е 2800 ????? Шокирана сум
Ти правиш друг договор ама може на една сметка да ти стигаат.Јас имав така. Ама можда нема да ти бараат сметка од струја, не сум сигурна. Иначе да, 2800 е вчера прашував дека ми завршува договорот, да сакам да ја сменам тарифата.
Moze na edno fizicko lice do 3 broja bez razlika dali ke gi zemes naednas ili koga sakas vtoriot i tretiot samo so licna karta
Здраво, дали некоја од вас има искуство со онлајн нарачка од ВИП и за колку време и пристигнала нарачката?
Дали ви се случило при регистрација на бројче да ви се блокира и заклучи бројчето/сим картичката? Купив сим картичка од еден маркет и при регистрацијата се појави проблем и ми пише да одам со картичката во најблискиот вип салон....
Некој ако знае, во вип кога даваш потврда од работа за плаќање на телефон на рати, преку НЛБ дали веднаш одобруваат и давааттелефон или се чека одобрување?
Дали знае некој кога им е роденденот и дали ке пуштат наскоро акции како што имаше за 650 8 или 10 гб интернет?