дали се сеќавате на времето кога А1 беше навистина многу добра телевизија? Имаа добри серии почнувајќи од шпанските со наталија ореиро, па млади бунтовници (јас барем бев во таа генерација што беа опседнати), па после и пријатели денес некако имаат не толку добри серии целна група им се повозрасните а за нас младите нема ништо и не ми јасно како можеа да ги направат турските серии со синхронизација па како децата да не гледаат доволно насилство? кај мене во маало мафијашки групи си организираат
Јас ќе си се потпишам само да ми тропнат. Нема да се потпишам за партија ќе си се потпишам за телевизијата со најдобра програма
Не се, ама и да дојдат, ќе им речам ако имаат петиција за потпишување за укинување на телевизијата, ќе потпишам
Дарки има се најлошо да им напише Инаку многу ги мразам зошто ништо не им почнува на време . Пишале во 8 , почнува во 10 за 9 Ич не се професионални , и тоа кога им го затворија тој , недела дена за тоа кажуваа на вестите . Не на муте , него ќе ја преместам да ми биде на број 100 да не стигнам до неа кога ќе менувам програми . И со тоа рекламите , повеќе траат рекламите него ли филмот . Толку имам да кажам , а ако ми дојдат на врата нема да им отворам ама кога ќе искочат од зграда со јајца ќе ги гаѓам . Нешто ново да има на вестите
Ма како не...нека дојдат само,ќе си направам муабет. Ма марш бре,каква демократија?! Прво,Никола нека си оди,второ,а1 нека не јадат вафли многу,ја упропастија телевизијата со кукумјачења,трето,стајте ме за газда на државата,нема да ви дадам демократија,ама ќе бидам поштена и ќе си ја возам старата кола и ќе ве оправам економски со тоа што нема да и дадам право на глас на секоја будала!
кај нас уште ги нема ама штом најавуваат дека ке доагат за потписи само едно не и толку завршен е муабетот не ме интересира ништо во врска со тоа што се случува.
ејјјј да стигнат до тоа ниво да собираат потписи од врата на врата како некои просјаци???? цццц што се нема кај нас а тој па велија искрено јас мислам си заслужи затвор па толку пари испра преку божемните величења на македонскиот јазика, крсте петков мисирков и сл. морон еден
Јас ја поддржувам секоја иницијатива што покажува ентузијазам на пат да се урне режимов што не гуши сите во земјава. Велија е криминалец, се сложувам, а1 заради склоп на околности се клацнати накај другата страна...Сепак, молкот на медиумот е првиот чекор кон замолчување на народот и според мене е неприфатливо. Сител ако сеуште се телевизија, па у последно време и канал 5 се приклонети накај анално лижење на задниците во партиските фотељи, тогаш барем нека има една телевизија што ќе брани опозициски ставови... Единственото нешто полошо од смрдлива опозиција е НИКАКВА опозиција... И ќе се потпишам со црн фломастер и тоа, во целост ќе им ја поддржам акцијата зошто ПРЕТЕРАА вмровчињава веќе ми лазат по живци. Никаде во свет не смееш да чепкаш медиум, камо ли па да го саботираш на ваков начин без никаква правна оправданост, да држиш 30 луѓе зад решетки кога сите правни експерти ти викаат дека немаш никаква потреба од таква законска мерка, па уште и да трпат сериозни здравствени проблеми, и бремени да пометнуваат заради шокот кој им бил приреден ноќта...Само пошто ти се може. Ајт пола партија на логопед, па на психијатар, па да си завршите правен или политички па после да ве превостпитаат дома и да ви уградат една совест во празноглавите чушки што ги носите место глави. Вртоглаво глупаво и опасно злоупотребување на моќта... Убаво викаше еден мој професор..Моќта корумпира, а апсолутната моќ..апсолутно корумпира. Епа не ќе да може така.
Секогаш гледам најчесто А1, а другите поретко бидејќи сметам дека имаат најдобри понуди со филмови, а поретко другите после ми се канал 5 па сител ....
eeej првпат слушам за ова, интересно... се надевам најден е Инаку да, и јас сум од а1 следбениците.. имаало немало нешто интересно тв си стои пуштен на А1... па најдобри се нема што, од кадар до програма, се...
Да не се она лисјана што со месеци како запаѓале и никако да паднат,јас не им се опулувам на А1 ...еб.го
Поминаа времињата кога А1 имаше најквалитетна ТВ понуда,кога одеа во етер Изгубени, Очајни домаќинки,ЦСИ, 24,натпреварите од премиер лигата,Милионер и слично, сега по цел ден турски серии,Ексклузив и играни филмови од времето на дедо Ное кои ги даваат во ударен термин и ги рекламираат како премиерни и секако маратонски реклами, а да не ги заборавиме и новите народни приказни кои се дефинитивно најидиотското нешто нешто што сум го гледала. Единствено што фаќам Саут Парк понекогаш навечер и тоа би било се.За жал и другите телевизии не се нешто подобри
Зарем има да се каже нешто за А1 што веќе не е кажано? Во глобала гледано, програмата ич не ми се допаѓа. Не за тоа што го даваат туку за НАЧИНОТ на кој ги пренесуваат работите. Ептен идиотски фацулиња имаат тоа водителите на емисиите, така лигави... Тоа што ги синхрнозираат филмовите ИЧ не ми се допаѓа. Не само на А1, туку и на било која програма. Со инвазијата на турски серии стварно не знам што им стана, ама факт е дека не се поднесува веќе. Мислам дека една Шехерезада беше и повеќе од доволна. На А1 само Идолот го гледам. И не ја посочувам ни како најлоша, ни како една од најлошите македонски телевизии затоа што телевизија ретко гледам, а и кога гледам времето си го трошам на далеку поквалитетни канали од овие нашите.