1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"А1" или "Сител"

Дискусија во 'Канта' започната од Vitorija, 6 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Што мислите која од овие две лути ривалски тв куќи е подобра, која има подобри серии, емисии, забавни програми, шоуа и сл. Која е поквалитетна, буквално што можеш да научиш од едната а што од другата. Која повеќе ја гледате и зошто (што не ви се допаѓа кај помалку гледаната)?
    Овде можеме да правиме споредби на се што емитуваат и секако да им коментираме за квалитетот.
    Пр.
    "Exsclusive" A1 vs "Backstage" Сител.
    Вести А1 и вести Сител.
    "Бумбар" (контактна емисија) Сител... е А1 нема контакт емисии ама политички дебати, "Индекс", "Ходници", "Еврозум" итн.
    Тука е "М2" на Сител па "Идол" на А1.
    "Раноден" на А1 и "Журнал" на Сител.
    А тука се и водителите, новинарите... Омилени или не.
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Што бара темава во Политика?
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Зашто двете телевизии вриштат од политика, може затоа тука ја ставила :D Ако е за во политика онда нека се преименува во Опозиција-Власт :D
    Шала на страна, админите нека ја префрлат во Телевизија, за таму е барем по воведот. :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
    На темава и треба клуч. Веќе има посебни теми за а1 и сител, а таму се прават и компарации. Темава е излишна.
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ко трите наречници сме :D :D , едната кажа, па другата се надоврза и трета ја одреди судбината :D :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Црвен коњ на зелена ливада или зелена ливада на црвен коњ о.О?
    Ма исти курац се и двете ТЕЛЕвизии.

    Омилени новинари?
    За што омилени новинари?
    За тоа што на телевизија кажале што се случува?
    За мене новинарите се софистицирани чашитки, поготово со она нивното "од сигурни извори дознаваме.."
    е,ај кажи ги де изворите или си заборавил која река тече под мостот на Вардар -.-'
     
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ни едното, ни другото ;)
    Сител ми се многу црвени, а А1 веќе ги преминаа сите граници. И двете станаа многу исполитизирани телевизии. Штета што во државава не постои асален, неисполитизиран медиум.
    Сител ми се хаос, почнувајќи од Тања бумбаркана, па продолжувајќи со Латас и неговиот фамозен ручек со Цеца |(
    А1 и она сивоно го прават премногу црно, изиграваат хуманитарци, ги отвараат очите секому.....ма дај те молам. Сите знаеме дека се’ има политичка позадина.

    И не би коментирала ништо повеќе................
    Нели, се’ ни е повеќе од јано ;)
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    На А1 гледам Лисјата и Мак. идол.
    М2 не гледам, некако не ми се интересни, не знам зошто, неколку пати имам начекано затоа што не знам точно кога емитуваат и одма сум го сменила каналот...Можеби затоа што самата М2 продукција ми нема оставено добар впечаток, неколку пати избраа свој, како да го наречам победник, а нивните кариери замреа, само Елена ја испобутнаа, каде се останатите, на пр. што се случи со таа женската група - 4плеј мислам беше, Ламбе пак го снема...само Елена се докажа или тие ја докажаа и подбутнаа..
    Што се однесува до пол. емисии, Бумбарот од самиот почеток го замразив, по провладина емисија не постои на Сител, темите им се провокаторски ама мора да се такви за да има јавувања и народов да се р`чка и да се кара по телевизии, а кога ги слушам тие што се јавуваат неможам да поверувам дека возрасни луѓе можат толку да бидат изманипулирани, и самите не се свесни колку се глупави и неаргументирани нивните мислења, на оваа емисија има само карања...Ако некој сака да се чуди на глупавоста на човекот и да му се крене притисокот (во случај да му е паднат) топло ја препорачувам...
    На А1 гледам ходници затоа што ме интересираа емисии за здраството посебно за нашево, затоа што неколку пати сум се нашла во ситуација да бидам испоизнервирана од неукоста на такозваните доктори, секоја :bow: кон ретките исклучоци. Имено на дежурство на детска клиника можеа да стават 22 год. доктор, кој не знаеше дали детево има жолтица и зошто му е отечено лицето, а откако не испоматкаа 5 саати по сите клиники-детска, инфективна, кожна, стоматологија не испратија дома со претпоставена дијагноза и без соодветна терапија. Не верувам слепо дека она што го презентира М.А-Точи е точно и дека мора да е вистинито, дека нивните извори се веродостојни, меѓутоа ја гледам емисијата чисто информативно.
    Бекстејџ не гледам затоа што цурките ми се некако многу напрчени, не се природни, напротив вештачки се, шмизли и иритираат со гласовите и лигавењата...мислам баш на она хелоооу...такви ми се лигави. :puke:
    Утринските емисии не ги гледам, а можеби баш тука може да се слушне нешто корисно и едукативно, ама јас едноставно немав време и можност да ги следам..Сето останато што се презентира не ТВ. се само серии, после шпанските и бразилските, сега следат индиски и турски, може еден ден кинески и јапонски ќе гледаме кој знае...ама тоа е мора народов нешто да гледа, инаку за што ќе прават муабет комшиките со свекрва ми :lol:
     
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    :$ Така е можеби згрешив што ја ставив во политика но ете како и да го свртиш муабетот изгледа не може а да не ги "етикетираш". А сличните теми на оваа се за притворот, неплаќањето данок, спонтаниот абортус, Велија Рамковски и Ѕинго-крининалеци или не, па патриоти или платени предавници...
    Јас тука мислев општо да го коментираме она што тие го емитуваат, колку е тоа поучно, квалитетно, интересно или зад се се крие и некаков политички заговор.
    Секако дека има што да се коментира и за "контроверзните" смопрогласени или не новинари/водители.
    (in my opinion). ;)
    :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.