Оваа е за мрсна кожа,така? јас имам нормална-комбинирана,ама после некое време иако ставам и камена понекогаш знае да ми светне...оваа бб да ја земам или таа обичната?
Не знам за вас, ама мене ми се сомнителни овие ББ креми што покриваат повеќе или исто како Ревлон пудра. Летово ги гуглав баш да видам карактеристики и разлики со обична пудра, оваа треба да е на природна база, без алкохол и нормално да не е ни толку тешка ни покривна како нормална пудра. Сега вас ве читам ми зборите трето сосема. Дали навистина користиме и имаме права ББ крема или пак психилошкиот ефект на органско и природно многу лесно ни го заматува умот, а ние пак да си ставаме ништо повеќе и поразлично од пудра, само со пофенси име? Ребрендирање е чудесна ствар барем јас така мислам у случајов со ББкремиве.
http://www.youbeauty.com/skin/columns/b ... ifferences Вистината за ББ, ЦЦ и ДД пудрите. Да да има и ЦЦ и ДД, ги нема кај нас али постојат. Убав текст прочитајте го пред да отидете во некоја парфимерија и да се олесните за некоја 500ка или повеќе.
bb cream е нешто најдобро, покрива перфектно и не изгледа како да има премногу слоја како пудрата, изгледа природно
ББ Крема не користам,имам купено еднаш од Гарние ама многу водлеста е и нема никаква покривност исто како да сум ставила обично кремче. Можеби од другите фирми има подобри но изгледа мене не ми се прај кеифот со бб крем. Hipster ЦЦ крема има кај нас,од максфактор.
Ете не сум знаелa, ама после текстот на сајтот немам ни намера да трошам време ни пари на ЦЦ креми, зашто не се ништо драстично поразлично од обична течна пудра.
Наместо кожата да ми се навикне на Гарниеров, таа се повеќе ме пече кога ја ставам. Па, колку алкохол има внатре ? Немам осетлива кожа, ама Гарниеров на ракија ми мириса.
Мешај ја со потемна пудра, не мора да е ББ крема, секако нема некоја драстична разлила меѓу пудра и ББ крема, за да ја добиеш посакуваната нијанса. Или подари ја на некој дома ако му одговара, да не ја фрлаш. Или ставај камена одозора, колку и да звучи смешно или лудо, подобро него да ја фрлиш у канта, според мене. Или ставај малку поизразито руменило на образите да ти го озвежи лицето и да не се приметува дека ти е толку светла, само избере добра боја на руменило, потемно-кафено на пример, ке го неутралицира изгледот на душче.
И јас ја имам од нивеа, претемна е, ама убаво вика Хипстер, можеш и да ја ставаш како руменило (т.е. подлога за руменило). Ќе се потроши кога тогаш.
Ахх бе, читајте ја темава пред да купите, ви кажав дека е лајтот е розева, а медиум дека е многу темна.
Не сакам многу пудри и било какви и да се BB, CC креми, ама оваа на Miss Sporty ме заинтересира. Најверојатно заради амбалажата Ја знаеш цената? Разгледував коментари и мислења и до сега поголемиот дел ја оценуваат како солидна. Ете една блогерка која разлика ја има пред и по ненасувањето. (гугл ќе е погрижи околу преводот ) http://www.misslipgloss.nl/miss-sporty- ... -bb-cream/ Единствениот проблем кај сите кои ги разгледав беше оној со нијансите. Има само две нијанси кои одговараат на посветол тен (сепак е правено за британскиот и северно - европскиот пазар). Доколку некој има потемен тен, нема да му одговара.
Сум користела повеќе ББ креми, ниту една нема ефект како што наводно треба да има, барем не кај мене. Последно нешто што купив од овие, ББ, ЦЦ, ДД глупоштини е ЦЦ кремот на Балеа. Генерално продуктите на Балеа ми се погодени, па затоа решив да го пробам ова. Две нијанси има, нормално, посветлата ја земав. Прво, тешка текстура, за разлика од оние на Гарниер. Мирисот стнадард, покривноста реалтивно слаба. Е сега, проблемот е што кога ќе се размачка, сјае и потоа лошо се суши, остава како корупки на рабовите, како да е премногу суво. И ова не е само на моето лице, баш дадов на две-три другарки да пробаат, се случува истото. Едно добро искуство немам со овие чудесии од креми. Штознам, или јас не ги бирам или стварно се глупост на векот. Али сигурно, веќе не купувам!
Ја имам дома Miss Sporty и супер е, многу покрива... Цената мислам дека е околу 150 или 200 денари и нема да зажалиш ако ја купиш. За нијансите да, има само 2 нијанси, но оваа ми се погоди на мене.
После подолго користење на Ганиер кремава, приметив дека лицево горе-долу секогаш ми е нафрлено. Заборавив што е да имам чисто лице. И некако ми е како остарено, безживотно... Се се мислам дали е до тоа што содржи многу алкохол па ми го испива ? И колешка ми на работа ја има истата, и неа лицето и е како испиено, збрчкано...
Јас сум презадоволна од ББ кремот на Алверде, цена солидна (179ден.), покрива доволно. Барем мојата кожа не е проблематична фала Богу, па ми служи само за изедначување на тенот. Не ми остава суви лушпи како другите креми, и не морам да ставам хидратантен крем како подлога. Лошото е што е само една нијанса, барем кај нас само една има, ама веројатно може да се прилагоди. Јас имам прилично светол тен, кога ја отворив мислев дека ќе ми биде премногу темна, ама супер ми одговара.