Гледам повеќето се жалите на ББ кремата на Гарниер.Сакам да го кажам моето искуство после повеќе од 2 месеци користење. На почеток ми беше супер ( инаку немам воопшто проблематично лице) после 1-2 недели забележав дека наеднаш ми се појавиле 3-4 поголеми гнојни мозолчиња кои претходно никогаш не ми се појавиле, веднаш се посомневав дека е од кремава и прекинав да ја користам.Нормално мозолчињата не се множеа, па почнав повторно да ја користам, а од мозолчињата ни трага и еве до ден денес не ми се појавени повторно Значи, немојте веднаш да ја исфрлате од употреба, прекинете со користење 1 недела, па продолжете и видете како овој пат ќе реагира. Јас ја користев оваа за нормална/сува кожа.
^ Mислам дека негативните критики беа за онаа ББ-крема на Гарниер во долгата тенка туба, наменета за комбинирана и мрсна кожа. Оваа за сува има нешто поблага структура, најверојатно до тоа ќе да е. Како и да е, мене кремава не ми направи некои такви несакани последици, при крај ми е ама не би ја купила повторно. Повеќе преферирам пудра и од ББ-кремиве пробав што пробав и толку. Веќе не ми се трошат пари по нив, порадо би инвестирала во квалитетна пудра која би ми била по вкус, него ли по вакво исто с***е - различно паковање.
Мислам дека Doozy поназад се жалеше на оваа мојава. ББ кремава е околу 300 за истите пари е Римел пудрата која е далеку попокривна и подобра од оваа.Но за денски и за под пудра убава е
Мене Гарниер ББ кремата ми оксидираше, доби речиси портокалова боја. Рокот и е добар и уредно ја чувам секогаш затворена и на суво и ладно место. Не би ја купила повторно.
Пред да излезат ББ кремите, секогаш си ставав крема и многу малку пудра одозгора. И ете го истиот ефект. Барем си одбирав пудра која ми одговара, ем имам избор на нијанси. За вечерно, ставав повеќе пудра и плус шминка. Па, пак ќе си правам така... Повеќе Гарниер не купувам. Само таа Нивеата многу ми запнала за око, ама не ја фалат многу...
Јас пробав тестер од ББ кремата од Нивеа, светлата нијанса. Имам мрсна кожа која брзо светнува. Погрдо нешто немам ставено на лицето, како прво беше мн розева и покрај тоа што јас имам розеникав тен, ставив и камена пудра одозгора и пак светнав како лампион после еден час. Позитивно е само добриот мирис инаку за мрсна кожа во никој случај не е.
Па тие кои ја користеле Нивеата кажуваат: -помрсна е (значи не е за мрсна кожа) -посветлата нијанса мава на розевко и пак е темна, не е баш светла -потемната нијанса била претемна -за брзо светнуваш во лицето -има преубав мирис Ама, за суво лице, кое има потреба од потемна нијанса, мислам дека би одговарала...
Преубава е BB кремата на Deborah. Малку е поскапа но апсолутно вреди,нежна,ја негува кожата и има избор на нијанси.Не ја мрси кожата и не свети на лицето.Јако покривна скоро како пудра и најважно фиксира исто и ја држи шминката цел ден совршена. Мислам дека до сега ни еден производ од Deborah не ме разочарал.Ја препорачувам!
И јас сум многу незадоволна од ББ кремата на гарниер (тоа долгото тенко пакување за мрсна кожа). Има алкохол многу и ме пецка лицето кога ќе ја ставам, бојата и покривноста и се ок, ма да доста ми светнува лицето за кратко време. Ептен ретко ја користам кога треба некаде да одам на неколку саати па онака да не ставам пудра али многу многу ретко. Претходно ја користев оваа на Мејблин и бев многу задоволна, убаво покрива и се стопува со бојата на кожата прекрасно али не е за цел ден, за неколку саати само, нормално кој има помасна кожа.
Оваа не e бб крема ама за таква намена ја користам со години,од пред да напрает бум бб кремиве,и го сменија пакувањето сто пати ама кремата е таа.Се упива моментално му дава сјај и малце боја на лицето.Не можам да замислам со друга крема на лице да излеzам од дома(дове на пример таа ја користам) од сите мислам дека ептен ми се мрсит ми лепит и светит лицевo.
Ќе се сложам со Mjauu за кремава.Јас исто така ја пробав неколку пати и одлична е,не верував и на почетокот ми беше страв да ја пробам,но излезе дека се е во ред.Дава убав сјај на лицето,малку боја,да.Шминката со неа ми е преубава,мазно ми е лицето.
Јас ја користам ББ кремата на Гарниер обичната, убава е, солидна покривност, ја комбинирам со коректор по потреба. Нијансата ја утнав малце затоа што ја земав потемната, мислев добра ќе ми биде затоа што имам потемен тен, ама не е страшно, со соодветна камена се средува. Ама по 2 часа светнувам. Сакам да ја земам сега за комбинирана/мрсна кожа, ако може некој да ми каже со нијансите, светлата да не е премногу како дух да ме направи?
Феминки се мислам помеѓу гарниер бб кремата за мрсна кожа или онаа на мис спорти која би ми ја препорачале
Женски каде во скопјево има мис спорти, ме бендиса таа бб кремата нивна али се убив од барање, во дм во космо во шатци во рамстор, нигде нема Иначе има некоја да ја користи? Сакав да ја земам малце со неа да се шлакам, одкако престанав да ја користаам онаа гарниер и ставам пудра лицево ми е ужасно
Имаше козметика на Miss Sporty во Unique, но сега со ребрендирањето или реименувањето (немам разгледано после тоа за да знам што би било) не знам дали сеуште држат нивна козметика.
јас ја користам на Нивеа ББ кремата и совршена ми е меѓутоа ја практикувам во лето да ја користам наместо чиста пудра, бидејќи од потта мрзам коа ќе ппочне тоа пудрата да се растекува и брише, ни се упива ни ништо вака ББ кремот ми е совршена летна замена за пудра
Конечно пред неколку дена ја најдов на мис спорти бб кремата и стварно е преубава, солидно покрива ма да јас и коректор си ставам плус секако. Малку кога ќе ја ставите треба да ја оставите да се упие па после да ставите камена пудра, пошто е некако како леплива на почеток и паштета ќе се направи ако одма и ставите камена пудра или во прав. После некои 3-4 саати ми светна челото малце мене, што за бб крема ми е океј. Убава е сега за сега, каде каде ми е подобра од гарниерот.
Досега немам користено ББ крема и сакам да си земам па да ми препорачате некоја добра крема и цена, инаку имам комбинирана кожа мрсна ми е во Т зоната, а нормална на другите делови од лицето
Изгледа само јас сум незадоволна од ББ кремата на Буржоа. Првиот саат кога видов како легнува на лице си викам готово оваа нема да ја сменам никогаш какви пудри не ми требаат, после сите пофалби си велам барем 5 часа нема да светне. Се гледам за некој 2-3 часа во лице, лампион не ми беше рамен, имам нормална до комбинирана кожа. Ја држев до 5 часа на лице да ја тестирам и што да видам се насобрала во линии како да имам еден тон нанесено, уште зејтин да потече од мене. Со ниедна пудра ова не ми се случило. Џабе осумте стотки и таквата мала затка, јас сум крајно разочарана и увреџена . Единствено добра страна е што покрива добро ама мене не ми требаше за покривност. Него озбилно за парите ич не вреди, сега што ќе ја правам незнам а не е ефтина