Јас ја користам ББ кремата Eveline Не покрива баш мн, ама добра е за парите (ја земав од Cosmo, 206 ден.). Бидејќи скоро и да не користам пудра, не ми треба нешто мн покривна, ББ кремава ми се наоѓа онака за секој ден или како подлога за шминка.
Јас ја имам само за нормална кожа мислам и навистина сум презадоволна. Претпоставувам и таа за мрсна е добра. Веќе долго време ја користам, за секојдневна варијанта е одлична и не планирам да ја менувам :up:
Јас сум многу задоволна од бб на Гарниер посебно од оваа против брчки.Ја користам може повеќе од 2 години(не сум сигурна) и засега не ја менувам.Еднаш ја земав и онаа на Нивеа,убаво се ама многу ми свети лицето од неа,некако не ми изгледа природно како со Гарниер.
Го има ли кај нас овој бб крем на ревлон? И ако некој го има користено сакам да знам како е задоволен од него, дали е добар за мрсна кожа и колку е цената
Ја зедов кремата од Нивеа, па да напишам кратка рецензија по мое мислење: Беше 340 ден. - 50мл. Има разлика од таа со Гарниер. Убаво и уредно е спакована. (Кога купував од Гарниер имаше многу отворени, чепкани внатре) Поубаво мириса, (Гарниерот ми мирисаше на алкохол) и има погуст состав. Не е лесна како Гарниерот, малку погуста е, и затоа не се размачкува многу, туку наеднаш некако се впива. Трајна е, лицето не е испиено по неколку саати и не светнува. Некои се жалеа дека светнувале, била мрсна, ама јас воопшто немам таков впечаток. Баш ми беше накако мат. Ја зедов нијансата медиум, и не е толку претемна како што ја правеа, ја споредив со таа на Гарниер медиум, скоро иста е, но различна е нијансата на кафеаво, таа од Гарниер оди на розевко, а Нивеа е класично кафеаво. Пријатна е на лице, лесно се чисти и потоа лицето е свежо. Задоволителна прекривност, сепак се разликува од класична пудра. Се на се, задоволна сум од квалитетот и количината за тие пари, но сум пробала далеку подобри бб креми.
Пак јас со ББ кремата на Нивеа, да ја пофалам уште малку. Сеуште се прашувам, кому му светнувала на лице ? Сиве дена се печам на сонце, и во затоплени простории сум била, не светнува ама ич. Напротив Гарниерот знаеше да ми светне. Потоа, погуста е, похидратантна, лицето ми е многу поздраво, не се нафрла ништо досега. Бојата е потемна, ама кога се размачкува на лице поинаку изгледа и бидејќи не е премногу пигментирана не изгледа многу темна. Мирисот е пренежен, на плавата Нивеа (онаа најобичната) мириса, убаво се впива и не се рони (како некој што кажа се ронела.) Презадоволна сум и многу ми е поубава отколку Гарниерот. ************************************************************** Гарниерот повторно се продава во сет со гратис сјај за усни во црвени нијанси за околу 270 ден. зависно од маркетот.
девојки размислувам да ја купам бб кремата од нивеа... за каква кожа е??? јас имам многу малку мрсна кожа ајде од тие што ја користат да споделат искуство дали би ми одговарала???
Универзална е. Не е назначена дека е посебно за мрсна или сува кожа. Мое мислење е дека е за нормална кожа, а ако имаш крајно мрсна (или крајно сува кожа) тогаш не би ти одговарала. Мене кожата ми е нормална накај сува и ми одговара. Истовремено ја купи другарка која има сува кожа со многу мрсна Т зона (таа е баш комплицирана со тоа), па и нејзе и одговара. Јас претходниве денови ја имав нанесено, а под неа имав хидратантен крем и пак не ми светна ! Иако бев на сонце на кафе , и сите се печеа, се вцрвенија, светнаа, за чудо Нивеата не светна ама ич. И поголема предност е што има фактор за заштита 10.
Можеби не е за темава, ама секогаш кога ќе го прочитам насловот ББ крема, ми текнува на една пријателка (познаничка, не толку блиска), ја прашале дали знае каква крема е тоа а таа (бе бе крема) им рекла па крема за бебиња. И ден денес се смеам кога ќе ми текне. А всушност, таа не смее да погреши за нешто такво, дел од работата и е.
Јас ја купив од Гарниер пред година ипол некаде и уште ми стои не потрошена. Не сум задоволна воопшто. Лицето ми се мрси, свети... чувствувам како ми се гушат порите кога ќе ја ставам (имам нормална кожа, повремено малку мрсна кај Т зоната). Читав погоре за таа на Нивеа, ќе ја пробам, можеби и мене ќе ми одговара. (Силвер, те бива за рекламирање).
Хаха, некој ќе помисли процент земам. Фрката е што за Нивеата нема коментари, зошто сите искупија само Гарниер, а оние кои напишале коментари, напишале многу контра од она што јас (и неколку другарки) сме го виделе. Па затоа дадов и свое мислење, но не сакам никого да наседнам да ја купи, па да не му се погоди. Само кажувам дека мене лично ми е поубава од Гарниерот. Кај Гарниерот она што најмногу ми пречи е што ужасно мириса на алкохол, буквално ми печеше на лице, а немам чувствителна кожа. Не е толку лоша, колку што претерале со алкохолот внатре, а последици од тоа секако има, можеби нема да бидат видливи сега, ама понатаму сигурно. Иначе една другарка цела година секој ден ја користи и лицето многу и е направено суво со преситни брчки.
^ ББ на Гарниер ја рекламираа многу, па затоа повеќе ја купуваат. Имаше и во Авон ББ крема, ама не се решив да ја земам иако нарачував од кај нив многу работи кои ми се погодија. Ќе ја побарам таа на Нивеа, па ќе пишам дали ми одговара или не.
Ја земав на Гарниер,нијансата light. Прво-нијансата е како створена за мене,воопшто не ми се разликува од вратот.Преубаво мириса,не покрива нешто многу,но со коректор ќе протера дневна шема.Лесна е ептен на лицето и немаш чувство на паштета. Ќе видам за трајност како е само.
Ја земав денес и јас ББ Кремата на Нивеа светла, 260ден. 50мл. од ДМ и како за прво користење ми се виде дека е добра, а за понатаму ќе видиме ми се допаѓа тоа што има и 10 заштитен фактор како и провитамин Б5, минерали и е 5 во 1 исто убаво се впива и го има оној прекрасен мирис на нивеа кремот
ББ кремата на Гарние ја користам скоро 2 месеци, но во последно време приметувам дека лицето ми се нафрла. Сега не знам дали е до кремата, ќе пробам да не ја користам едно време, па да видам дали има подобрување. До сега не сум се нафрлала вака, не се акни, туку како безбојни точки...