Не пишува за каква е или барем јас не сретнав негде напишано ама според моја проценка сметам дека е соодветна за нормална и комбинирана или мрсна кожа, за суво лице мислам дека не би била добра, но сепак ова е мое мислење
Ставив 2 дена од ББ кремата на Нивеа и не сум задоволна, темна ми е и тоа светлата нијанса среќа не ја земав средната не ми се размачкува убаво и единственото добро ми е мирисот Доколку има некој светол тен кремава никако !
Јас пред неколку недели ја купив оваа од L'oreal и воопшто не сум задоволна. На неколку наврати кога ја нанесував, имав чувство на пецкање на лицето, последниот пат ми се појави црвена флека после нанесување на кремава.
Оваа крема е за над 40 години, мајка ми ги користи. Има лифтинг ефект и такви чуда, не ја ставај повеќе и поклони ја на некого зошто дефинитивно не за тебе како што видов имаш 23 години. Уште по трагично ќе биде ако си барала да ти препорачаат и во продавница ти ја дале оваа
Оваа ревиталифт некако сумлива ми станува Секаде е на намаление и тоа отприлика од 800 на 400 денари горе/долу И стои тоа намаление повеќе од месец дена Дали не им се троши или нешто не е во ред не знам .... Но чудно ми е многу ....
СС крем пудрите ја негуваат кожата и ја контролираат бојата на тенот. Самото име кажува colour correcting cream, ili colour control - ова накратко што знам А исто и зависи од брендот кој ќе го избереш неко нудат покривност на црвенило, некои на флеки, пишува на секој различно Овие ми се некако ББ и СС мижи лебу да ти баам Крем одоздола, прајмер и пудра и ББ и СС си имаш според мене Јас немам купено ни ББ ни СС од прична што не сум баш љубител на нив, а имам дома и тестери пробано од неколку ралични фирми па никој не ме привлекол да купам
Кога изборот паѓа помеѓу овие 2 , Гарниер, поради поголем избор на нијанси. Макар што јас не би ни една од овие 2
ББ кремата на есенс.Ја има во три нијанси universal, natural i medium.Медиумот е доста темна, па ако имаш потемен тен супер ќе ти биде, а универзалот се прилагодува на секаков тен.Убаво хидрира и е со спф 30, но сепак не е многу покривна.Ја земав 295 денари од локална парфимерија, но сигурна сум дека во Скопје е поевтина.Јас сум задоволна од квалитетот за таа цена.
Кремата ББ на есенс ја добив како подарок за 8-ми Март, не бев толку сигурна дека ке ми одговара кога ја видов ( 2-ка е ) ама откако ставив ми се допадна, не е лоша, инаку јас секојдневно не се шминкам, а оваа додуша може да се користи и како подлога, нема некоја висока покриеност . Ама за оние кои секојдневно се шминкат и немат некој страшен проблем со кожата би била добра поздрав .
Jас ја користев ББ кремата на Гарниер и бев презадоволна...но по лошите критики тука што ги прочитав дека правела поткожни мозолчиња престанав да ја користам и се префрлив на Римел Ластинг Финиш... Вчера онака ми текна да ставам од Гарниерот и дефинитивно ми одговара предобро на лицето. Јас немав никакви проблеми со било какви иритации или мозолчиња, баш сега по катастрофа ми е лицето од порано. Jа препорачувам таа за мрсна кожа, ја имам пробано и онаа за нормална и сува кожа, таа мене ич не ми одговара, ама оваа другава ми е топ. Дефинитивно пак би ја купила и се враќам на неа
Дали некоја ја купила CC кремата на Bourjois ? Коректорот од линијата е од-ли-чен, а за кремата и немам некое посебно мислење бидејќи сум ја пробала само еднаш. Ми се виде супер како за секој ден, па и за навечер, посебно сега кога ќе наближат летните вечери и кога нема да можам да се поднесам со каллива пудра на себе. Ако некоја има коментар, би ја замолила да сподели.
Јас видов дека е за над 35 години кога веќе ја купив... и ја дадов на свекрва ми (60+), на неа и е ок. Сакам нова да купам, од Нивеа до сега не најдов, можеби повеќе среќа нареден пат.
Мишелке и јас сакам да ја купам баш за пролет,лето како полесна замена за пудра..и јас го имам коректорот и го обожавам (очигледно јас и ти се фаќаме за истите производи ) ама во мислење сум дали да почекам со купување да фатам малку боја па да купам потемна нијанса зошто ако ја купам најсветлата на лето никако нема да ми одговара а плус и имам еден куп светли пудри а потемни за на лето имам само една...па изгледа ќе одлучам да добијам малку боја следниве месеци па тогаш да ја купам..гледам ја фалат на youtube,само потенцираат дека има многу мала покривност,само за изедначување на тен и минимално покривање на други недостатоци