која ББ крема би била најдобра за комбинирана кожа, имам чисто лице и не сакам да користам пудра, па дали можете да ми препорачате некоја.
6 месеци ја користев ВВ кремата на Garnier Miracle Skin Perfector. Многу бев задоволна, но почнав да одам на дерматолог поради акните и мрсната кожа.. и тој ми кажа големо НЕ.
случајно ја начекав ББ кремата на римел на попуст, ја зедов таа за матирање, мене ми се допаѓа, не се мрси кожата брзо, покривност има доволно за ББ крем...
Имам нормална до сува кожа, дури многу сува околу носот и устата, а лицето ми е чисто, немам ниту брунки ниту црнки, само имам темни кругови околу очите, не подочњаци, туку кафени кругови. Дали ББ Крема би ми ги покрила и каква да користам. Пудра несакам да користам оти ми го уништува лицето, а за млада кожа е..
да бб кремата кје ти помогни многу ставаја околу очите користи посветла од твоите темни кругови како лицето
Ако на другите делови од лицето немаш потреба од прекривање , јас би ти препорачала да си земепшдобра хидратантна крема наместо ББ зошто ББ кремиве не се многу хидратанти. За темните кругови земајси коректор посветол оедна нијанса од твојата кожа, мислам и сама ке си видиш кога ке пробаш дека посветлиот подобро ги прекрива темните кругови. Подобра комбинација од хидратантна крема и малку коректор не знам, ем кожата хидрирана е, диши зошто не е преоптеретенс со пудри . Јас си правам вака понекогаш и ми се допага како ми изгледа лицето.
ББ крема на каротен со 25ка заштитен фактор (мислам во некоја тема дека пишав 50ка, ама сум ја помешала со обичната крема за лице од истава фирма со 50ка фактор). Мене ова ми ББ крема ми се покажа одлично, два три дена ја користам за по сонцево е одлична, факторот е солиден. Минимална покривност односно само изедначување на тенот, не е тешка, исто како лесна хидратантна крема да сте нанеле, сепак лицето не го прави да изгледа мрсно и смеам дека ќе одговара на сите типови на кожа, мене ми е сува ама периодов на топлово повеќе ми се мрси и ми го гушат лицето пудри така да оваа ББ крема ми дојде одлично. Ја земав 250 денари од Космо, само една нијанса имаше не пишува на неа ништо ама одговара на среден тен мислам дека и на посветол и потемен би се прилагодила бидејќи има многу лесна структура.
Дечки користел некој на Дебора ББ крема ? Гледам неколку од вас пишале дека биле задоволни , некои пак не биле па ме интересираше уште некој ако има да сподели искуство ? Конкретно тие што не биле задоволни поради што не биле , една другарка се мисли ја ја земе значи нема мрсна кожа така да нема да е проблем светнувањето како кај мрсната кожа,некоја друга маана има ?
Мимс а водоотпорна е? Мислам за на одмор како замена за крема за лице само со заштитен фактор би била океј, или сепак крема? Пошто ако не е водоотпорна на плажа да ја ставам едно влагање во вода и шарена ќе бидам Едите сега баш прочитав негде на нет дека е водоотпорна Сигурно беше 250 денари кај нас? На некој грчки форум читав пишуваше цена 10,50 евра
Не е водоотпорна, многу лесно се вади од лице само со вода, дури и средство за миење не ми е потребно за да ја извадам, ама па и не верувам дека би се правела шарена само ќе ти се брише. Точно 256 денари ја земав, само незнам дали им е таа редовна цена или била на попуст. Да не се работи за друга бб крема ти што си гледала?
Земав ББ крема од esence ама ми светнува лицето ко лампион,посебно челото и по 2 часа на работа како ништо да немам на лицето,само некоја мрсна крема,стварно не ми одговара и многу ми го мрси лицето,џабе 300 денари
Според мене ББ кремите не се баш за на топло време, освен ако некоја има навистина сува кожа, туку некоја полесна пудра со матирачки ефект.
Денес ја купив оваа ББ крема со 30 ув заштита од Гарниер кремата е прекрасна,лесна,за мрсно лице, има и со заштита од 50 ув , на лице стои околу 5 часа и е водоотпорна од вода. Одлучив преку ден веќе да не ставам пудра зашто и ми се потроши на Есте па здравје крај на август ќе си купам нова пудра дотогаш кремава 50 мл е и чини 10 евра ви ја препорачувам
Во Грција е 10ипол евра точно, а кај нас ја имаш во Рамстор за 269 ден. Јас се мислам дали да ја купам. Страв ми е да не ми е многу темна нијансава. Иначе 50ка фактор мислам дека е ту мач. Јас лани го користев она на Еуцерин и само во фаца останав бела