ББ кремите (Beaty или Blemish Balm) подобро покриваат од тонизираните кремови,го израмнуваат тенот,создаваат блескав ефект,претставуваат добра подлога за нанесување на шминка и доколку содржат состојки против стареење ја намалуваат видливоста на брчките.За разлика од овие креми, ЦЦ кремите ( Color Correcting) се полесни во однос на текстурата и се насочени кон корегирање на тенот,односно покриваат црвенило,сивило,темни дамки и акни. Заедничко за овие креми: содржат СПФ,ја хидрираат и ја измазнуваат површината на кожата.
Јас пред недела дена ја земав оваа на Garnier, ама не е ко што мислев. Првпат купувам, па веројатно очекував нешто што го оправдува терминот крема, а оваа ми е ко оние бугарскине, воденикави пудри. Си ја врши намената, ама продавачката не знаеше баш да се снајде со препорачките, а јас пошто имам масло Т зона, а суви образи, некогаш кај образите се познаваат ко лушпи (иако претходно сум правела и пилинг и сум ставила и друга, хидратантна крема) исто ко кај пудри некои. И цврц, није лоше, али може и боље. Да ја дотрошам оваа, па ќе ја пробам таа на Eveline, па после и Nivea, да видам која ќе се покаже најсолидна за глупава ми кожетина.
Јас почнав со таа пудра и искрено мене не ми се допаѓаше бидејки мајка ми ми ја купи и бојата ми беше промашена и кога ставав од неа буквално бев како мачкана со паштета во лицето. На почеток ја мислев дека тоа не се приметува толку многу но еднаш кога отидов со таа пудра на школо сите ми викаа као цело лице ми било портокалово и сите мислеа од јадење е и од тогаш никогаш повеќе не ставив од таа пудра. Иначе ја користам пудра на Deborah
Ако имаш убав тен,односно чисто лице и не ти е потребно дополнително корегирање на некои делови,за секојдневна употреба можеш да ги користиш ББ кремите.
Давам 5 ѕвездички за GARNIER - Miracle Skin Perfector зошто од декоративна козметика ова е единствениот вид на ББ крема за која немам потреба да ставам пудра како втор слој. Ја одбрав Medium нијансата иако имам светол тен за да избегнам ефект на бледило што ми е проблем со останатите пудри. Покривноста е солидна, кремата се вклопува со кожата на лицето и одлично ја матира. Тотален погодок за летно време!
имам сува кожа на лицето само малце кај слепочниците ми е мрсна и сакам да ја купам кремата на есенс, дали некој ја користел што има сува кожа, да ми каже дали ја мрси кожата и дали од нејзе се појавуваат акни и мозолчиња ??
Девојки може да ми препорачате некоја ББ крема, имам нормално кожа, се мислам помеѓу Есенс и Гарниер ама читам за Гарниер многу негативни критики нешто дека правела поткожни мозолчиња и содржела алкохол па затоа незнам.. Имам чисто лице, не ми треба многу голема покривност да има, за изедначување на тенот ми е повеќе оти сакам да одморам малце од пудра
Женски кај го пишува составот на ЦЦ кремата на Буржоа, бев да ја купам ама јас не можев да најдам , дали дека во брзање бев, ми треба без парабен, ај ако ја има некоја дома да ја замолам да провери или пак не го пишува
а која е цената на CC кремата на Carroten и слика ако може, не сум ја видела ама ко што читам ми звучи примамливо
Ја тестирав СС кремата на Буржоа на еден ден и морам да кажам дека е многу слична како и течните пудри на Буржоа хелти микс, само помрсно ми делува и го светнува челото и носот. Искрено после толку изгледани јутјуб ревју и прочитани пофалби за цц кремот, јас сум разочарана, не е тоа што очекував. Скоро идентична е со пудрата, разликата е само во текстурата и полесно се нанесува. Имав план да ја купам, доколку тестирањето се покаже добро, но после ова дефинитивно не. Па сега се мислам за СС од Carroten, ако некоја од вас веќе ја има пробано нека сподели искуство или препорачајте ми некоја друга што дава мат ефект и да не свети, инаку имам темен тен, секоја препорака е добредојдена
Кремата е многу убава, јас иако имам мрсна кожа многу ми се погоди и убаво ми делуваше на лицето без дополнителен мрсен сјај, но нијансите се за никаде. Ја имав light, ама од тоа light ниту "l". Иако си пишува дека се прилагодува на тенот, мене воопшто не ми беше погодена, доста ми е темна и мислам дека и малку ми оксидираше. Ми се најде кога се исончав малце, барем не ми остана така за да ја фрлам после, но ако ти се погоди нијансата вреди да ја купиш.