Јас ја имам веќе подолго време. Одлична ми е иако на Мишела и одговара на мрсна кожа мене и на сувава ми одговара предобро. Убаво изедначува тен и прикрива би рекла, некои ситни мозолки и подочњаци колку толку покрива. Природно изгледа на лице. Нијансите маваат на портокалово малце погодтово ако земеш и потемна од што треба, чудно е што на мојов тен се прилагодуваат одлично и лајт и медиум ми одговараат и како да нема разлика меѓу нив кога ќе ги размачкам убаво. Инаку имам среден тен, обично нијанса беж си користам од пудри. Изгледа ова е некаков доказ дека се прилагодуваат спрема тенот, штознам...
Јас имам среден тен, бледо жолто незнам како би опишала, сите пудри, креми ми се некоја медиум нијанса. Која и е цената на оваа? Јас користев Garnier ама почнаа да ми излегуваат мозолчиња прво мислев дека ми е од што требаше да добијам ама продолжија па претпоставував дека е од кремата и престанав да ја користам па сега барам нова. А оваа на Maybelline ја има кај нас?
Се извинувам за постовите еден под друг. Ја земав лореалов од Еликсир 770денари ама не е како оваа на сликата. Вашите се вакви или? Ме интересира во што е разликата, дали воопшто има разлика? Јас дури кога си дојдов дома приметив.. Еве ваква е
Мојата е како претходната, земена ми е пред повеќе од една година. Мислам дека ова е новото подобрено издание на истата ББ-крема. Барем по некоја логика. A цената е таа и мојата ја купив тука некаде околу 800 денари.
Се разочарав од бб кремата на балеа, за ништо не ја бива. Мислев ќе покрие колку-толку, па останатото со коректор, ама изгледа ќе си ја користам чисто онака како крема под пудрата.
Јас како падната од марс Не се шминкам многу, пудра само зимно време користам. Ај нека ми објасни некој за што се користи оваа ББ крема? Дали има иста намена како пудрата? Истовремено се става и пудра и ББ крема или
Јас имам иста како на сликава, мислам дека нема разлика во составот само во амбалажата, претходната е постара.
Јас ја користам ББ кремата од solutions (од Авон) за нормална кожа и презадоволна сум, ставам секој ден кога ќе ставам лицето ми го измазнува и има добра покривност. Цената е 320
Пудра за лице Девојки, препорачајте ми добра ББ крема за мрсна Т-зона, по можност да не биде скапа..(докај 400 денари)
Пудра за лице Извинете, може ли јас да ви поставам едно прашање а да не ми се смеете? Постојано слушам за таа ББ крема, сега и ЦЦ крема, за што кратеници ви се тоа? Нешто како пудра ли е, што ли е?
Пудра за лице - BB cream = blemish balm/blemish base/beblesh balm/beauty balm ББ кремата е еден вид на полесна пудра, нема голема покривност и нуди хидратација за разлика од повеќето покривни пудри. Многу често се користи како подлога за пудра, но и не мора. - CC cream = color correction/color control И ЦЦ кремата е полесна пудра, нејзината основна функција е да ја изедначува кожата на лицето - да го покрие црвенилото и сл. Воглавно многу се слични една на друга и нудат заштита од сонце (SPF)