баш вчера ја измеркав во Тинексот во Битола и е 285 денари BB кремата на Garnier и ни подарок ни црни камења,нема ни п од подарок се мислам дали да си ја земам,сега кога ќе се затопли таман ќе биди за лицево
И јас го меркав овој пакетов на Гарниер, таман за мене погодена за сува кожа, ама во Куманово се правеа чукнати, не знаеле за никаква акција. Во Скопје не можев да отидам деновиве и останав со празни раце. Инаку ќе ја земам во скоро време, само не знам која нијанса, тоа допрва ке се оправам. Дај Боже да ми се погоди оти мојава кожа не трпи многу пудри.
Мила моја senza.parole, не да те р'чкам да ја земеш, ама стварно е предобра. Јас си ја купив пред некое време додека беше на промотивна цена - 600 денари. Сега врска немам која цена е. Многу е убава, како пудра е; и покривна и лесна и све по списак. Највеќе ја купив заради тоа огледалцето - признавам. Кога ќе ја потрошам ќе си го носам низ ташна, па и онака м'кнам со мене триста тракатанци. Единствена замерка ми е тоа што некако мало ми се чини пакувањето, ама и малку е доволно за да се покрие цело лице, така да - ќе ми трае.
Деновиве ќе одам да ја купам ББ кремата на Гош видов дека повеќе нијанси имаше, па не би требало да имам проблем да си ја најдам нијансата
E, бравос значи. Aлал да ти е мор, Mишелке. Kоја нијанса ја зеде 21 Vanilla ? Tука во DM кај шо бев имаше само 21 и 23, тоа малку ме замисли само... а, се брзав да пробувам нијанси и си реков ај за друг ден ќе оставам.
Ванила, ванила зедов. Нијансата ко да се поклопува со нијанса 52 - ванилата од 123 Перфектот (па и со БиоДитокс истото бројче), ама ете не ми текнало да ги споредам, а си осеќам дека се исти. Инаку не е пресветла, таман си е - јас сум троа повеќе светличка природно и одлична ми е. Супер е стварно, ја ставам без подлогата на Јанг Дерм и со малку коректор - Гош или еден во стик никаков на Авон. Одлична е, за секој ден за до факултет и за денска прошетка натаму-наваму е одлична. Фиксирам со малку камена и ... најубава сум. Не, сериозно, многу убаво делува на лицето, ниту премногу прашкасто, ниту сјајно - мат, полумат е, совршена е дури и за вечерна шминка за некоја која има чисто лиценце.
Пред два дена пишав дека ќе ве известам за пудрата, пааа еве ме пак Првите впечатоци од пудрата на Гарниер се навистина задоволувачки. Најмногу ми се допадна тоа што по некое време не светнува, лесна е за кожата и покривна. Сега за сега сум задоволна, поздрав
Ја имам користено на Гарнер малку е мрсничка, но ок е, бар мн убаво мирисаше Е сега ме интересира дали некој ја има користено ББ кремата што е на Лореал?
Ја земав и јас ББ кремата на Гарниер. Нијансата ептен ми е погодена (како специјално за мојот тен да е правена ), не ми се допаѓа само покривноста. Досега ставив 3 пати и врз неа ставам камена пудра малку, па дава подобар ефект. Ми се допаѓа тоа што веднаш впива, а негативно ми е тоа што ако ставам само од кремата, без камена пудра, некако многу ми свети лицето. Се на се, мислам дека ќе се најде ептен за летниве денови кои ни претстојат.
Да да за летоска е супер, одкако фатив боја ептен ми се најде место пудра, бидејќи онака ми беше темна
Јас вчера си купив од Рамстор ББ крема од Гарниер light (322 денари) и поклон над 300 денари беше Лореал Perfect CLEAN foaming gel wash кој многу ми се допадна и стварно вреди по 160 денари ми дојдоја двете, а кремата сеуште не ја имам пробано дома сум цел ден немам прилика
Ја уште се мислам, ама Мишелка ме пишманува со ББ на Буржоа. Мислам дека 600 или 800 е, нормално Буржоа се скапички прилично. А онаа на Гарниер не ви е бре пре портокалова, и најсветлата мене ми е темна. Или па не сум видела убаво која боја беше, ама кога се шлапав у Космо како да темна ми се виде. И водеста многу водеста. Незнам ефтина е да, за разлика од другите, ама што знам, се мислам дал стварно е како пудра ама нели полесна, не затвора пори, дрн дрн јариња. Јас се мислам и за таа на Лореал, Дузи што ја збореше дека била ептен сон, ама незнам. Да ти се плукнам, коа имае мал или никаков избор се буниме, коа има голем избор пак се буние. Ај да ми се погоди еднаш, мајку му. Колку е на Гош ББкремата а колку е на Лореал? Полесна е од пудрата, како ја осеќате на лице ББ кремава? Предности, негативности од обична пудра? Мишел, дарлинг ?
Досега сум ја пробала ББ кремата на Гарние, и генерално сум задоволна, од количината - 40 мл и цената за истата - околу 300 ден. Искрено мене оваа ББ ми покрива многу подобро од некои пудри кои сум ги користела, и инстантно ми го освежува ликот. Ја имам онаа за комбинирана кожа во light/claire нијанса, а имам и една medium (темно бронзено тенеќе боја) за мрсна, па бујрум ако некој ја сака, ставив само еднаш, бидејќи ја купив по грешка. Значи солидна покривност, лесна, и со соодветна камена пудра издржува добри 4-5 часа без да светне во критичната Т-зона. Единствена мала маана за мене е тоа што кремот ми доби некој чуден мирис на киселко, ама откако ќе се нанесе и размачка, не мириса пак на ништо. Малку чудно, сепак добра инвестиција. Инаку, не ми дала повеќе од 300 ден. за тонирана крема. Кои црни 600-700 за ББ крем, си имам пудра за тие пари, во несвест да падне жена.
Хипстер на лореал е около 700 ден, а ББ кремот е полесен од обична пудра, повеке е како обоена крема со лесна покривност, ако имаш чисто лице мозеш слободно да пројдеш со кремот и со малку коректор или пудра во прав зависи кој како
Фала на одговор, али мене друго ми беше поентата. Дали е кремава тоа што треба да биде, како што читав треба да е без акохол, без парфеми, лесна, со блага покривност, да не затвара пори итн, итн. Е сега колку е така незнам, или само не лажат со некоја пудра разледена само со водичка колку да замати очи. Зашто си користам пудра која соврешно ми одоговара на лицето,да не си играм играчки сеа со ова. Затоа и пишав Мишелка да ми каже што има разлика пример од ББ кремата на Буржоа и 123пудрата? Има ли некоја предност или џабе да не фрлам пари, кога пудрата ми е погодена 100%. Јасно ми е дека треба да е лесна за преку ден, и веројатно не треба ни крем да се става под неа. Мене малку тоа ми е шубе, неможам без крем одоздола.
ББ пудрата на Буржоа е крем пудра а не тонирана крема. Значи под неа си треба нормално да се стави крема. Има средна накај лесна покривност, и највеќе одговара на нормална/комбинирана до масна кожа. Разликата со 123, освен во формата течна/крем, ББ има малку послаба покривност, има anti-age состојки, и има СПФ 20 (123 има СПФ 10)
Хипстерке, јас кремава ја купив од чиста љубопитност колку за проба и највеќе заради дизајнот со огледалцето. Одлична е за секојдневно шлакање - не го спорам фактот дека е прескапа. Ми се допаѓа затоа што дава природен ефект, не делува слоевито ни малку, лесна е ама никако без крема одоздола. И мене ми е шубе да ставам било што на лице без претходно добро нанесена обична крема. Само не знам колку е паметно на речиси 20 да користам козметики со антиејџ ефекти - наидов на многу податоци каде ББ-кремава се препорачува за позрела кожа. Имам ставено неколку пати, ама можеби ќе ја подарам на мајка ми, нејзе премногу и' се допадна. Пудрата е незаменлива, посебно онаа нашата и мој совет ти е да не си ја менуваш за ништо, доколку нели немаш потреба. Ова другово е баш крем-пудра со послаба покривност или послаба моќ за изедначување на тенот (во споредба со пудрата, инаку мене ми е баш покривна дури и без коректор кремава), како сакате. Палче и за двете, ама 123 Perfect дефинитивно е тоа тоа на кое се сомневам дека некогаш ќе му најдам замена.
Ја решив да ја пробам на Гарниер, сепак не е скапа, и можеби ќе ми ги задоволи денски потреби, многу луѓе се задоволни од неа па и ептен и на интернет ја испофалија, а и ако е стварно полесна од пудрите не шкоди малку лицево да си го одморам со нешто малку подобро и барем малку понештетно. Ќе ја пробам, па ќе ви дадам некоја рецензија и компарација помеѓу ББ кремава и пудриве.
Јас откако си ја купив Гарниерот, само таа ја користам, баталив пудра Сега има пудрата да ми трае цела година Шала на страна, супер е ББ кремчето на Гарниер. Јас го имам посветлото и нијансата ми е ок. Можеби малку бледо, ама со руменило или умерена доза на бронзер е совршено. Има голема покривност за ББ крема, би рекла дури поголема и од одредени пудри. Јас ставам прво обично кремче за лице, чекам да се упие, па ставам коректор (на Артдеко), па на крај ББ крем и терам така цел ден. Убаво ми изгледа лицето, а не се ни познава дека имам нешто ставено, не е како пудра да имам, туку баш онака изедначен тен. Ми се допаѓа и ќе продолжам да си го користам. Дури си испланирав и за летоска да си го купам потемното, за кога ќе бидам поцрнета И да, со ББ кремов најдолго издржува лицево мое без да светне, повеќе отколку со пудра. Цело работно време (8 часа) со сигурност, а за потоа, баш ми е гајле и да засветам, битно на работа сум убава