Ај и ја да си прашам за совет.Гледам дека се актуел и Вв кремите.Бев пробав некои на лоерал ама многу сјај даваат.Мислам дека треба да користам ВВ крема зошто моето лице не бара тешки класични пудри пошто ок. Ве молам препорачајте некој мат ВВкрема поквалитетна за бел тен и мат финиш,а да е од 500 до 900 денари?
Како ја нанесувате Менхетн ББ кремата што е антибактериска? Некако многу ми се „лупи“ кога ја мачкам со прсти, се прави како кога ќе застругате со прсти на кожата и се тргаат мртвите клетки? Објаснувањево е.. се надевам дека ме сфативте?
Изненадена сум од покривноста и текстурата од ББ кремата на орифлејм, светлата нијанса ми е совршена за лицето. Ја препорачувам
http://forum.femina.mk/threads/ББ-крема.16903/ Погледни тука, имам пишано повеќе пати за ББ кремава. Во секој случај ти ја препорачувам, ама повеќе ми е некако ко за сува-нормална кожа. На мрсна мислам дека брзо би светнувала. Има многу убави нијанси и солидно покрива.
Која нијанса ја одбра mims-89? Јас имам комбинирана кожа, а за нијансата се мислам, имам средна нијанса cream - така би ми одговарала.
Прв пат користам ББ крема, па и прв пат мат. Не сум сигурна дали сите креми треба да се вакви или на оваа нешто и фали. Ептен брзо ми светнува лицето, а баш спротивно треба! Ако ставам само пудра без подлога подолго ми трае отколку со кремава од Авон. Сега ја користам само за подочњаци дека таму нема што да ми светне...
Сега брзо разбрав за оваа крема па сакам да ве прашам некои работи. 1* Дали покривањето на недостатоците е моментално или трае на пример 3 часа 2*Е сега бидејќи станува збор за крем, дали е потребно негово миење на пример кога ќе се вратиме дома или се третира како крема која се впива и нема потреба од измивање. 3*Имам сува кожа. Светла сум на лице и имам црвенило. Која крема би ми ја препорачале и која нијанса Ве молам вие што сте поискусни да ми помогнете
L'oreal magic bb cream уште ја држи цената од 700-ки? Поевтин предлог до 400 ден за комбинирана кожа? Само да не е од Авон, Орифлејм, Гарниер и Нивеа.
Јас сум задоволна од ББ кремот на Балеа, конкретно овој, при крај ми е планирам друг да си земам деновиве, конкретно тој на Балеа што е 6 во 1 имаат и други бб креми, за постара и за помлада кожа ако не сум грешка. Од тој првиот што го ставив сум многу задоволна, убаво мириса, лесно се размачкува и дава убав изедначен тен, ама не трае којзнае колку долго, едно пет часа најмногу. Но доволно ми е. Кога го купив и пробав мислев дека нема да ми одговара нијансата, многу портокалова ми беше, ама како што се размачкува се прилагодува на бојата на тенот.