Пробај од Есенс. Тој е добар за комбинирана кожа накај мрсна. Не е добар само за сува кожа. Мислам дека е околу 300ден. Ете и од Балеа го фалат, пробај го него.
Моментално секојдневно ја користам бб кремата на Ингрид и сум многу задоволна, многу ретко користам течна пудра затоа што сум презадоволна, пробај ја не беше повеќе од 250 ден.
Здраво девојки Ме интересира дали ББ кремата од Garnier за мрсно лице и за нормално ја имаат истата боја/нијанса од Light и од Medium? Благодарам
И мене ми се лупи ама кога ќе ставам крема, па тогаш ББ ја имам истата, пробај без крема мене ми е добра без крема, кога ќе ја ставам
околу 309ден или 319ден зависи од кој маркет ја купуваш, а за нијансата ако си посветла земи ја а ако си потемна земи ја потемната
Тргнав по едно, купив друго. Случајно ја видов оваа ББ крема на Балеа. Па си викам за 157 денари и да не ја бива, не жалам. Ама да ви кажам ок е. Не е лоша. Јас немам што да покривам. Сакав некоја ваква крема за преку ден, за ваму - таму, колку тенот да ми го изедначи. Не ми се става пудра секој ден. Лесна е многу, не се осеќа на лице, веднаш се прилагодува на тенот, хидрира, покривноста не е многу голема ама мене ми е супер и има многу убав, јак, свеж мирис. Спојлер
Каков тип на кожа имаш @Daydream? И каква нијанса има твојот тен? Мене за бојата ми е, да не ме направи многу портокалова, па се мислам уште поради тоа дали да ја купам кремава. А ќе ми треба наскоро нова.
Комбинирана ми е кожата. И јас се мислев дали нијансата ќе ми одговара на тенот, зашто сум бела, а кремава изгледа доста темна, aма се прилагодува на тенот. Мене воопшто не ми двои. Штознам, мене ми е супер, на другарка ми пак не и' се погодила зашто сакала поголема покривност. Секој различно, нормално, ама за тие пари, и да не ти е ок, ништо страшно. ББ кремава е на Балеа, така што само во ДМ можеш да ја најдеш.
@Daydream, не ми треба екстра покривност, само изедначување на тенот, бидејќи фала му на Бога, немам проблеми со кожата. Само на места не толку изразено црвенило. Ќе ја купам, па за тие пари сигурно не очекувам којзнае што. Имам јас на Балеа ББ крем, ама од тој обичниот, добар ми е. Комбинирана ми е кожата и мене, што значи би можел да ми одговара. Ти благодарам на одговорот
Јас ја користам ББ кремата на Авон и искрено да ви кажам задоволна сум.Ми требаше мала покривност па да не се шлакам со пудри ја зедов неа.Беше околу 500 денари со која одеше гратис маскара Кремата е мат и содржи многу малце светки кои искрено не ни се познаваат.
Моментално ја користам ББ кремата на Евелајн,за нормална кожа,иако имам комбинирана.Онака задоволна сум за преку ден,бојата и мава малку на портокалово, но на лице се изедначува.Некогаш ми прави како флеки незнам зошто така.Не изгледам како зациментирана на лице,но сепак не би ја купила повторно.
Да иста нијанса се, само таа што е за мрсна кожа е потечна полесно се нанесува и размачкува на лицето и побавно се троши. Исто така е поевтина од обичната.
Само во ДМ маркетите се достапни производите на Балеа, цените им се околу 150 денари. ДМ маркет имаш во ГТЦ, Сити Мол, Капитол...
Девојки сакам да ми препорачате кој е најдобра бб крем. Имам комбинирано лице, по накај мрсно, сакам да не светнува, да не го мрси лицето значи мат, и да не се изнафрлам со брунчиња. А ми треба онака за секој ден, прикривање црвенило повеќе, и посвеж изглед
Devojki strumicanki koi ste ovde na forumot ve molam da mi odgovorite da vo strumica gi imam tie proizvodi na balea alverde i taka sto gi pisuvate tie dm marketi sto znaci toa ?