Ги нема. Тие производи можат да се најдат во градовите каде што има ДМ маркети, а во моментов тоа се Скопје, Тетово и Велес. Низ другите градови не се достапни.
@SwanMay od kade ja kupi ovaa bb krema ?? I kolku pari bese??? Dali bi se prilagodila na mnogu svetol ten
Ја земав од парфимеријата на влезот во Ramstore Mall (да не рекламираме тука ). Мислам дека беше околу 2.500 ако не се лажам ~ извини, навистина не помнам цени , но дефинитивно вреди за парите. (Можеби на друго место е со пониска цена... ) Fair to Medium е наменета за посветол тен и совршена е за во Лето, има доволно пигмент за да покрие некои несовршености, а воопшто не е тешка на кожата.
да напишам и јас нешто за моето искуство со бб кремиве. ја зедов кремата од авон со мат ефект. Читав нешто по интернетов немаше некој позитивни критики ама за 360 ден реков и да не прави ништо не се многу. резултатот беше wow, очекував нешто како обична крема но оваа има голема покривност скоро како пудра да си ставил а јас имам доста црвенило на лицето така што би ја препорачала
Ja има некој пробано кремава?Скоро 200 денари е , па супер би ми била за преку ден.Само се плашам да не ми е темна light нијансата.
Јас ја користам, презадоволна сум. Еве што имам пишано за неа во темата за омилени продукти на месецот.
Ја разлистав скоро цела тема за ББ креми, се одлучив да купам од Гарниер, но забележав дека има две врсти. Според вас која е подобра и која би ми ја препорачале ? Ете и слики
Неќна ја земав оваа бб крема на Алверде од ДМ. Со масло и невен, не матира, хидрататна е, мека текстура, малку има мирис на маслиново масло. Во глобала за 179 ден е добра и за оние што не сакаат да им се познава пудра на лицето. Пс. Колку и да ставаш нема да ти го зашлака лицето вештачко како пудрата. Инаку Алверде е природна козметика 100% и не е тестирана на животни. Добра е за девојки кои се алергични на силикон и слични супстанци во козметиката. Спојлер: Слика Спојлер: Повеќе за Алверде alverde е природна козметичка линија на производи за лице, тело и коса. Ја одбирам токму alverde природната козметика затоа што... …и во секојдневната нега сакам да бидам во хармонија со природата. …можам да бидам сигурна дека е направена од билни состојки. …природната формула ми помага да добијам убав и врамнотежен тен. …сите производи се без минерални масла, вештачки бои и конзерванси. …голем број од овие производи носат обележјеve Vegan, кое гарантира дека производите се без состојки од животинско потекло. Екстрактот од невен е погоден за сите типови на кожа. Поради тоа линија на природната козметика alverde која е базирана на невен е посебно атрактивна. Невенот постигнува долгорочно задржување на сите активни состојки на растението. Во процесот на производство тие прво се сушат, а потоа активната супстанца се подготвува за процесот на екстракција. На крајот се добива високо-квалитетен производ. Природните состојки и природна боја на минералните пигменти се оптимални за кожата. Токму затоа за клиентите кои се алергични на синтетички конзерванси, природните производи од козметика alverde се одлична алтернатива. Висококвалитетните минерали обезбедуваат нова нота, а иновативните рецепти наложуваат нов тренд на пазарот на природна козметика.
Не сум ги пробала, ќе ти кажам по тоа што го пишува на амбалажата. Првата гледаш дека ти е за проблематична кожа со мозолчиња, црнки и + ти пишува дека покрива црвенило, штом матира тогаш е за мрсна кожа, а и мрсната кожа секогаш е посклона кој мозолчиња. Значи ако имаш такви проблеми на кожата земи си ја првата. Ако кожата ти е нормална тогаш одлучи се за втората.
Девојки, ја има ли некој користено ББ кремата на Солушнс од Авон? Јас користам крем од оваа линија моментално и добар ми е, па и се мислам и на ББ кремата... Искуства?
Истото прашање го имам и јас.. Незнам дали медиумот е ептен потемен.Мојата кожа на лицето е бледа и имам подочњаци. Се мислам околу се-бб/цц медиум/лајт, мат или обично..
Феминки од кога почнавте да користите ББ крема?Имам 13 ипол и сега дека во пубертет, мозолчиња, неизедначен тен итн итн Сакам да прашам дали би било добро да почнам да користам ББ крема? Се мисалм за оваа, ама не занм дали да ја порачам
Малку касно пишувам, ама овој бб крем не е за тебе. Колку што се сеќавам, линијата anew на Авон е за зрела кожа, така што не би ти препорачала ова да го ставаш на твојата кожа. Барај креми од линии за млади, за тинејџери, види на Young derm мислам дека имаше баш соодветен крем за твоја возраст. Макар што на твое место јас ништо не би ставала (на твоја возраст за лице користев обичен бебешки крем, нешто покасно почнав со Нивеа софт).
Мислам дека ни Solutions не се за тебе. Како што реков, барај линии со назнака young, тие се за твојата кожа. Сепак рано ти е за мачкање со тешки креми.
Луѓенца, препорачајте ми ББ крема, за сува и осетлива кожа. Не сакам да користам пудра во летниов период, затоа се одлучувам за нешто полесно. Кожата ко што споменав ми е сува, прилично сум бела, и немам некое проблематично лице со акни, црнки и сл.
Јас ја користам CC кремата од Биотен потемната нијанса иако сум бела повеќе ми одговаа потемната светлата е пемногу светла и сум презадоволна за 200 денари
Пред неколку недели ја купив ББ кремата на гарниер Пјур Актив и да ви кажам дека е нешто предобро ! Подобро нешто не доживеала мојава кожа во последно време. Долго време се мислев дали да земам ББ крема од Гарнер бидејќи лани беа многу популарни, но сепак се одлучив за една друга и покатастрофално нешто немаше, па си реков дека нема да користам ББ креми повеќе. Пред некоја недела имаше акција на оваа крема и си реков ќе пробам, 200 и нешто денари плус или минус не менува многу. Значи препрезадоволна сум! Најтопло ви ја препорачувам на сите што имате мрсна кожа склона кон акни. Но сепак некој може нема да е задоволен. Како и да е, пробајте не е многу скапа, а за цената е предобра. Ќе послужи во летните денови. А особено со камената пудра на римел, предобро нешто!