Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ББ и ЦЦ креми

Дискусија во 'Лице' започната од Lilit, 13 март 2013.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Какви и се нијансите? Знам дека има две ама дали влечат на посветло или на потемно?
     
  2. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Многу се темни нијансите. Јас имам светол тен, но не многу светол повеќе е накај среден. Зедов Light па сепак е темна и е малку како на портокалово, но откако ќе се нанесе ја добива вистинската нијанса и се изедначува со тенот.

    Значи најдобро би било тие со среден и светол тен да ја земат посветлата нијанса, а оние со многу темен потемната.:)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    А за нас беливе би одговарала лајт? Да не е многу темна.. Ја земав посветлата на Балеа и сум како исончана..
     
  4. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Па мислам дека би одговарала бидејќи се изедначува со тенот, барем така делува на мојава кожа. Е сега доколку тоа не е случајот мислам дека може да се коригира со посветла камена или со коректор на одредени делови.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweet777

    Sweet777 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Dali ja imate koristeno BB kremata od Oriflame..i dali ste zadovolni?
     
  6. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    5.173
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам, добра е.
    Не е воопшто тешка на лицето, го изедначува тенот али сепак не е нешто WOW.
    За тие пари супер е.
     
  7. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Девојки ми стигна бб кремата од авон. Ич не ме покрива а и побледа ме прави. Пробав мостра од фармаси,ептен убаво ми стои, дефинитивно морам од таму да си нарачам.
    Уф, ќе си фрлам 600ки месецoв. :^)
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ќе пишам збор два за ББ кремата 8во1 на Евелин за комбинирана и мрсна кожа ( Еveline Mattyfing BB cream - combination and oily skin), која ја користам веќе некое време, ама не секојдневно, од некои причини што ќе ги наведам подолу во постов.

    1. Пакувањето е одлично, доаѓа во картонска кутија, како и секоја друга ББ крема, меѓутоа тоа што ми се допаѓа е како е зацврстена внатре, од страните, што не дозволува да мрда многу.
    Внатре има туба, од 40ml.
    Хигиенски, малку да стиснеш излегува доволно.

    2. ББ кремата е потечна, убаво се размачкува и се впива брзо, па би требало малку побрзо да ја размачкувате, иако не се цементира ако закасните неколку секунди, што е супер.
    Има прекрасен мирис, што мене лично воопшто не ми пречи, меѓутоа за некои би можел да е малку силен.
    На самата кутија пишува дека кремата:

    - Ги намалува порите.
    - Го изедначува тенот.
    - Прикрива црвенило и несовршености.
    - Хидрира.
    - Измазнува.
    - Ги намалува знаците на умор.
    - Има SPF 15.

    Би рекла дека повеќето од овие ги исполнува, меѓутоа не во целост, значи на скала од 1 до 10 би ги рангирала вака :

    - Ги намалува порите - 6
    - Го изедначува тенот - 5
    - Прикрива црвенило и несовршености - 7
    - Хидрира - 8
    - Измазнува - 8
    - Ги намалува знаците на умор - 7
    - Има SPF 15 - за ова не би можела да проценам

    Јас ја земав нијансата LIGHT, бидејќи сум прилично бела, како неухранета, и нијансата не ми е тотално погодена, малку ми мава на жолтеникаво, меѓутоа кога ќе се исончам мислам дека ќе биде супер.
    Кога прв пат ја отворив, нијансата ми се чинеше претемна, веднаш се разочарав и зажалив за парите што ги дадов. Меѓутоа, кога ја ставив на лице иако сеуште изгледаше малку темна, значи не многу (со соодветна камена би изгледало супер) кремата ми се вклопи со лицето и нијансата не беше таа што прв пат ја видов. Во продолжение ќе ставам слики, меѓутоа не знам колку успешно ги доловив.

    Кремата мене лично ми се допаѓа, матира околу 1-2 часа, меѓутоа тоа ми се случуваше и со ББ кремата на Гарниер, едноставно почнувам да светам и тоа е тоа. За издржливоста можам да кажам дека трае околу 5-6 часа, арно ама ако немате дечко да ве гњави постојано и да ве пипка по лице. :D
    Нешто што не ми се допадна, е дека на неколку пати лицето малку како нечисто ми го направи, не знам на што се должеше тоа, меѓутоа не беше секој пат така.

    Исто така, на уште една работа од која би можеле да се изненадите е тоа што кога ќе притиснете - прво излегува вода. На кутијата пишува дека е oil free, па можеби затоа. Јас ја промешував пред да ставам, и не ми претставуваше тоа проблем, иако првиот пат мислев дека е расипана - ама рокот беше сосема во ред.

    Најнегативната работа порад која кремава НЕ ја користам секој ден е тоа што има парабени, конкретно Methylparaben, Butylparaben, Ethylparaben. За останативе состојки навистина не знам што да кажам, ќе ставам и слика од нив и би била благодарна доколку некоја феминка ги дообјасни и нив.

    Во продолжение слики - а доколку има нешто што сум пропуштила, прашајте.

    11119335_699575893487883_41152031_n.jpg 11271184_699575870154552_636133687_n.jpg 11245383_699575886821217_963225835_n.jpg 11251573_699575810154558_872091664_n.jpg
    11225877_699575803487892_495463990_n.jpg 11304236_699575833487889_43009027_n.jpg 11297711_699575846821221_2098832907_n.jpg 11103526_699575793487893_1292519616_n.jpg

    Четвртата слика е сликана на собна светлина, и можете да забележите дека нијансата изгледа многу темно, навистина не знам зошто, а 6тата слика пак е до прозор сликана, и нијансата изгледа баш светло.
    Сликиве не знам колку ќе се од помош, затоа што и мене би ме збуниле, ама реалноста е дека нијансата не е ни толку темна, ни толку светла.
    Тоа Р е за размачкано, а на последната слика е размачкана сосема.

    Кремата чини 230 денари во Космо.
    Од мене генерална оцена и е 7, и се извинувам за малку чудните описи, сепак ми е прва поголема рецензија. :lol:
     
    На duffi, molikaMk, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.650
    Пол:
    Женски
    Минaтaтa неделa јa земaв CC кремaтa нa Clinique пa еве дa пишaм рецензијa. Ми се дoпaднa тoa штo е 100% мaт бaш ни oдгoвaрa тoa нa нaс сo мрсни лицa, стoи oкoлу 7 чaсa a пoтoa пoчнувa дa ми зaсветувa мaлку челoтo. Секoгaш нa крaј нaнесувaм кaменa пудрa. Не ми се дoпaднa тoa штo o light нијaнсaтa ми е мaaaaлку темнa нo сегa зa летo тaмaн ќе е пoгoтoвo aкo се исoнчaм. Незнaм дaли пoстoи пoсветлa нијaнсa..
    Инaку се изненaдив искренo сo тoa кoлку е густa кремaтa истo кo пудрa дa нaнесувaм нo не се чувствувa нa лицетo вooпштo. Нa сувa кoжa мислaм декa немa дa oдгoвaрa. Јa земaв сo пoпуст 22 еврa. Еве слики сo мoетo лице (btw имaм две гoлеми aкни нa левиoв oбрaз :/ ) пa дa видите кaкo ќе ги пoкрие. Нa мнoгу прoблемaтичнo лице мислaм декa ќе требa двaпaти дa се нaнесе пa дa пoкрие

    [​IMG]
    [​IMG]
    Oвде имaм сaмo цц кремa еден слoј
    [​IMG]
    Oвде имaм нaнесенo цц кремa,кaменa пудрa и руменилo
    [​IMG]
     
    На LivingGlam, Rose96, AGIrlNamedMarija и 5 други им се допаѓа ова.
  10. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    BB oд Нивеа? Имате некое мислење?
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Еднаш само ја имам пробано и мене воопшто не ми се допадна.
    Сметам дека не е за сува кожа (како мојата) бидејќи неможев убаво да ја размачкам иако пред тоа имав нанесен и крем за лице. Има многу густа структура и мене ми се насобра цела кај ушите и кај носот.
    Двете нијанси се доста темни.
    Нијансата light е темна дури и на лица со среден нормален тен и мава на розево. Многу неприродно изгледа на лице.
    Нијансата medium пак е ко за црнци, дури и после сончање ми беше темна.

    На мајка ми (која има масна кожа) супер и се погоди, она има малку потемен тен од мене и и одговара нијансата light.
    Секоја кожа е различна но сметам дека не вреди да ја купиш ако претходно не ја пробаш негде, но бидејќи немаат тестер е тешко изводливо тоа, освен ако ја начекаш по другарки.

    За таа цена подобро земи си Гарниер, Есенс или Евелин, барем имаат нормални нијанси како што сум прочитала на форумов.
     
    На jloves му/ѝ се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Истово мислење го имам и јас.
    Воопшто не ми се допадна, и не би ја препорачала никому, не се лажи да ја купуваш, само ќе ги дадеш за џабе тие пари..
     
  13. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    девојки јас сакам да ве прашам која е разликата помеѓу ББ и ЦЦ кремата? не сум доволно упатена, а сакам да си купам, па што е подобро :?:
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски

    ББ значи blemish balm и вообичаено се креми за изедначување на тенот со мала до средна покривност (зависи од кожата и тенот), содржат заштитен фактор и истовремено ја хидрираат кожата (која како). Колку да не си без шминка, изедначување на бојата на лицето насекаде (ако имаш црвенило, слабо видливи пеги,флеки и слично).
    ЦЦ значи colour control и тие креми се хидратантни покривни креми со заштитен фактор, со поголема покривност и изедначување на тенот од бб кремите. Покриваат пеги, флеки и црвенило, особено поквалитетните.
    Мене лично и едните и другите ми вршат иста работа, цц кремите донекаде попокривни, ама зависи од фирмата. Мене лично не ми треба којзнае каква покривност, само изедначување на тенот што го постигнувам и со бб крем, ама ефектот со цц крем повеќе ми се допаѓа. За летно време се подобар избор од класична пудра, ама се зависи од кожата.
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    фала ти многу за одговорот, а кои се подобри, и мене не ми треба којзнае што, имам малку акни, тука таму, и пеги на носот?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Јас користам бб и цц крем на Балеа. Ок ми се, ако имаш акни, земи нешто попокривно. Тука многу го фалеа цц кремот на Буржоа, ама е поскап малку. Има и на Биотен како поевтина варијанта, ама не знам дали го бива.
     
    На koritsaki и fifi16 им се допаѓа ова.
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Само внимавај при изборот на нијанса од Балеа, јас сум многу бела, со жолт тен, но ББ кремата има две нијанси, и посветлата ми беше темна, бев како исончана. Види рецензии на интернет како изгледа, бидејќи нема тестери да не купуваш за џабе.
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    @fifi16 тебе најмногу би ти одговарала ББ кремата на Менхетн Clear Face
    [​IMG]
    поради тоа што е наменета баш за проблематична тинејџерска кожа.
    Оваа ББ крема има средна покривност, баш ќе ти го изедначи тенот. Голема предност е што е антибактериска и ќе ти помогне во спречувањето да се создаваат нози акни, а исто така ќе ти помогне во исушување на постоечните.
    Јас би рекла дека е наменета за комбинирана и масна кожа затоа што има мат ефект, така да на топлово време на сите ни е потребен тој мат ефект, дури и посувата кожа во лето станува мрсничка.
    Еве што е тоа 9 во 1:
    - effectively fights spots
    - antibacterial action
    - covers impurities
    - reduces excess sebum
    - mattifies the complexion
    - moisturising
    - ensures a radiant finish
    - soothes the skin
    - protects with SPF 15

    Цената и е околу 400 денари, незнам точно.
     
    На lovemme и fifi16 им се допаѓа ова.
  19. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Bioten Skin Moisture CC крема
    [​IMG]
    Кремава ја купив онака како да ја пробам, без никакви очекувања, дури и со голема доза на скептицизам дека ќе биде уште еден од многуте производи кои ќе стојат извесно време во задниот дел на ормарчето за козметика и после ќе се најдат во канта. Досега не сум користела производи на Биотен.
    После недела дена користење можам да кажам дека кремава е одлична! Пошто немам проблеми со кожата на лицето отсега ќе ми биде замена за пудра преку ден. Нема којзнае каква покривност, онака колку да го изедначи тенот. Она што мене ми допаѓа е тоа што има убава текстура, не како она Гарниерот премногу течна и да не може да се размачка. Убаво се размачкува и брзо со впива во кожата. И да има убав, пријатен, дискретен мирис. Јас имам сува кожа, која на некои делови е толку сува што дури се лупи и можам да кажам дека кремава убаво ми ја хидрира кожата, без да се појават "корички" после некое време од нанесувањето. Jaс ја користам Light нијансата и скоро и да не ми двои. Во споредба со Light нијансата на Гарниер, Light нијансата на оваа CC крема мислам дека е малку потемна, ама онаа на Гарниер мене ми е пресветла.
    И уште една позитивна страна... цената и е некои си 180 ден.
     
    На A-j-a, rainbowec, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Во склоп со муабетов, мене не ми е јасна разликата меѓу обична пудра и цц крема. Некој да ми објасни? :?: