Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ББ и ЦЦ креми

Дискусија во 'Лице' започната од Lilit, 13 март 2013.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Женски, јас имам таа на Гарние, за комбинирана и мрсна кожа.
    И ја користам сега, ама под неа регуларно си ставам дневна крема, нивеа за осетлива и сува кожа (комбинација е баш :) ама така ми одговара.

    Иначе, имав ја и таа на Гарние за нормална кожа, ама на вакво време ми се топеше и ми го мрсеше лицето, а не се сеќавам дали ставав нешто под неа.

    Па да прашам, вие ставате ли крема под бб/цц крема?
    Знам дека нема потреба, ама некако ми е ептен шубе, ко пудра да ставам без подлога :/

    А и оваа, поставена претходно, сс биотен за каква кожа е наменета?
     
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    @Sky-butterfly јас ја користам ББ кремата на Солушнс - Авон и не ставам друга крема како подлога пред да ја нанесам. Мислам дека така е ок, бидејќи нели тоа се првично креми кои го изедначуваат тенот и имаат мал степен на покривност.

    Ако има некоја феминка друго искуство, нека сподели.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Јас и покрај тоа што станува збор за тонирана крема, задолжително одоздола нанесувам од мојата дневна крема како подлога.
    Мене кожата ми е таква, морам да имам нешто одоздола за да ми ја држи подлогата што ја нанесувам на лице, а и плус се чувствувам многу нечисто да намачкам BB или CC крема без претходно нанесена подлога на кожата.
    Не е погрешно ниту во двата случаи, кој како сака така може да прави. Јас едноставно не можам да замислам како би успеала да ја изблендам тонираната крема на оние места каде имам посува кожа, ако немам нанесено крема за хидратација.

    Летово не купив ниту BB, ниту СС крема. Ја опремив мајка ми со СС-то на Bourjois, а јас ќе си продолжам стандард со пудрите. Единствено ако не ми се присака да ја земам оваа СС од Биотен, ама се сомневам.
     
    На A-j-a, do-re-mi и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Јас ставам серум (аква серумот на балеа) под ББ/ЦЦ кремот. Така сум навикната, така терам. Кога ставам пудра, си ставам од кремот што регуларно го користам.
    @Elena69221 мислам дека разликата е во составот, ама ај, може некоја поупатена феминка ќе каже, јас основни работи знам кога е во прашање шминка.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    38.452
    Пол:
    Женски
    Мене ми е добар за преку ден мат ББ кремот од авон. Само не знам со кој памет ставиле светки во него, ајде во обичнот пак, ама во овој за матирање не морало. Ставам и малку камена над него, па не се заприметува многу. Да го потрошам и ќе барам нов матирачки за летово.
     
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    А да, серумот е добра опција!
    Не ми текна на тоа, а не можам да се опуштам без икаква подлога да нанесам бб крема. Мислам ќе ми се упропасти лицето веднаш. :)
    Ми текнува дека лани имав земано sun dance фактор 30, тонирана крема за лице за сончање и под таа дури ставав моја дневна крема :tmi:
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ББ и ЦЦ кремите се тонирани креми, самиот збор крема кажува дека се работи за нега на лице, а не за декоративна козметика како што е пудрата.
    ББ и ЦЦ кремите се креми за нега на лицето само што се обоени и покрај функцијата на нега имаат дополнителна функција во покривање на ситните недостатоци.
    Има разлика и во составот секако, ББ и ЦЦ кремите имаат состав сличен на обичните креми за лице со тоа што имаат нели и додатоци за да можат да имаат тон.
    Пудрата неможе да понуди нега на лицето, пудрата е дел од декоративната козметика и не служи за нега на лицето, т.е. иако има пудри кои нудат и нега не е тоа тоа како кога ќе ставиш ББ/ЦЦ крема.
    Значи рачунај дека ББ/ЦЦ крема = обична крема за нега на лице + што има боја и нуди покривност, а пудрата не е тоа, дел е од шминката.
     
    На A-j-a, Annath и Elena69221 им се допаѓа ова.
  8. gumicka

    gumicka Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    под бб и цц крема нема потреба да ставате друг крем затоа што тоа се кремови
    јас никогаш не ставам подлога ,инаку разлика помеѓу бб и цц е што цц е за црвенила на лицето(и дисколорации) а бб за покривност на мозолчиња ,изедначување на тенот,блескање на лицето,хидратација и повеќето бб креми имаа заштитен фактор со што ми се најпогодни за летото.
    јас лично ја користам оваа
    http://images.magi-mania.de/img/ESSENCE-BB-Cream-All-in-One-02-Natural.jpg
     
  9. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    дефинитивно ќе ја земам, особено сега кога видов дека има и солиден заштитен фактор. покривноста и средна бидејќи реално станува збор за тонирана крема, меѓутоа за дневна шминка е и повеќе од доволно :)
    Фала ти :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dmbalea

    dmbalea Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    predlozete nekoja bb krema so dobra pokrivnost. za sitni pegicki i crvenilo :sweat:
     
  11. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    зависи до која цена сакаш, јас имав многу добра бб крема од Mac која ја платив малку поскапо, и имаше нормална покривност. Многу позадоволна бев од CC кремата на Буржоа, која има далеку поголема покривност и е баш погодна за црвенила на лицето. Ако ја начекаш на попуст ќе ти се исплати уште повеќе. Мислам дека до скоро беше и на акција во Космо :)
     
  12. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    CC крем на Боржуа ти е моментално на попуст во Космо околу 530 денари е. Солидно покрива и го изедначува тенот. Кога на моево проблематично лице успеа да покие значи покрива. Е сега издржливоста незнам колкава и е, не ја тестирав. :D
    Имаше во Космо во ГТЦ на каса од Клиник, малечко пакување од 15 мл. 500 и нешто денари ама само една нијанса. Види распрашај се ако те интересира.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dmbalea

    dmbalea Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    a tie od essence i garnier ne se dobri ?
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.648
    Пол:
    Женски

    Нa есенс јa прoбaв нo не е бaш пoкривнa ти кaжувaм зaштo и јaс имaм пеги,a нa гaрниер мислaм декa е пoпoкривнa нo некaкo мнoгу ми мирисa нa aлкoхoл. :^)
    Нo види си мoже тебе немa дa ти сметa. Ѕирни ги кремите и нa буржуa и клиник ;)
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Пред една недела ја земав ББ кремата на Eveline. По препорака од другарка. Јас ја земав од Космо, не знам дали ја има во ДМ. Околу 230 денари е, 40 ml. Има две нијанси, light и medium. Пишува дека е 8 in 1 и слободно можам да кажам дека сега за сега супер си ја врши работата.

    Е сега најголемиот проблем кај мене е што нели, си светнува Т-зоната за неколку саати, ама па тоа веќе со секоја пудра и ББ крема ми се случува, така што веќе не ни очекувам од тој аспект нешто wow. Иако, морам да напоменам дека држи мат многу подолго од други пудри што сум ги користела. Знае да ми се измрси критичната зона ама не претерано и не брзо, како со други пудри. Мене добри 4, 5 саати ми држи мат. Ако натапкам со палома, си продолжува да си стои и изгледа како во моментот да сум ја ставила. Плус и топлово време кога ќе си го додаде своето влијание, значи дека е солидна крема. Во зима очекувам уште подолго да држи мат.
    И што најмногу ме изненади е што воошто не се слева од лицето, што очекував, зашто сепак е ББ крема. Секој ден сум излезена најмалку 10 саати од дома и кога ќе се вратам навечер, се' уште си стои на лице и не изгледам страшно и преморено. Не ми ја суши кожата, го измазнува лицето, тенот е рамномерен, покрива црвенила и има заштитен фактор 15, што за летово е супер, да не мислам и за тоа. Не очекувајте само некоја преголема покривност. Мене не ми треба покривна пудра, немам проблеми со акни, освен пред менструација.
    Не се впива пребрзо, можете убаво да ја нанесете и не се познава ако ставиш два пати на некои делови.
    Ја земав light нијансата зашто имам бел тен, така што совршено ми прилега на тенот, што ми е најважно. Ја тестирав буквално секако. И на дневна светлина и дома на домашно светло и можам слободно да кажам дека воопшто не се познава дека имам нешто ставено на лице, а лицето изгледа убаво и здраво. Инаку, имам комбинирана кожа, мрсна на Т-зоната, а нормална на другите делови. Кремава е за комбинирана и мрсна кожа.

    Не побарав низ темава дали има други мислења, ама јас лично сум презадоволна, за тие пари е одлична. Вреди да се проба. Не ни помислувам на пудра, нема шанси да користам, и навечер си ставам од кремава, не ми треба ништо друго. :)
     
    Последна измена: 20 јуни 2015
    На molikaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Ја купив оваа ББ крема од Гарниер, и сега кога се вратив дома гледам на неа пишува anti -aging(facepalm). А ми стои малку мрсна, штп знам ќе ми се погоди ли.. Само знам дека има убав мирис. Ја има некој користено, колку сте задоволни? Подмладува? :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 22 јуни 2015
  17. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам на гарниер и добра е
     
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    нијансите на биотенот и гарниер слилни ли се? До пред некое време кпристев гарниер и ми одговараше светлата, па сеа да сменам :D или препорачајте ми друга бб цц или сл крема со таа нијанса за нормална кожа
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, се случува понекогаш да останеме без нашата омилена ББ крема во последен момент, или пак тешко да ја пронајдеме вистинската нијанса за нашиот тен и тогаш што правиме? Сами си ја правиме дома. Еве со вас сакам да споделам еден лесен рецепт за ББ крема за која се потребни само три состојки кои секако дека ги имате веќе дома. Пријатно читање.

    Направи сам: BB Cream

    [​IMG]

    Здраво на сите,

    летно време кога сакаме кожата што повеќе да дише а сепак да има изедначена и убава здрава боја и прекрасен тен што правиме? Одиме во потрага на една прекрасна BB Cream. Оваа крема не претставува пудра и нема покривачка моќ како пудрите, туку за цел има да го изедначи тенот, да даде убава здрава боја на кожата и секако да не ни ги запуши кутрите пори во лето.

    Ех, тука започува и целата потешкотија...во продажба има премногу BB Cream од разни марки и брендови, меѓутоа поголемиот број од нив се полни, ама преполни со силикони. Верувајте ми барав навистина многу и тешко е да се најде една добра природна BB Cream без разни нафтени деривати или силиконски мешавини (во некои ги најдов сите можни силикони, цел микс или коктел како еден да е малку), така да целта на оваа статија е да ви предложам една лесна и многу здрава домашна варијанта која ќе ја направите за помалку од 5 мин. Се што ви треба се три производи (по можност природни или органски инаку џабе ни е се), чисто стерилизирано кутивче и желба за проектите направи сам.

    Ако ги изанализираме поголемиот дел од најпознатите BB Cream, (секако ако ги исфрлиме силиконите и останатите штетни состојки), ќе забележиме дека скоро сите BB Cream имаат три основни дела и тоа: хидратација, блага покривност и заштитен фактор. Ете токму овие три состојки ќе ги искористиме за нашата персонализирана BB Cream.

    Може да ја направите на два начина (во зависност од тоа кои состојки ги имате на располагање) и тоа:

    BB Cream варијанта 1 со минерална пудра во прав

    [​IMG]

    - една кафена лажичка минерална пудра во прав
    - една кафена лажичка крема за заштита од сонцето
    - 2 до 3 кафени лажички крема за лице (онаа која обично ја користите и која одговара на вашиот тип на кожа).

    Во едно чисто кутивче најнапред помешајте ја пудрата со заштитниот фактор, и откако ќе добиете убава изедначена смеса, додадете ја кремата за лице. Количината на кремата зависи од нијансата која сакате да ја добиете (две лажички за потемна или средна нијанса, или три за светла нијанса). убаво измешајте ги сите состојки и ете, вашата BB Cream е готова.

    [​IMG]

    BB Cream варијанта 2 со течна пудра

    Доколку немате минерална пудра во прав, сигурно нема да ве терам да одите и да ја купите специјално за овој проект, може да ја искористите и течната пудра која досега сте ја користеле, или пак комбинација од повеќе нијанси ако имате дома.

    - една кафена лажичкатечна пудра
    - една кафена лажичка крема за заштита од сонцето
    - 2 до 3 кафени лажички крема за лице (онаа која обично ја користите и која одговара на вашиот тип на кожа).

    [​IMG]

    Процедурата е иста како и за првата варијанта, така да следете ги инструкциите напишани погоре. Кога ќе ја мешате кремата за лице во смесата, ви советувам тоа да го правите постепено малку по малку и да ја проверувате нијансата на вашата кожа, со цел да ја најдете онаа која најмногу одговара на вашиот тен. Запомнете може секогаш да додадете, ама не може да одземете ако сте ставиле повеќе.

    Предностите на една ваква домашна BB Cream се многубројни и тоа:

    - заштедувате доста пари, затоа што готовите производи знаат да бидат навистина многу скапи:
    - правите производ кој сте сигурни дека е природен и без штетни состојки (секако доколку користите убави и природни производи како што ве учев досега :)
    - со еден чекор нанесувате три производи за кои би изгубиле повеќе време доколку би ги нанеле посебно:
    - сами одлучувате за нијансата која комплетно одговара на вашиот тен, што не е случај кога купувате, со оглед на тоа што голем број на производи немаат тестери, па одите на тепка!

    Еве како излезе мојата нијанса:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Навистина прекрасно ја изедначува кожата и што е најважно не ја отежнува. Според мене е идеална за овие жешки денови, а потрошив помалку од 5 мин. од моето време за да ја направам.

    Ете драги мои, се надевам дека овој навистина едноставен и лесен рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите. Секако вашиот производ може да го збогатите со малку прајмер или серум, ама јас најискрено ја сакам вака: едноставна, а сепак доста функционална.

    Поздрав и до скоро читање
    Вики
     
    На prashinka, eloves и Kala22 им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Ќе може некоја од вас да ми препорача добра ББ крема со покривност блиска на пудра? За комбинирана кожа со мрсна Т-зона. Не би скала кремот да има тешка формула и да осдржи парабени или нешто слично на тоа. Имам само 16 години па не сакам ни да си го расипувам лицето уште од сега. Додека кремот би го употребувала само за посебни прилики, наместо пудра.
    Па доколку имате некои препораки, би била благодарна доколку ги споделите. :)