Здраво, поголемиот дел од органските пудри се со блага покривност. Имаш повеќе марки како лавера, хаушка, алверде. Избери некоја која е идеална за масна кожа. Без разлика што не станува збор за ББ крема сепак се без штетни состојки и нема да ти ја запушат кожата. Има една обоена крема на алверде, меѓутоа не би ти ја препорачала затоа што е добра како прозвод (од аспект на органски состојки), меѓутоа тешка во однос на пропорција на масни состојки и масла во производот. Може да ти ја измасти кожата уште повеќе. Во една од аптеките на еурофарм, ако не се лажам онаа на плоштад, забележав една пудра на bourjois, која се вика detox bio која за чудо нема никакви силикони и е сертифицирана од екоцерт како органски производ. Го разгледав составот на истата и според мене е одлчна за масна кожа. Има и мали тестерчиња за да си пробаш. Ако ме прашаш ме, моја препорака ти е да користиш минерална пудра во прав (природна и органска), која ќе ти ја матира Т зоната а ќе ја остави кожата да дише, со оглед на тоа што си млада и не треба уште од сега со тешки производи да се мачкаш, меѓутоа сепак оставам на тебе. Ако нешто ти треба слободно прашај. Поздрав
Девојки предлог за добра бб крема.Имам 14 години и не ми се користи пудра,многу масно изгледа,а ја веке имам комбинирана,помасна кожа со акни кај т зоната.Кремата да биде со добра покриеност,да нема некои штетни состојки.Фала ви однапред
Да се самоцитирам. Постот погоре е напишан на 20 јуни. Се' уште сум презадоволна од кремава. Дефинитивно пудра не ни мислам веќе да користам. Измазнува, покрива, хидрира и воопшто не е тешка на лице, што ми е најважно во лето. На жешково уште да се зациментирам со некоја тешка пудра фали. Забележав и дека лицето целосно ми се исчисти. Пред тоа, не знам дали беше од пудрите, ама знаеше да ми се нафрли челото со оние ситни, мали, бели бубулички дури и кога не бев пред циклус, знаете на кои мислам. Откако ја користам кремава, нема ништо. Не изчезнале од кремава тоа јасно, зашто во меѓувреме правев детоксикација на организмот, целосно се ориентирав на здрава исхрана па може и од тоа, ама барем не ми поттикнува нови проблеми, кожата ми е чиста. А штом мене не ми предизвикува такви проблеми со премногу чувствителна кожа, тогаш ниту на другите нема. Месец ипол ја користам секојдневно и десет саати ми стои на лице. Ми се случи најмалку 10 пати во најголемата, пеколна жештина да одам пешки еден саат. Не мрда. Кога така не мрднува тогаш во сите други прилики би била и повеќе од одлична. Мене лично навистина ми одговара, пробајте ја, мислам дека нема да зажалите. А згора на тоа е само 230 денари за 40 мил. Јас со секојдневно користење скоро два месеца ја немам потрошено ни до пола. Сега се мислам да си купам уште две, да си имам залиха, ми е страв да не случајно ја снема. Обично така е, само што ќе најдам нешто совршено за мене, го снемува.
Дали некој ја има видено цц кремава на Каротен во брзо време ? Ја барам со месеци веќе, никаде неможам да ја најдам, само бб кремата ја има..
Се соглаусувам со тебе. Ја користев периодот кога одев на школо бидејќи несакав да се мачкам до пудри секој ден и навистина е добра, не ми мрдаше по цел ден од лицето.
Јас го земав од Космо, околу 230 денари. Не знам да ти кажам со сигурност. Ама мислам дека би одговарало, со оглед на тоа што кремава не го суши дополнително лицето туку го хидрира. Пробај.
@Daydream Според твојот детален опис за ББ кремот и јас имам сличен тип на кожа и потребен ми е токму некој со такви карактеристики, па ме интересира дали има тестери во Космо?
И мене ме интересира за Виши. Никаде нема тестери, па не можам да ја видам најсветлата нијанса, а не ми се ризикува да давам толку пари за експеримент. Инаку, читав reviews на Makeupalley, не се баш позитивни.
Мене ми одговара жолтеникава, најсветлата Дермабленд супер ми одговараше на тенот. Ама сепак би сакала тестер. Абе сигурно ги снабдуваат аптеките со тестери во кесичка, ама ги прибираат. Инаку не ми е логично дистрибутерот да нуди да купуваме на тепка.
Проверете во Зегин во Сити Мол, обично таму се најснабдени со тестери. И мене ми е супер најсветлата нијанса на Нормадерм, ама факт е дека е премногу жолта за некои.
Јас денес се мотав низ ДМ и случајно ја видов, ја зедов, па со трчање идам да прочитам некој коментар за неа )))))))) Јас го користев млекото за чистење на лице (тоа розевото), ми се погоди па си реков да си ја пробам среќата и со ова.
Dali nekoj ja ima koristeno bb kremata na garnier i kako ste zadovolni,imam prilicno cisto lice i ne sakam sekoj den da stavam teski pudri,ako imate podobri preporaki ve molam pisete,sakam barem malku da pokriva i da go izednacuva tenot
Ја купив вчера од гарниер бб кремата и сега таа ми дава за нормална кожа лајт, јас и реков дека сум темна медиум нијанса, а за нормална и масна кожа, зошто ми се мрси Т- зоната. Ја пробав денеска и многу ми се познава, плус ми е бела, бетер од пудра ми изгледа Со прсти ја размачкував убаво, ама брзо се исуши, после со четка и пак бела бев, плус имав како оние лишавки (од сува кожа) сега не знам што да правам, ако ја земев таа за нормална, како што видов плус само тие две нијанси беа medium и light.
Па врати им ја, како така со сила те убедувале да земеш нешто што не ти одговара и зошто воопшто си го земала тога кога знаеш дека не ти одговара. Оди во продавницата и врати им го, нека ти ја заменат ББ кремата.