Ги имам двете пробано, цц кремата од биотен е потешка, исто како пудра е, кога го чистам лицето исто како пудра да чистам Два пати ставив и ја баталив, потоа некаде низ форумов прочитав дека е за постари лица затоа и пишав Ако сакате полесна бб крема не би ви ја препорачала оваа на биотен
Фала ви женски @Mishela @elimkd @kjukli Имам нормална кожа, ни мрсна ни сува, а и лицето ми е релативно чисто, значи не ми треба да е многу покривна. А тенот па и не ми е баш светол. Ќе ги прашам и тие од ДМ па ќе видам што ќе ми препорачаат.
Мене Биотен ми е прелесна, немав чувство дека носам нешто на лицето и ете немав такво искуство. Имам комбинирана-мрсна кожа, можеби и тоа има влијание, не сум сигурна. Од Гарниер оваа за нормална кожа не ми одговара, но нијансата ми е многу подобра. Ќе си проба Rabbit од тестери и ќе види што ќе и` се допадне.
ББ - beauty balm - нијансирана крема, има цел да го негува лицето и малку да го освежи со боја. ЦЦ - color correction - лесна основа со специјални честички за изедначување на тенот. Намената е да покрие несовршености, и нормално дека е потешка. Двете имаат различна намена, и двете може да бидат за различни типови кожа (мрсна, сува, зрела).
Кренав раце од бб и цц , ми се исфрлаше лицето. На Биотен и Авон земав. Сега ни пудра не ставам , ама сакам нешто да ми го освежи лицево . Дајте предлог добра ББ за комбинирана накај мрсна кожа?
Јас сум многу задоволна од таа на Авон, супер покривност има и полумат финиш има за секој ден и за таа цена е одлична. Со добар коректор слободно место течна пудра може да се користи.
Има од Евелин солидна ББ-крема за сува кожа. Мислам дека цената е тука некаде околу триста денари. Јас ја имам верзијата за мрсна кожа, многу сум задоволна од неа, па верувам дека и оваа за другиот тип на кожа е исто така солидна. Ја има во Космо. Зеленото пакување е за комбинирана и мрсна кожа, а ова розе-праска е за сува до нормална кожа.
Има некоја од нашиве македонски девојки направено review со слики од лице од бб кремава на Eveline? Речиси и да нема низ странскиве сајтови, 2 најдов од лице, a сакам да споредам како стои
За оваа што ја спомнав не знам дали има рецензии, но таа крема што ја користам јас, ја купив баш по препорака од блогерка. Провери на каналот на србинката Тањица, еве ти линк од постот на блогот. Многу природно делува ББ-кремата, а штом мене ми се допаднала значи навистина вреди да се проба. Многу тешко се одлучувам да променам некој производ, особено кога се работи за пудра. http://taanjicabb.blogspot.mk/2014/09/eveline-bb-krema-prvi-utisak.html
Сакам денес да ја порачам истата па ако си во можност да ми кажеш денес.. Дали покрива пори и некои бледи несовршености? Колку време трае откако ќе ја нанесеш? Дали е навистина мат, бидејки имам мрснс Т зона??
Јас ја користамн веќе 3-4 месеци повремено и сум задоволна. Мене лично ми е подобра од пудра. Инаку да покривна е и трајна. И јас имам мрсна т зона и задоволна сум, после неа немам потреба од камена пудра. Се на се презадоволна, порачај си ја.
Во 90+ се откажав, блиски пријателки ми кажаа дека не ја бидува па решив да си ја купам на Гарниер, денес ќе ја земам па ќе видиме како ќе се покаже.
Јас минатата недела ја земав оваа на Гарниер и супер ми е сега за сега, а имам нормална кожа. Ја земав од ДМ околу 350 ден.
Искрено да ти кажам не знам. Јас ја имав пробано од една другарка и добра ми се виде и само ја купив. Би требало да имаат. Можеш и на фб да ги прашаш, одговараат одма.