Денес ја ставив ББ кремата (Гарниер светла) за прв пат и сум презадоволна лесна е, не е како паштета да имаш намачкано на лице и совршена за денски па и за навечер.
Гарниер Медиум после неколку часа на лице добива некоја портокалова боја или мене само ми се причинува ????
И на рапорт, да кажам одма искуство, истeстиравме неколку бб креми со другарка ми денес, и морам да кажам дека на Лореал бб кремата и нема рамна. Мене одма ми текна на коментарот на Дузи дека е некоја чудна бела текстура со кафени зрнца како ориос да издробиле во пудрата, подобар опис не може да се каже од тоа. Прелесна е, се прилагодува на бојата на кожата, ни е пребела ни е портокалова, ептен ми се допаѓа. Не е многу покривна, ама мене не ми ни треба покривност голема. Со коректор на критични места, и 10ка чиста. И се ќе беше совршено само да не беше 700 денари Од друга страна на Ганиер е исто ок, солидна, попокривна од оваа, ама многу потечна и не сум воодушевена од бојата, мене па ми мава на портокалово многу и најсветлата нијанса претежно после некое време оксидира и бојата се менува,а таа медиум па ми е ептен темна. Али па е попокривна од голем број пудри и најбитно има ептен приступачна цена. За Лореалот оцена 8,само заради цената која е превисока, али НАЈГОЛЕМ + за приспособувањето на тенот, и леснотијата, баш како крем да имаш само на себе. Гарниерот - 7мица, ако е најсветлата варијанта пак ми е некако портокалеста и поише пудреста ми е, и поводенеста, за цената и покривноста ГОЛЕМ +
мене ми изгледа дека и веднаш има некоја портокалова нијанса, а со време е се поизразена. колку е посветла light-от? и на која нијанса удира?
Само Гарниерот ја има пробано и искрено незнам како да ја оценам. Од покривноста сум сосема задоволна, со оглед на тоа што не ми ни треба голема покривност, доволно е само да ми го освежи лицето. Бојата одма се прилагодува, барем јас немам воопшто проблеми, најсветлата нијанса сосема ми одговара. Многу лесно се нанесува. Од прво бев супер задоволна ама сега со време гледам дека почнува да ми се иритира кожата и со оглед на тоа што долго време немам ставено пудра, сигурна сум дека е од нејзе. Кога ќе ставам од кремата супер е, има добра покривност, трае солиден период, ама по некое време или од кога ќе ја извадам, кога ќе го видам лицето на светло, гледам дека ми ја прави кожата сува, како остарена. Инаку комбинирана кожа имам, накај мрсна и поради тоа го користам тенкото тубиче за мрсна кожа. Почнаа да ми се прават и ситни бубулички на лицето и никако неможам да се спасам од нив. Додека една снема, други три се појавуваат. Можно е да е реакција од алкохолот што го содржи.. Who knows? Изгледа ќе се се вратам на полесните пудри за лице, не ми се експериментира со други ББ креми
Е вака да ви каже децо дада Дузи. Значи цело време ја фалам кремава, насекаде и на сите страни. По некој месец користење, заприметив дека ми излегуваат акни, гнојни, темно лилјакови, акништа море, не минеа со ништо. Една ќе помине, ќе остане флека, по неа уште две нови ќе испаднат, тие две флеки плус, и лицето карма каша. А такво чисто лице си имав, значи ех. Прва помисла дека е од Алвердето, односно гелот за миење, затоа што некако не е нападен во миењето, не го осеќав чисто лицето отпосле. Плус Скопје, прашиништа, хаос. ААААМА, откако цимерката ми спомна дека многу по српскиве форуми се жалеле од ББ на Гарниер, престанав да ја ставам. Една недела помина, а како да ви кажам, лицето ми е добри 80% подобрено. Со ништо не променето во негата на лицето. Мореееееее! Ми иде да ја земам и да ја џитосам преку пенџере. А ја земав со намера да не ставам секој ден пудра, да олеснам малку на лицето, да подиши. Ни ББ креми, ни бутури ни гелови ни чуда веќе. Колку многу го испофалив, сега една контра реклама ќе мавнам. Дав сапунче, помада, коректор и Натурал велвет пудрата на Севентин. Златно лице, ќе си го осакатев. Сите други - АШШШШШ!
еххх пусти жени се да се проба кај мене се појавија како лишаи, дали тоа чудо Гарниер ББ крема многу ја суши кожата не знам.. (за тенката туба зборувам, има алкохол во составот ), како остарено ми беше лицето и еве сега си се вратив на Тајм плус, ми нема поубава пудра за секој ден (читај цел работен ден) и изгледа ќе си ја продолжиме дружбата уште некое време..
Имам ББ крем од ДМ маркет и пресупер е. Ја користам за на работа, за секој ден, да изгледам онака средено, ама не затапацирано со пудра. Од Гарниер немам пробано, зошто кога купив крем од Гарниер, мене лицето ми се расипа. Ми се сушеше, ми се нафрли со ситни болчина, ми беше како испиено и нездраво. (Имав и лосион за тело за екстра сува кожа, ама си немаше врска). Воглавно тоа што имам пробано не ми се допаднало и затоа имав страв дали да ја купам кремава, па решив да не ја купам. И други се пожалиле дека се нафрлиле од кремава, ама некои и многу се фалат. Зависи до кожата.
Девојки што ќе кажете за ББ кремата на Нивеа, гледам има 2 нијанси, дали се прилагодува на лицето бидејки без пудра сакам да ја користам, за комбинирана кожа дали е добра , да не двои многу од лицето, да не е како паштета мм ??
ја имам гарниер BB и многу ми се допага секојдневно можеш да си ја користиш и го освежува лицето природен баланс прави нз од како ја купив, пудра не сум ставила ја користам онаа за прикриванје за брчки..
За икс време ( не повеќе од два месеци),мене ББ кремата на гарние во туба,ми оксидираше.На лице изгледа уште поужасно розева. Наредната недела ја земам на Нивеа, веќе ми ја пофалија. За секаква кожа одговарала, за мрсна само со малку пудра во прав,по можност минерална и одлична била,а сувата ја хидрирала сосем одлично, со тоа што ако е пресува може и да се замеша со малце кремче.
Сега ја видов сликава, ја постирале од шатци парфимерии, па мора да се проба и ова чудо Артдеко се феноменални производи само сигурно има соленка ценичка. Ако некој ја проба нека репортира веднаш
јас ја купив бб од нивеа хехехеех таа што е посветлата LIGHT нема врска каков LIGHT таа е толку темна шсто можам да замислам DEEP нијансата каква е хеехех инаку ако некому му одговара таа нијанса кремата е супер има доволно покривносT што кај нас е реткост да се најде лесна е на кожза убаво чисто и наXрането изгледа лицето навистина дефинитивно би ми била најомилена ако би имала нијанса посветла