Мислам дека антибактериската пудра на Менхетн е со салицилна киселина (не сум сигурна) и мислам дека има и ББ крема од истата колекција, ама и за тоа не сум баш сигурна. Провери во Космо.
ББ крема користам од Авон,на НутраЕфектс-мат и пре красна ми е ...само си ја земам потемната нијасна пошо таа светлата ептен е светла
Некоја бб крема со жолт подтон за комбинирана кожа, да не светнам одма? Се мислев на Гарниер да ја земам, ама ме предомислија критиките ваши околу исфрлање на лицето
Цц кремата е за прикривање на црвенилото, а бб кремата е за прикривање на неправилности, изедначување на тен.
За црвенило точно од што предизвикано искрено незнам да не те лажам и мене исто не ми беше јасно која е разликата, купив бб и цц во исто време, цц ми беше некако потешка оти имам чисто лице, се зачитав тука на темава и така научив која е разликата, оти мислев дека цц е за зрела кожа
http://www.crnobelo.com/zivot/moda-...-ee-sto-znacat-ovie-oznaki-na-kremite-za-lice Еве ова сега го најдов ..... Дали ке можеш да ми ја сликнеш кремата на Гарниер што ја користиш? Гледам имаш поставено слика поназад на страниве, но не ми се прикажува сликата....
@Rabbit ako ne ti e tesko da ja sliknes svetlata nijansa,jas ja koristam temnata pa da napravam sporedba...
За чистење шминка од лице. Јас си ја користам и за освежување на кожата, поминувам со натопена памучна вата и потоа си нанесувам дневна крема. Фин производ е, а оваа на Гарниер ми е една од посолидните на нашиов пазар, од ваквите дрогериски брендови.
Секако, оваа со розево капаче е наменета за сите типови на кожа. За сува кожа многу е убава онаа со жолто капаче затоа што е двофазна (има и маслен дел кој при протресување на шишето се меша со мицеларната вода). Моментално на акција со ББ кремата која ја спомнувавте е мицеларната вода со розево капаче и сетот е 450 денари.