Мене не. Многу ми одговара на кожата и што ми е најбитно лесна ми е. За тоа многу повеќе ББ кремава ја користам отколку пудра бидејќи сите пудри што сум ги пробала ми се тешки. Меѓутоа морам да напоменам дека имам нормална кожа и релативно чисто лице и не ми треба голема покривност. Е сега како и сите останати производи и оваа ББ крема не одговара на секоја кожа и лице.
@Rabbit @Mishela значи срцки сте.... Од срце ви благодарам на убавите и искрени одговори... Деновиве ја купувам, па ќе пишам како ке биде
Sakav da vidam na kozata kako e ,ovaa temnata nekako mnogu temna mi doaga,a light ot pa svetol da ne mnogu. Ako ima nekoj neka slikne☺☺
@only44you нема проблем тука сме да си помогнеме Бб light garnier Bb medium garnier Cc bioten @bella.s Најубава ми е garnier light, најмногу ми одговара на тенот, лесна е Спојлер
Mislam deka i jas ke ja zemam svetlata,iako ne sum smegja..ovaa medium sto e kako rumenilo pocnav da ja koristam po malku na jabolcnicite..ti blagodaram @elimkd
@elimkd po nijansive sto gi imas mackano na rakata, najubava i najprirodna mi deluva BB na Garnier light. Definitivno taa e mojot izbor i taa ke ja kupam ....
Јас веќе неколку години по ред ја користам оваа bb cream, уште пред да излезат оние на Garnier и Maybelline. Мојата кожа е премногу сива за нијансите кои ги има кај нас барем. Мојата нијанса е 13, и буквално изгледа како да не носам ништо на лицето, и има прекрасен сјај и убаво покрива несовршености. Марката е Missha, а кремата се вика Perfect Cover. Најпозната е од речиси сите корејски козметички компании, и ептен е лесно да се најде онлајн. Цената е некаде околу 15 евра, некои продавачи на Амазон доставуваат и без доплата за достава. Одлична е за луѓе со сува кожа.
@iloveaduck еј мојата јас ја имам бр.21 топ ми се погоди. Корејскиве по нијанса подобро ми се погодуваат. Сега се мислев дали пак да ја земам или да пробам некоја нова. Читав нешто за lioele tripple solution или така нешто се викаше, имаат голем избор стварно.
Хаха, Корејците се луди по bb, јас еднаш ја пробав розевата од Skin79, и double solution на Lioele, ама некако премногу тешки и мрсни ми беа, иако кожата ми е посува од пустина некои денови
Да, приметив дека се фокусираат на шајни фејс сакаат да им светкаат лицата. Јас ја користев на lioele dollish veil vita подолго време, и таа знаеше да ми го светне лицето на некои делови, ама толку мека ми ја правеше кожата, заљубена бев во неа. Кога ќе си го допреш лицето мекичко за мераци. На missha ја гледав подолго време и пред некој месец се одлучив да ја земам и задоволна сум. А може и две три различни да нарачам па ќе се мачкам
Препорачајте некоја лесна тонирана крема од Балеа или Алверде? Некоја погодна за нормална кожа. Не е за мене, па не ми се купува нешто на слепо, да не утнам.
Малце касно го видов ова, може и си купила. Алверде имаат само еден тониран крем, овој Мене ми беше солиден. А од Балеа не сум видела тониран крем. Мислам дека бб крем или цц крем и тониран крем не е исто. Барем таква информација имам од дерматовенеролог.
@LollySky Јас онлајн, не сум сретнала во МК да ги има. Можеш на ebay да најдеш и samples ако нешто ти фаќа око ама не си сигурна дека ќе ти одговара, да си испробаш
@kravce , јас сакам да ја порачам кремата од Missha, ќе можеш да ми помогнеш со нијансата? Прочитав дека ти одговара 21, можеш да ја споредиш со нијанси на течни пудри што ги имаш користено?