Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ББ и ЦЦ креми

Дискусија во 'Лице' започната од Lilit, 13 март 2013.

  1. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    @Mishela дали ја проба оваа тонирана крема на Алверде? Дали одговара за комбинирана кожа? И @Annath да каже збор два повеќе нешто за оваа крема? :)
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Не за жал. Не успеав да ја најдам тука во „маалскиот“ ДМ, па на крај купив пудра од Алверде.
    Ако ја пробаш сподели импресии, ме интересира каква е. Да ја „опремам“ мајка ми со време. :)
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @LollySky Искрено немам мн долго време користено пудра. Последно што купив е Healthy Mix на Bourjois која патем ич не ја сакам, го имам бр.51, барав нешто светло и продавачката ова ми го препорача па види сеа споредба :D
    Лево на жолто е пудрата, десно е бб кремата. На лице не е волку бледа, некако се утопува во мојата боја на кожа. И да, рацете ми се како модри зашто е ладно :D
     

    Прикачени фајлови:

    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Имам пробано многу BB кремови но или не ми се погодила нијанса поради мал избор на нијанси или не ми одговара на кожата, ова е BB кремот кој го користам долго време. Изгледа нежно на лицето и дава голема покривност, цената му е 600 денари и има 4 нијанси.
     

    Прикачени фајлови:

  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Ја користев одамна, само што отворија ДМ кај нас, беше еден од првите кремови што го купив. Мислам дека имав пишано рецензија во соодветната тема, во категоријата за ДМ, ама ја нема веќе.
    Како и да е, кремата е во ред, одговара за сите типови кожа, можеби за сува би требало нешто плус, ама во глобала е ок. Изедначува тен, за тоа и ја зедов, ама не покрива поизразени промени и флеки на лицето. Мене ми одговараше, дека имам релативно чисто лице и непроблематична кожа, комбинирана, на места изразени црвенила, и по некоја флекичка кои ги покриваше. Има убав мирис колку што паметам.
     
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, многу ми помогна :hug:
    Ептен си беличка :D Јас од Healthy Mix сум помеѓу 52 и 53, така да од Missha ќе ја нарачам 23, веројатно ќе ми одговара.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    девојки, дајте ми предлог за ББ крем за сува кожа :angel:
    сакав таа на Евелине бб кремата за сува кожа што е но не знам , некок искуство со овој производ?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја пробаш ББ-кремата на Зиаја. Моментално е на акција во Космо, до крајот на месецот. :)
    Фина е, пишував претходно за овие ББ-креми.
     
    На soffce, MayDiamonds и LollySky им се допаѓа ова.
  9. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Со жолт подтон е?
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Неутрална е, не е баш она скроз жолто. Барем светлата нијанса е така. Потемните се малку жолто-портокалови.
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Не знам постов дали ќе биде соодветен за тука ако треба преместете го...
    Пред неколку дена си ја купив ЦЦ кремата на Евелин ( така мислам дека се чита :) ) и сакам да ја пофалам, не очекував многу а сакав да пробам дали ќе можам да поминам со некоја полесна варијанта на шминка на лицево, за натаму-наваму да не морам да се шлапам со пудра. Tука е и интересниот момент како потемнува и добива „боја на пудра“ додека ја размачкуваш, магија :D
    Не сум некој експерт за козметика и што се можеш да користиш за различни делови на лицето ама читајќи ве сфаќам дека може и тоа како да си ја олесниш живеачката по прашање на лице, и притоа да си среден, со природен изглед.
    Ќе видиме како ќе се однесува и понатаму, ама ако остане вака добра влегува во основа за летово, денско кафенце и опуштена прошетка- ЦЦ кремава, маскара, nude или црвено карминче и чао!
     
    На *Amethyst* и LollySky им се допаѓа ова.
  12. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Не свети лицето од неа?
     
  13. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Откако ќе ја нанесам лицето ми е како штотуку да сум го намачкала со крема. Мене ми се свиѓа тоа природно ми е, не ми свети што викаш. По поласаат-саат дури добивам убав мат изглед. Немам сува кожа, комбинирана со малку мрсна Т зона.
     
    На *Amethyst* и ванилала им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    ББ крема користам секојдневно. И стално си ја користам од Garnier. Супер е, и презадоволна сум. Не е тешка а сепак доволна за да убаво ми го истонира лицето и прекрие некои ситници.
     
  15. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Ми треба Бб крема со жолт подтон, по можност мат финиш за да не светам, што ќе покрива помалце од Гарниерот бб?
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Јас ја користев некој период ЦЦ кремата на Eveline, ама некако не ми одговараше. Има убава структура и убаво мириса, на некои бонбони ми мирисаше.
    Се прилагодува супер на тенот, точно додека ја нанесуваш добива боја. Но по некое време ми светнуваше т-зоната, плус некако брзо ми ,,испаруваше,, од лицето.
    Мислам дека на нормална/сува кожа би била соодветна.
     
  17. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Фала мила, ке може ли да ми кажеш цена?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    До крајот на месецот се намалени во Космо, чинат 228 денари. :)
    Има и тестери, па можеш слободно да си видиш која нијанса ќе ти одговара.
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    како што се сеќавам, ја имаш користено и Eveline бб кремата, па што мислиш која да ја земам?немам толку сува кожа вака на изглед но скоро сите пудри што ги ставам прават да изгледа суво, по одреден период светнува но на почеток изгледа сува кожата
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Од Евелин ја користев матирачката ББ-крема, за комбинирана и масна кожа. Со другата (која е наменета за сува до нормална кожа) немам искуство. Исто и со оваа од Зиаја - ја имам плавата за комбинирана кожа. :lol:

    Можеби кај тебе подлогата го прави проблемот, па затоа лицето изгледа суво. Си пробала да експериментираш со кремите за лице? Да не случајно не ти ја хидрираат кожата доволно, не знам.
    Инаку, Евелин е попокривна, а Зиаја дава некој ефект на your skin but better, со тоа што не покрива некои ептен очигледни проблеми со црвенила и некои критични акни. Евелин има некоја повисока покривна моќ.

    Ако ти е битна покривноста, земи ја Евелин. Нијансите се фини, цената исто така, а и самата крема не е воопшто за потценување.
    Предноста на Зиаја е тоа што има дури 50мл производ за таа цена. Мајка ми ја користи таа за сува кожа и приметувам дека ретко се случува да и' сјае на лице, многу фино изгледа.
    Не знам дали и колку ти беше од помош ова, ама мислам дека дури не пробаш нема да одлучиш која да ја земеш. :lol:
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.