Па, дека е од Healthy mix линијата претпоставувам е за сува кожа, а гледам и @Mishela пишала дека на масните делови не и одговарала ( како што сфатив). Јас имам имам сува накај нормална сега, па се надевам ќе ми одговара..
Не ми одговара мене, во лето нема шанси. Убава е лесна, ама според мене не е за кожа со помасна Т-зона, веднаш ќе почне да свети. Ако не и смета тоа на некоја во ред, во спротивно, може да се најдат подобри и посоодветни ББ-креми.
Па, немам мака со масна кожа. Камена пудра не знам од кога немам ставено на лице, а порано не излегував од дома без неа. Не знам што да правам, на два ума сум
Земи ја за проба, не е скапа. Штом немаш масни делови би требало да ти биде добра. Барем јас така мислам.
Да ми препорачате некоја ББ крема, која е лесна за на лето ? Пудрата понекогаш на жештиниве прави да ми е уште потопло и некако непријатно. Имам на моменти нормална кожа, на моменти мрсна Т зона. До 500 ден. па и малку плус.
Види ја ЦЦ кремата од Боржуа. Една е, нема да ја промашиш. За разлика од нивната ББ крема, ЦЦ кремата е одлична за кожа која има помасна Т-зона. Лесна е, а доста покривна. Мислам дека ќе ти одговара, а и цената е тука некаде. Моментално во Еликсир има 30% попуст на козметиката на Боржуа, па веројатно е намалена на 400-500 денари.
Имам чисто лице но тенот ми е како неизедначен . Не сакам да користам пудра, па пробав со ББ крема но очигледно не ми одговара бидејќи лицето ми се исфрла од неа.Исто и со други бб креми. Што друго може да ставам?
Каква кожа имаш? За комбинирана мрсна кожа би ти ја препорачала цц кремата на Буржуа 123 перфект , ја имам птобано и мн ми се допаѓаше
Види ги пудрите на Алверде, тие се ,,поприродни'' од останатите и се полесни. А и цените им се ниски, најскапата е помалку од 400 ден мислам.
Можеш да ја пробаш имаат тестери. Ито така , ако си од Скопје ѕирни ги и пудрите на Алверде , сите се за нормална до сува кожа. Поготово пробај ја таа со пипета
@koritsaki дали си ја коростела цц кремата на буржуа за време летен период ? Сакам да ја пробам баш затоа што е полесна и таман за лето, но имам и јас комбинирана кожа па страв ми е да не светам ужасно многу.
Да , секојдневно ја користам од април месец па до сега сега е баш топло и супер издржува. Секогаш нанесувам над неа пудра во прав или камена.
@Amelia тука ќе ти одговорам погоре имам пишувано, цц кремата на Bourjois 123 perfect е одлична за лето , по покривна е од секоја др бб крема што си користела има тестери по парфимерииве пробај си за нијанса
Девојки, разгледував низ поракиве, што мислите за ББ пудрата на Гарниер- classis,medium? Некои искуства со неа (негативни/позитивни)?
Јас вчера ја купив и поубаво нешто одамна не сум ставила на лице. Користев Vichy tent ideal и некако не ми одговараше најверојатно, како да немав пудра и светеше премногу, со оваа на Bourjois BB healthy mix ко препоредено ми е лицето не свети, покрива многу а сепак изгледа природно. Јас ја земав 02 medium (накај светло е не накај темно) бидејќи имам светол тен но не и блед за 01. Топло ја препорачувам BB кремава