Дали ја имаш користено пудрата од истата линија? Сакам да ја порачам онлајн од еликсир бб кремава но незнам дали ќе ја погодам нијансата.. Од пудрата користам 52ка. Фала
Дечки искуство со пудрава? Имам малку проблематично лице. Сакам да си најдам дневна пудра која нема да ја чувствувам тешка на лицето и да ми ја иритира кожата.
ЛејдиР, ова е ББ-крема и веројатно затоа што во моментов се актуелни попустите во кои е вклучена, „најоговарана“ ББ-крема ни е деновиве. Многу е убава, лесна е и има средна покривност, па можеби ќе ти биде потребен и коректор ако тоа што го нуди не ти е доволно. Ама периодов мислам дека не е баш најдобар избор за оние со масна кожа. Мојата кожа е таква и ете моментално не ми одговара ниту со матирачка база. За комбинирана до масна кожа би ја препорачала ЦЦ-кремата од Боржуа од линијата 123 Перфект, а за сите останати ББ-кремата Хелтки Микс. Супер се и двете.
Ај збор 2 за сс кремата , пудрата 123 ми е 54 нијанса ама ми треба 1 или 2 нијанси посветла во тој случај која нијанса од цц би ми одговарала ?
Јас ја користам светлата нијанса ЦЦ-крем, а од пудрата ја користев 52. Има само две нијанси од ЦЦ-кремата, светла и темна. Немам искуство со темната, не знам колку е темна и со која нијанса би можела да одговара од пудрата, но би требало да биде океј со 53-54. Пробај ги двете нијанси, па види која повеќе ќе ти се допадне.
Сега проверив, мојата нијанса е 31 Ivory и одговара со 51-52 од пудрата. Го имав заборавено називот. 54-ка од пудрата е Beige, па барај нијанса од кремата со ознака Beige. Можно е да ти одговара 32 Light Beige, неа со сигурност ја имам видено кај нас. Има 3-4 нијанси вкупно од ЦЦ-кремата, но јас лично немам видено повеќе од 2 кај нас. Мислам дека најтемните не ги носат или кај мене ги немам приметено. Како и да е, кремата е ептен убава и со попустот цената е супер-исплатлива. Би требало да ти одговара и мислам дека ќе најдеш нијанса.
Девојки која ББ крема би ми ја препорачале за на одмор, секако да е со заштитен фактор (иако сум сигурна дека сите го имаат) ми треба мала прекривност за на плажа а и да ми го заштити лицето од ув зраците Досега сум ги користела на Гарниер во долгата туба, и на Farmasi сината All in one така да тие две отпаѓаат, инаку имам сува кожа..
Не ја немам користено, а што нијанса имаш ти користено бидејќи имам користено други пудри од Bourjois па може ќе ти помогнам.
Јас користам нијанса 52 - vanille. Мислам дека од бб кремот ќе ми одговара 51 ама испадна неделава да можам да одам до еликсир да си одберам нијанса. Ти благодарам сепак
Колку им е рокот на цц кремите ако некој знае..Лани оваа време ја земав цц кремата на еуцерин ама не ја користев ич дали три четири пати ставив..Дали да ја фрлам или..? Ако некој знае никаде нема рок
На неа пишува 12 месеци од отворање. Спојлер и јас сеуште ја користам ЦЦ кремата на Еуцерин од лани, ама не ми се фрла Сепак е на твој ризик.
Можеби си ја земала веќе ЦЦ кремата, ама да ти пишам Сите 4 нијанси ги има, јас во зима ја користев 32, а во лето 34. Моментално ги имам дома нијансите 33 и 34, па ако сакаш можам да ти ги сликнам како изгледаат на рака.
Ја користам cc кремата на max factor одреден период, многу сум задоволна. Прашањето ми е дали да користам крем под неа?
@Yuefoa околу 800 ден. Повеќе работи купив, не се сеќавам точно на цената, имав и попуст во парфимеријата.
Ја има ли некој пробано новата ББ крема на Нивеа со СПФ 50? Да напоменам дека не се работи за оваа ББ крема на Нивеа која во глобала доби негативни критики. Ја гледав и оваа тонирана крема на Балеа, мислења за неа? Ми треба нешто ептен лајт за летово, добредојдени се и други предлози.