Garnier BB miracle skin perfector 5-in-1 classic и oily skin се на попуст во ДМ. Ја користам Garnier BB pure active ама ми делува многу тешка и многу покривна, не ми личи дека е погодна за летен период. Дали и BB miracle skin perfector 5-in-1 oily skin е иста ваква или полесен состав има?
Јас користев една ББ крема на Гарниер, ама гледа има различни видови не сум знаела, јас таа што ја користев воопшто не беше покривна. Не ми се допаѓаше ми беше многу темна а воопшто не покриваше. Па затоа сега се распрашувам за боржуа Бб кремата, само не знам дали ќе си погодам нијанса. А тие што имате користено Фармаси Бб крема, 3 нијанса каква е? Ја имам 4 и е многу темна, првата е премногу светла, а 2 многу го прави црвенп лицето и одвојува со врато. А вака кремата е убава покривна, ама не можам нијанса да одберам ми остана уште третата нијанса да ја пробам. Но најверојатно ќе сменам боржуа само нијанса да погодам
Пробај тестери за боржуа ББ кремата. Спојлер Garniere BB се 3вида,еве ги Јас зелената ја користам,Garniere BB pure active и темна ми делува, многу покривна.
Тоа што ставаат spf на пудрите е само маркетиншки трик. Заштитниот фактор е во толку мали количини што ти треба пола пудра да ја нанесеш на лице за да добиеш заштита 15-ка. Можеш да прочиташ повеќе на линкот. https://www.google.com/amp/s/www.se...is-not-enough-to-protect-you-from-the-sun/amp Затоа најдобро е да се инвестира во добра крема со заштитен фактор што ќе биде како база на лицето. А инаку, топла препорака за ЦЦ кремата на Боржуа. Одлична е.
Не знам, минатиот месец беше на попуст во Еликсир. Следи ги фб страните на Космо, Еликсир и Анабела, често ја ставаат на попуст.
Викат дека Бб кремата немака многу тешки состојки, можеби Цц има потешка хемија, а мене ми треба нешто полесно поради козметичките третманите што ги правам, и сега ми се лупи лицето
ЦЦ кремата е повеќе како коректор и главната разлика е во покривноста. И двете се подобри, според мене, од обичните пудри за лице.
@Amelia , види и двете креми ( и ти таа што ја користиш од Фармаси и цц кремава на Буржуа ) се со хемии во составот (зборам за силикони , нафтени деривати итн) , ако сакаш баш природна бб/цц крема за лице имаш на штандот на Алверде , со сигурност составот е природен ама не очекувај толкава трајност или толкава покривност како кремава на Буржуа што ти ја препорачувам ѕирни ги и тие на Алверде па може нешто да ти се погоди и од нив
Дали бб на еуцерин е многу густа? Имам суво лице и ми треба похидратантна бб крема, се мислам помеѓу Еуцерин и Клиник. За секојдневие, доволно да изедначува тен.
Клиник имаат една ББ крема што е за комбинирана до масна кожа и друга што е за секој тип. Обично ги сакам нивните производи бидејќи се многу хидратантни и лесни за носење.
Лоши нијанси, лоша текстура, слаба покривност. Ако допре некоја капка или пот на лицето останува бела дамка. За многу брзо избива мрснотија на т- зоната. Јас не бев задоволна. Ми користеше само како евтина опција кога се вратив од одмор и не можев да си најдам соодветна пудра.
Мене ме печеа и ми солзеа очите од неа.Инаку многу е покривна како за цц крема.Ама само тоа и е позитивно, за друго се согласувам со тоа што го напиша Авери.