Јас ја пробав 34 и топ ми се виде меѓутоа отидов во друг дм да ја земам и кога видов колку е темна ми се стемни. 34 е Dark кога ќе се размачка не се приметува меѓутоа продавачката беше љубезна и ми рече да не брзам, да пробам пак 33 или 34 без пудра на чисто лице. И затоа прашав бидејќи сум се збунила, мислев дека идат 03,04...
Девојчиња кажете накоја бб крема, за прилично светол тен, нормална накај сува кожа и да има спф..го имам Healthy mix, супер ми е, ама нема фактор..ви благодарам
Мислам дека одговара и за масна, бидејќи јас имам комбинирана и ми одговара, а на пудрата пишува дека е за сите типови на кожа
Јас тргнав да ја нарачам CC кога таа веќе не е на попуст. Ако негде е пак на попуст кажете ми да ја земам.
Мене ме интересира мислење за оваа бб крема на Мак , prep+prime beauty balm spf 35? Дали е добра за помрсно лице и какви се нијансите ?
Дали знаете дали има подобрување на бб кремата на Гарниер(за мрсна кожа) , у смисол дали искачаат уште акни од неа.
Моментално јас само бб крема користам на лицето , сетирано со пудра во прав. Ја земав бб кремата на So bio etic , природна е , маркава ја ``открив`` по препорака на Биодевојка покрива одлично - баш како пудра течна , моето лице моментално не е масно баш туку комбинирано (сигурно поради бременоста ) дури носот почна да ми се лупи на некои места додека ја користев пудрата на MAC Studio fix , моментално ја ставив на пауза па решив да земам нешто по лесно и плус природно. Трајна е плус многу ми се допаѓа. Некогаш би ја пробала и нивната цц крема Нијанси има пет мислам , јас ја имам првата 01 beige nude и ми е одлична. Да не заборавам исто така има и 10спф. Баш ако имам време да се нашминкам повеќе ќе ставам слика на соодветната тема да видите како изгледа. Јас ја порачувам од Австрија онлајн - на Балканот овие производи ги има само во Србија..
Јас го користам овој ББ крем, во нијансата Extra Light што е достапна мислам само за жолтово. Не користам многу производи од авон, не ми се нешто нај, ама овој ми е 10/10, со голема покривност и ви го препорачувам!
Не сум задоволна од ББ кремата на bourjois. Ги обожавам bourjois како бренд, посебно healthy mix пудрата која е многу лесна, доволно течна и не се чувствува, како да се "стопува" со кожата. Сите очекуваме ББ кремата да е полесна на некој начин и да не е толку покривна. Точно, не е многу покривна ама текстурата е ужас, многу ми е тешка на лице.