Предлог за бб крема со спф? Имам доста флеки од акни, па и некоја акна, но ќе одам на одмор и не сакам да носам тешки пудри, посебно за преку ден. А нема шанси да излезам од дома без ништо.
Која бб/цц крема би ми ја препорачале? Имам комбинирана/мрсна кожа склона кон акни. И ако може некој да ми објасни која е разликата меѓу бб и цц крема?
Препорака за ББ крема за сува кожа или некоја по лесна пудра, имам ептен проблематична кожа дури и light ми е темна.. Имам чисто лице и затоа не ми се ставаат секакви пудри.. хелп девојки
Да ја пофалам новата ББ крема на Golden rose, ја земав набрзина бидејќи сум голем фан на ББ креми за преку ден, штом видам некоја нова одма земам Наменета е за сува кожа, има средна покривност и може да се надоградува, дава свеж сјај на лицето, преубава е за no makeup - makeup изглед Има заштитен фактор 25, нема парабени и алкохол. Ја земав 330 ден, исто така има супер нијанси, и за оние со ептен светол тен.
Јас да се приклучам на прашањата за ББ крема. Долго ја користев на фармаси, но и најсветлата ми е темна, накај портокалово. Ја користев исклучиво лето кога имам потемен тен. Во авон каталогот има една екстра лајт, не знам колку е тоа светло? Секогаш користам порцелан нијанси на пудри. Ја користел ли некој, и дали е за комбинирана накај мрсна кожа?
Јас ја имам екстра лајт нијансата, пак е портокаловка. Ја имам таа мат верзијата од ББ кремот. Многу ми е убав, навистина убав ефект дава (средна накај слаба покривност), за непроблематично лице нема подобра опција од кремов. За во лето е топ, не се познава. Не е баш мат на кожата, дава убав здрав сјај, ама во зима го мешам со прајмерот или кремата што ја ставам под него за да не ми се познава дека е темен. Далеку е од екстра лајт, барем за мојов тен.
Значи пак лицето како на бабата од Том и Џери хулахопките Не знам зошто заслужуваме таква осуда ние со аристократски бел тен? Во овој век, премодерен ..... Ќе ја порачам, ионака само за од тука до тука ќе ми е, во време кога не ставам пудра. Немам многу избор
Мешај го со крема, не е идеален како што сакам ама врти душа така. Формулата му е топ, уште да го подосветлат за стварно да биде екстра лајт и нема гајле. Земи го Хелти Микс ББ ако не, поубава е светлата нијанса.
Препорачувам! Одлична е за нормална кон сува кожа. Не треба никаков крем под неа, зашто баш е хидратантна. Лицето изгледа многу природно, но сепак доволна е за да прикрие мали недостатоци. Мене ми е супер. За нијансата - и овие немаат скроз светла. И јас сум со блед тен и малку ми е потемна, но ок е, ми дава живот. Нема ББ и ЦЦ крем за најсветол тен, не се ни трудете да барате. Најлош ми беше од Клиник, скроз портокалов.
За жал не се сеќавам на цената... имам проблем со паметење броеви. Мислам беше помалку од 1000, можеби околу 900. Ја купив од Анабела. Сега баш имаат попуст на сите производи од тоа што видов на Инстаграм, па можеш да ѕирнеш.
Пробај го овој крем/пудра или што и да е најсветлата е мн светла и мислам дека ќе ти е ептен ок. Посветла е од на авон бб кремот барем според мое искуство
Предлог бб крема за комбинирана накај масна кожа? Но да не биде прескапа. Ја користев бб кремата на авон од colour trend, но веќе ја нема во продажба .