Има многу нијанси, а сакам да ја пробам, не знам како да си изберам. Јас имам бел тен ама не сум премногу бела нешто како средно, светол тен во глобала Колку нијанси има оваа ББ крема, која би ми одговарала јас имам светол тен, но не сум премногу бела? И дали има некоја покривност?
Па да ти кажам баш и нема нешто многу нијанси , мислам дека се само четири. Ја иам скоро во секоја парфимерија баш пробај ја првата нијанса , не е нешто ептен светла , ама не е ни темна Еве ги нијансите. Јас првата ја користев, ако си со неутрално-жолт подтон сигурно ќе ти одговараат нијансите
Па не се разбирам дали сум со жолт поддтон стра ме да не е многу светла првата нијанса? А имаш ли користено Бб крема на bourjois, или која било друга Цц или Бб крема кои имаа покривност да ми препорачаш?
@buba4e89 баш некој нека пише ако ја користи 33ката дали е со розев подтон , евентуално можеш 32ката да ја земеш па ако ти е малку светла да ја затемниш со бронзер
Мислење за цц кремава? Каква покривност има?Дали убаво легнува на лицето? За каква кожа е? Не ми треба нешто многу покривно дека генерално имам чисто лице со малце црвенило? Би било покриено црвенилото со кремава? И која нијанса би одговарала на течната пудра Хелти Микс нијанса 50? 31 или 32?
Ако немаш што да покриеш оваа е топ. Ова не е пудра па да покрива црвенила. Јас имам комбинирана кожа и сум задоволна од оваа крема. Јас ја земав 32 и е средно светла,може 31 е најдобро да земеш.
Фалаа тии..Ќе видам на тестер која ќе ми одговара повеќе,31 како да има розов под тон па затоа не знам дали ќе ми биде погодена
50 е пресветла и мислам сите нијанси на цц кремата темни ќе ти бидат. Јас 51 на Хелти мкс серум ја користам и ја користам 31 од цц кремава.
Јас користам ББ од Фармаси, супер ми е, како што имам проблематична кожа...ЦЦ ми е помрсна некако, од ББ сум задоволна.