Покриваат и двата. Е сега како што пишала членката ббто е мат, а ццто помрсен и зависи каква кожа имаш па според тоа ќе избереш.
Дали некоја користела ЦЦ од Оливал , мојата кожа е комбинирана и барам средна покривност па незнам дали би ми одговарала !
A da mi preporacate bbkrema ili cckrem do 400-500den? Ili lesna pudra za sekoj den? Da e hidrantna, da ne ja susi nitu pak dopolnitelno masti kozata
цц кремата на Буржуа , лесна е и одговара за сите типови на кожа. Само за цената не се сеќавам која беше , често може да се најде на попуст
Јас ја користев ЦЦ од Оливал, медиум, не е лоша. Помрсна е, лесна, но нема мат ефект, има средна покривност, барем на мојата кожа.
Јас дојдов да ја пофалам ЦЦ кремата од Оливал. Прво искрено бев скептик на ЦЦ креми со оглед на тоа што имам флеки од акни , неколку акни и комбинирана кожа па читав доста пофалби за оваа на Оливал . Мене пријатно ме изненади , буквално се ми покрива на лицето без потреба од коректор , за ЦЦ крема е одлична во споредба со некои пудри. Е сега трајноста и е до 2-3 часа , а доколку имате комбинирана кожа обавезно сетирање. Нијансата light ми одговара супер. Оваа крема е одлична за сува, нормална кожа , НИКАКО не на масна кожа ! * најдобро се нанесува со мокро сунгерче.
Мене пак воопшто не ми е погодена. Ми свети лицето од кремата, а имам нормална кожа, и чисто лице. * Еуцерин ЦЦ кремата ми е добра, не е многу покривна, но по матирана е за разлика од Оливал ЦЦ.
Многу добра матирачка ББ крема со spf 10 од Eveline, за сува и нормална кожа. Вчера прв пат за купив, одлична е, и не е многу скапа, околу 260 ден.