Јас ја имам користено, не е лоша, само малку ми се познаваше на лицето, лесно се размчакува, во глобала ОК е.
Јас ја пробав таа. Лесно се размачкува, впива, дава убав природен сјај на лицето и нема покривна моќ. Имам комбинирана кожа така да супер е немам негативен ефект некаков. Пишува дека е за сите типови на кожа ама не знам баш за мрсна кожа дали би била погодна.
Ти благодарам, имам нормална до комбинирана кожа, во принцип имаат супер производи, ги користев кремата за лице, за околу очи и сега последно тоникот го земав од се сум задоволна, наредно ја земам и ББ кремата.
Јас ја имам користено т.е. во исто време ги порачав и BB и CC кремовите, за среќа различна нијанса и колку што дозволува карантинов ги имам пробано.. прв пат користам вакви кремчиња и супер ми ги прифати моето лице.
Јас ја користам пудрава и мене ми одговара. Нема голема покривна моќ како ЦЦ кремата, таа е подобра ако ти е за тоа. Претежно ја користам за секојдневни искачања.
Мат е? Очајно ми треба тониран мат крем за летово, сакав да го земам сан денс ултра сенситив флуидот ама читав рецензии дека е потежок, а лицево ми е во очајна состојба во последно време, не ми се носи пудра на топлово.... ако е мат го зимам одма
Бев во долга потрага по пудри и ги купував најскапите за да не ми се погодат и да ги раздавам по роднини и другарки пари во бунар ...моето најголемо откритие е ББ пудрата кремата од голден роуз и можам да кажам дека толку е феноменална што незнам дали некогаш би користела друга Како шо би рекле Лекот е 5 пари
Бб кремата хелти микс ми е мрсничка некако за во лето не знам зошто, поубаво ми легнуваше во зима Малку ме разочара, а омилена ми беше... од претходното лето ја имам и сега дури ја дотрошувам.
И јас се мислев за неа. Ама нема нијанса, па не знам дали би одговарала на светол тен. Инаку, мрсна Т зона и нормални образи, дали би одговарала? Да не има комедогени состојки?
Јас имам светол тен така да ќе ти одговара затоа што е светла на темен не знам дали би одговарала. Јас немам проблем иако имав проблем со акни порано со хормонски, пријатна ми беше (пред циклус ми излегува по некоја ама во нормала), така треба да ја пробаш лично не можам да кажам. Пишува дека е за сите типови на кожа.
Jaс ја користев сигурно 2 години. Не беше лоша, имаше добра покривност, не ми го сушеше лицето и задоволна бев. Но последно време како да ја расипаа, и до пола ми остана неискористена.
Исто прочитав дека ја запустиле, сакав и тука мислење да прочитам.. а некој искуство за бб кремата на боржуа?
Јас ја користам убава ми е, од минатата година е купена. Лесна пудра, малку мрсна ама мене ми одговара имам многу суво лице. Единствена маана е што многу брзо се впива и по 2-3 часа си како без пудра, ама со фиксатор е супер
Според мене ДА ,моето лице има видливи пори и ми ги покрива ,а и тоа што е кремаста уште му дава сјај на лицето
Порано ја имам користено бб кремата на гарниер и сум задоволна многу е лесна а покривна баш природно,моментално ја користам цц кремата од фармаси и сум презадоволна лесна и е доста покривна дури ми го измазнува лицето баш убаво ми изгледа лицето.А најмногу сум разочарана од бб кремата на балеа најлош производ дефинитивно.
Јас некни ја зедов бб гремата на gr, 3 пати имам ставено за сега но сум презадоволна ќе видеме понатаму и 200 и нешто денари беше