mims фала многу. За добра шминка никогаш не се штеди пари особено за пудра, зашто ја ставаш дирекно на кожата и како што може евтина пудра да ти зезне лице ништо не може!!
И јас имам ваков проблем со мрсниот сјај на Т-зоната на лицето, значи неверојатно колку ме нервираше порано, на лето не потам телесно ама никаде обилно, дури и кога се над 40 температурите, а лицето да ти сјае е навистина без врска. Инаку, му го најдов лекот со пудра во прав, нанесувам прво дневен крем на лицето (никогаш не сум ставила никаква пудра директно на кожата), па добро натапкувам со сунѓерче, па и со кружни движења на прстите од пудрата во прав, дури онака не покрие се‘ убаво, потоа нанесувам течна пудра, ама онака ептен лежерно без втривање, ја оставам неколку минути да впива, потоа кога ја размачкувам многу подобар е ефектот (ова скоро го открив и не знам дали секоја кожа реагира подеднакво), отколку директно размачкување, на крај финиширам со голема четка на која е нанесено сосема малку руменило во перли, па искрено задоволна сум потоа од покривноста, го нема грдиот сјај, а иако има повеќе типови и слоеви пудри, се добива прилично фин ефект кој е доста траен.
јас нарачав од интернет оригинални KOREAN BB CREAM кои се први во производство и кои се разликуваат од овие од DRUGSTORE 100 проценти Главните функции се Белење, УВ заштита, неверојатно покриање, грижа за кошжата . состојки кои се потребни да ја излечи кожата и да се создаде изедначување на тенот , додека растителни екстракти кои помагаат во зајакнувањето и регенерација на клетките , против стареење и заштита од брчки . SPF во овој производ ја заштитува кожата од штетните УВ зраци . УВ светлина предизвикува темни дамки и неизедначен тен на кожата и се распаѓа сврзното ткиво како колагенот, што доведува до брчки; SPF ги спречува и двете од овие. Овој крем ББ, исто така делува како крема на кожата и ја храни и го подобрува здравјето со јогурт и хијалуронска киселина состојки. Whitens Wrinkle Care UV Protection Moisturizes Nourishes Long-Lasting Oil- Control достапни со цена SHIPPING е 9 долари и сега чекам да пристигнат па дефинитивно ке ве известам кога ке ги добијам во свои раце
Ај пушти ми линкче во Лична порака. И јас го гуглав ова значењево на ББ и увидов дека нема никаква врска со овие што ги продаваат. Не е избелување,би рекла изедначување и измазнување според тоа што го најдов. Зошто ако избелува или има жива или има киселина,овошна,што може и да е опасно,флеки може да се појават. А вели се е на природна основа,што значи... Мајка ми ми кажа порано имале нешто навидум ова и вика по структура воопшто не беше вакво како овие,туку едноставно нанесуваш и се случува чудо. Па ме чуди како така добар производ го повлекле од пазарот.
подразбира дека нема жива и "белеење" има состојки што ги осветлуваат флеките од кожата и го освежуваат лицето http://www.prettyandcute.com/
Дали на некоја феминка и се случило од ББ кремата да Гарниер да и се појават лишаи на лицето? Ја купив пред помалку од 1 месец и екстра ми се погоди. Имам сува кожа и некако кремава ми беше одлична замена за пудра, ама последнава недела гледам лишаи ми се појавија. Не ставам деновиве од неа, на лишаите ставам јекодерм, па ќе експериментирам да видам дали од неа ми се. Прочитав дека повеќето сте имале проблеми со неа, во стилот на појава на акни и сл, па ме интересираше дали некој го приметил и ова.
^ На сестра ми вчера.Ја користеше две-три недели и вчера откако ја нанела почнало да ја чеша лицето и да се вцрвува,и се јавило најпрвин црвенило па до вечерта и се појавиле јасни лишаи Била на дерматолог и дале некој шампон против лишаи. И таа има сува кожа,може да има некоја врска
Чекајте,сакате да кажете дека ја суши кожата??Јас имам мрсна т-зона ама образите ми се суви...да не си направам беља...
Ама Гарниер во тенката тубичка е всушност наменета за комбинирана и мрсна кожа, никако за сува. Затоа им се појавиле проблеми и лишаи. На оние со комбинирана би им била океј, меѓутоа ете Дузи се изјасни дека иако го има тој тип на кожа сепак забележала некои промени на лицето во негатива. Се прашувам да не е од алкохолот во составот, меѓутоа цел живот користам лосиони на база на алкохол, па не сум имала проблеми - мене уште не ми направила проблем, ја користам веќе неколку недели, а се надевам дека нема.
ББ крените на Нивеа во Дм се намалени на 275 ден. Јас ја користам кремата на гарниер, убава се, ама и мене гледам поцнаа мозолчиња да ми излегуваат, така ситни и како лишаи.
и јас ја користам на гарниер и ми се свиѓа многу, а приметив по некое мозолче тек тум ќе се појави и малку ко посува да ми е кожата околу устата на пример ама убава е да му се невиди. не ја давам!
Ама јас ја имам таа подебелата тубичка, не потенката. Си ставам деновиве јекодерм на лицето и се повлекоа колку-толку лишаите. Вчера ставив пак од ББ-то и ми беше на лице цел ден и еве денес нема ништо. Не ми се појавија пак. Ќе експериментирам да видам од што ми се. Јас имам прилично суво лице склоно кон лупење и лишаи, па може и да не е конкретно од некој производ. Ај, се навикнав веќе на овие проблеми.
Некој случајно да не ја користи ББ кремата на Manhattan гледам кошта 470 денари па да напише некој коментар поврзан со неа.
Nivea BB krem... Хидратантна крема Здр на сите... незнам каква крема најчесто користитте но дали некој почна да ја користи НИВЕА ВВ крем 5во1 што го изеднацува тенот ги покрива мозолчињата и пигментацијата и е со заштитен фактор а цини околу 330ден... Дали сте задоволни доколку ја користите?
Артдеко ББ-кремата е 1150 денари. Премногу - за тие пари порадо би си купила течна + камена или течна + некој најобичен коректор. Ја пробав на лице посветлата нијанса (која патем е sand и не ми беше баш погодена), убава е и нежна, има солидна покривност. Ја препорачуваат нешто као за сите типови на кожа, меѓутоа за мрсна кожа и не би рекла баш-баш... погодувате што се случи. Очекував нешто повеќе барем околу нијансите, ама њет.
Во новиот број на Космо Магазинот имате убав опис за ББ кремите, како и слики и цени на повеќето ББ креми кои ги дискутиравме овде. Ќе ви постирав линк од онлајн магазинот, ама го има до 18та страна, а тексот за кој што ви зборувам е на 48ма.
Преска си ја купив ББ кремата на Гарниер за комбинирана и мрсна кожа во долгнавестото пакување и преубава ми е! Имам чисто лице и не знам да ви кажам дали покрива мозолчиња, флеки и сл, но како текстура е перфектна. Ја зедов светлата нијанса затоа што сум беличка но се приспособува на тенот и плус има природни минерали некои. Ви ја препорачувам мои Феминки **
Нивеа да, и не ми одговара мене, можеби зависи од кожа не знам, многу ми свети од Нивеата, Гарниер ми е перфектна сега за сега.