Како мислеш нијанси ? Јас лично бев во продавниците на голден роуз и од тестерите пробував да видам која ми одговара на лицето ... Патем која е разликата помеѓу ББ и ЦЦ кремата?
Во Космо има солиден избор на козметика од асортиманот на Natura Siberica. Не знам дали ја има оваа ББ-крема, одамна не сум била натаму, ама можеш да провериш.
Фала ти И уште едно прашање, дали некој ја има видено ББ сензитив кремата на Алверде кај нас во ДМ? Предобар рејтинг има во однос на состојки.
Со бб кремите се добива благо лесно до средно покривање, го изедначуваат тенот, додека цц кремите се попокривни, исто изедначуваат тен но и дисколорации, црвенила, пигментации, средуваат дисбаланс во тонот, т.е ја средуваат “бојата”
Јас читав рецензии на странски блогови и се позитивни, има добри ув филтри.. Единствено што е светла за светол тен и не постои потемна нијанса.. Колку е во дм?
Во дм ми пишаа дека е 258 денари. Само не знам за каков тип на кожа е наменет ^285 денари, да се корегирам.
Денес баш ја купив. Има добри состојки. Ќе ја пробам деновиве и ќе ви споделам искуство. Инаку беше 285 денари.
Те читав во другата тема дека бараш крема со физички филтри, не бев сигурна за purederm дека е скроз без.. Кога ке ја испробаш обавезно напиши како си задоволна, се мислам помеѓу оваа на Purederm и Sundance sensitive 50 флуидот
Денес прв пат ставам сабајлево. Не многу покривна, само онака нежно го изедначува тенот. Не остава бели траги, лесно се нанесува има фина текстура. И што е најбитно не се осеќа на лицето како да имаш нешто ставено за разлика од други ББ креми што ги имам користено. Јас имам комбинирана кожа, па ќе видиме до вечер дали ќе светнам на Т зоната или не хахаха. Ќе пишам пак
Обично не препорачувам козметички продукти, затоа што секој има различна кожа и различни преференции, ама овојпат ќе направам исклучок затоа што никогаш не сум била позадоволна од некој производ. Најпрво да напоменам дека тргнав со идејата да најдам нешто за лесна прикривност, за дневна шминка и не сум некој коринсик на бб и цц креми, имам купено само еднаш на нивеа, не бев задоволна како кожата не ми ја впива и баталив. Освен ова, мрзлива сум и сакав да најдам нешто што ќе замени и дневна крема и крема за заштита од сонце и течна пудра, па наместо да нанесувам слоеви, се одлучив за сѐ во едно, нешто што ќе можам да го намачкам набрзина како крема и да излезам, па се одлучив за ова. Освен гореспоменатово, имам еден проблем со течните пудри поради кој сум многу пребирлива за течна пудра, кај носот пудрата ми ја прави кожата како сува и испукана, иако претходно не било видливо никакво напукнување и сушење. Ова сум го избегнувала само со некои видови на пудри за кои сум се држела како слеп за стап. Друг проблем кој сум го имала со течните пудри(не со сите) е што кожата ми се мрси после неколку часа од нанесувањето на пудрата. Again, знам дека овој проблем е решлив со фиксери за шминка и пудри во прав, ама пак да напоменам, не сакам да се замарам премногу и затоа користам пудра со која нема да го имам овој проблем, односно кожата ќе ми биде мат цел ден. Да се навратам на цц кремата која топло ја препорачувам. Станува збор за оваа: Што јас добив од неа и зошто ми се допадна до тој степен да напишам долг пост за шминка? Гуглав за подобрите цц креми, од кои се задоволни голем број на жени истовремено и налетав на оваа. Не само што они тврдат дека голем процент од жените се задоволни, туку налетав и на задоволителни reviews низ интернетов. Иако бев скептик, а и цената и е поголема, сепак решив да ја купам и не зажалив! Прекривноста како за цц крема е импресивна! Кожата не ми изгледа како кога нанесувам слој пудра, туку изгледа убаво, чисто, здраво... Проблемот со мастењето и не е толку голем, неколку часа по нанесувањето и шетање на сонце не изгледам како да сум испотена, туку добивам некој фин, healthy glow. Поминувам доста време надвор, на сонце, така да ова ми е особено важно, плус и фактот дека има 50+ UVA/UVB. Не е тешка на кожата, односно не чувствуваш дека имаш слој шминка на лицето. Кожата после нанесувањето ми е мека и мазна. Единствена забелешка е тоа што купив медиум боја, а ми е премногу темна, иако реално имам средно темен тен, иако и овој проблем е решлив затоа што подоцна кремата некако ми се изедначува со тенот и не се познава толку многу. Ако некој друг ја користел, би сакала да чујам ваши искуства. Јас за првпат сум задоволна од некој кознетички производ.
Сакав да ја користам неколку дена за да можам убаво да видам дали вреди или не. Еве после неколку дена користење можам да дадам солиден review. Во принцип не е баш BB крема, туку повеќе тонирана крема со заштитен фактор. Нема покривност како други BB креми ама го изедначува тенот многу убаво. Одма откако ќе се намачка остава малку бело ама се губи после 5 минути. За луѓе со потемен тен би препорачала да се помеша со малку пудра зошто мислам деќа повеќе ќе се познава белото. Многу е лесна, ич не се осеќа на лице дека имаш нешто ставено. Исто како обична крема да си намачкал за ралика од други BB креми што ги имам користено. Јас сум презадоволна. Топло ја препорачувам. Само пак ќе напоменам, луѓе со потемен тен да ја помешаат со малку пудра. У секој случај нема да згрешите ако ја купите. Од каде ја купи кремава и дали се продава со Македонја? И ако не е тајна колку пари е, што викаш скапа?
Ете, на тоа не помислив, дали ја има во Македонија, затоа што е релативно нова. Јас ја купив локално, инаку ја има и онлајн и тоа со попуст. https://www.itcosmetics.com/face/foundation/your-skin-but-better-cc-cream-with-spf-50/ITC_0008.html
It Cosmetics прашање е дали има низ Европскиве земји, не па кај нас. Од странава не верувам дека доставуваат до Македонија, а и шипингот би чинел колку уште една цц крема.
Женски ве молам препорачајте ми некоја добра ББ крема што ја има во ДМ. Јас имам нормална кожа. Ја користев таа од Гарниер ама не ми беше доволно покривна и брзо ми се мастеше кожата (со други ББ креми сум го немала тој проблем).