Јас само неа ја користев извесен период, супер покривна ми беше а и не е тешка, секој ден ја користев за на работа, супер е.
И двете се преубави одамна ја користам ЦЦ light to medium a од скоро и бб ја земав,двете ми се допаѓаат покрвни се многу а не се тешки. ЦЦ е малку подобра од ББ за мене повеќе покривна е.
Препорака за бб крема со фактор? Долго време ја користам на purito ама мислам дека ми се засити лицето.
Ја пробав од Биодерма Себиум Глобал - 50-50 сум задоволна. Со оглед дека е една нијанса, се адаптира на кожата но не доволно за светол тен - има голема разлика со вратот.
Purito Snail Clearing BB Cream. Минатата година ја користев цело време. Прилично е покривна и нежна со лицето. Само мидлам дека последната пакување што го купив беше многу потемно отколку другите.
Jas ja kupiv ovaa deneska posto do 3.05.2021 vo zegin ima dosta popusti na bioderma i drugi brendovi .so popust me kostase okolu 830 den. Ima spf 30 . I jas sum svetla vo ten ama nijansa e top pokriva ,lesna e i go izednacuva tenot i ja izmaznuva kozata
Оваа беше органска нели? Мислам на инста имаше реклама, како да видов некни.. Ако е органска, како си задоволна со трајност, да не е тешка или мрсно да го прави лицето? И која цена ја зеде?
Да, мислам беше со физички филтри, органска. Не е воопшто тешка, мене на челото ми светнуваше некаде после 4-5 часа носење што сметам дека е океј. Околу цената, мислам дека беше некаде 700-750 денари. Гледам дека сега има нова амбалажа, не знам дали и составот останал исти.
Здраво девојки, дали некој ја има користено оваа бб крема од гарниер pure active ? и дали има слична покривност како оригиналот и онаа за комбинирана и мрсна кожа ?
Девојки, ми треба пудра или ББ крема за летово, за кожа склона кон акни и мрсна Т-зона. Ве молам препорачајте нешто полесно, сепак да има некоја покривност.
Исто и јас неа би ти ја препорачала , сон ми е ! Повеке не користам пудри , многу покрива , дава свежина и го изедначува тенот , трајна е , со благо сетирање трае цел ден и не светнува !