@Yowannty тука ќе те тагнам Ако не бараш покривност зошто ко што рече лето доаѓа и не трпи лицево мн шминка плус со маскиве, ѕирни ја и оваа cc крема на Bourjois кошта само 5 евра тука https://www.notino.gr/bourjois/123-perfect-cc-krma-gia-grgori-kaipsogi-emfnisi/ не е покривна како пудра ама за цц крема има супер покривност. Наместо пудра можеш цц крема да пробаш ако сакаш за полесно нешто.
Повеќе ми е да ми го изедначи тенот, за покривност и не толку. За 5 евра ќе ја пробам. Фала ти женска.
Имам комбинирана кожа која бара мала покривност. Која би ја препорачале - Bourjois 123 CC cream или Tinted Sunscreen na Frezyderm (мислам дека оваа нема нијанси)?
Првата е само крема за заштита од сонце,а втората има боја и може да се користи во лето над кремата за заштита од сонце и како замена за пудра. Втората ја имам и убава ми е, само се пресликува на маската. Ако немаш што да покриеш а сакаш да ти изедначи тенот тогаш оваа е за тебе.
И Фрезидермот има тонирана варијанта, но само една нијанса е која прилично се прилагодува на тенот - баш поради тоа и се мислам... Фала
Да и Фрезидермот има нијанса ама мислам дека е само една , а Буржуа има 4 нијанси. Ако си многу светла можно е нијансата на Фрезидерм да не ти одговара колку и да се прилагодува на тенот ептен некој што ја има од форумов таа на Фрезидерм да ти ја сликне друго таа ба Буржуа има спф 15 а другава спф 50 па под вторава не ќе мораш да нанесуваш дневна крема
@Lul41 кремата може да се најде и за 500 денари, задно ја видов во Космо пред една недела. Провери може сеуште ја има.
Дали некој ја користи и како сте задоволни од пурито бб кремата со 38 фактор за лице во смисла на покривнист и трајност, и во споредба со еуцерин бб кремата со 50 фактор која е подобра?? Или евентуално да споделите некоја бб крема со заштитен фактор да е убава??
Според она што имам гледано и читано, затоа што немам искуство со ниту една од Бб кремите кои ги спомна, Бб кремата на Пурито е подобра во однос на покривност и трајност на лицето во текот на денот. Дополнително гледав на инстаграм кај Магнолија , целодневна рецензија за Бб кремата на Пурито, се мислам и јас да ја земам. Ми се допадна завршниот изглед на лицето и по нанесување на кремата и по 7-8 часа од носење на истата. Читав рецензии, одговара и на сува и на мрсна кожа, без сетирање на кремата. Дава здрав сјај без да делува мрсно. Еуцерин ми се чини дека не нуди толкава покривност. Меѓу нив две, би се одлучила за Пурито, само нијансите се малку безвезе... За мене планирам да ја земам 23 па да ја осветлувам со коректор или посветла пудра.. Инаку јас ја користам на Холика Бб кремата, ја нарачав на иХерб, некои 6-7 долари и мене ми е погодена. Има 30ка фактор и слаба до средна покривна моќ. Повели линк https://www.iherb.com/pr/holika-holika-moisturizing-petit-bb-spf-30-30-ml/68364 Се надевам малку помогнав
Ја сакав миша и јас ама се разочарав од една рецензија на една девојка од Хрватска што ја следам. Ако ја земеш сподели искуство.
Помогна, како не помогна И јас сум некако повеќе за пурито, ама лани нели имаше некоја фркичка околу нивните креми со фактор па затоа сум скептична...
И мене ме интересира за пурито ББ кремата, дали хидрира, дали остава мрсен сјај на кожата. Како е во однос на трајност, некои има за 2, 3 часа како да испаруваат од лицето, и на лицето останува само мрсен сјај, имам искуство такво лошо со Фармаси. Има една и на интернет што ја гледам, на Белина на страната ја има мислам на Мадера беше, ако не и утнав името , малку е поскапа ама гледам и таа е фалена па се мислам за која да се одлучам, иако на Хаушка пудрата ми е број еден и незаменлива, сакам за лето и некоја ББ крема. На Натура Сиберика имам моментално бб крем при крај ми е, доколку немаш потреба од покривнист и имаш сува кожа, е супер, дава одлична хидратација, сјај на кожата, ама во однос на покривност од 1 до 5 има 1. За сува кожа, чиста без акни е супер, за друг тип на кожа не ја препорачувам. А на Еуцерин мислам дека е ЦЦ крема која содржи хијалурон, па не знам колку год имаш ако си помалку од 22,23 не би ти ја препорачала
Па чисто лице претежно имам, само по некоја акна тук таму од хормони ми се појавува. 30 имам јас користам креми со хијалурон веќе . А таа на хаушка покривна е?