На Хаушка е пудра, некои велат дека не е покривна, ама јас имам чисто лице, и со еден тенок слој ми е супер исто како ББ крема да имам, искрено јас поубаво нешто на лицето немам ставено, а состојките се супер. Јас после секоја пудра порите ми се полнеа со нечисто, ми се јавуваа мозолки, оваа не ја менувам. Природна, органска пудра е.
I od bioderma bb kremata ne e losa ja kupiv unavo pokriva Kade ja ima tecnata pudra na Hauschka i koja cena e?
Зегин, Еурофарм , Анни фарм, тука ја имаш https://www.annifarm.com.mk/en/product/foundation-02-almond-30ml/
Јас од Анни фарм ја порачувам околу 1200-1300 ден е цената, сега баш го нема моето бројче 3 ка а при крај сум па не знам од каде можам да ја порачам на друго место, ако си од Ск таму во Зегин има.
Мислење за бб кремава на Виши? Некој да ја користи подолго време па да каже мислење? Ми дадоа тестер, уште не сум го пробала...
Се согласувам. Јас моментално го тестирам ЦЦ кремот на Мадара и можам да кажам дека е феноменален. За некој ден ќе објавам статија.
Драга еве направив и видео за да ја видите нијансата и покривноста. Јас ја имам посветлата нијанса, а има и една потемна. Нема огромна покривност сепак не е пудра, ама неверојатно изедначува и дава убав сјај на кожата. Еве погледни
Ретко ставам пудра а и кога се шминкам гледам минимално да биде. Имам користено ББ од гарниер, ми се допаѓа зашто природно делува. Гледам сега имаат ББ крема во зелена нијанса, ја пробал некој?
Деновиве ја користам Бб кремата на Se bio etic наскоро ќе пишам мислење, но потпишувам со двете раце дека полесна бб крема не сум користела.
Дојдов да ја пофалам ББ кремата на So bio Etic Имам мрсна кожа во лето и ја користев секој ден за на работа по 12 часа, ја носев на сонце, се потев буквално ми немаше мрднато од лицето. Дава некој убав сјај, лесно се размачкува и плус не се пресликува. Барем така приметив, а одлична е за оние што нема што да покријат или користат пудри. Значи поубава ми е од други ББ што сум ги користела.
City CC Madara крем со спф 15. Мислам дека има две нијанси, light и medium. Покривен, изедначува тен, мат финиш. Солиден, убаво легнува на кожата, но ако немам добра хидратација ми делува како посув на лицето и се познаваат пори и линии. Во глобала ок, би го користела наместо пудра, оти дава добро изедначување на тенот за флеки и пеги, не е екстремно покривен (не ми е ни потребно тоа), сепак е само цц крем. Мојата нијанса е медиум, лајт мислам дека ќе ми биде ептен светла. Одговара за комбинирана и масна кожа, за сува не знам дали би бил добар. Недостаток е нискиот спф, па мора поголем фактор ако се користи во денови кога има јако сонце (или во лето). За денови како денешниов, нема потреба од дополнителен спф.