Морам да пишам за бб кремава на Clinique која што ме изненади позитивно. Малку бев скептична за производи кои имаат една нијанса и ја менуваат во зависност на нијансата на кожата, но овој производ ми се покажа супер. При купување на др производ од Клиник ми дадоа 3 тестерчиња од бб кремата со портокаловиот концетрат ги искористив па можам да пишам мое мислење. Кремата е во вид на гел и има сивкаста нијанса , прво се размачкува помеѓу двете дланки, на некој начин се "затоплува" производот и се нанесува на лицето ( пробав и со четка, но кога се работи за ваков производ , подобро се нанесува со раце) Само потребно е да се втрие убаво насекаде за да се постигне рамномерна покривност. Има лесна покривност , со употреба на коректор и пудра одозгора не светнав сигурно 8 часа. Не ги истакнува порите, нема мирис.Секако не ја препорачувам на многу проблематично лице , не покрива многу.Многу ми се допадна , со нареден попуст од 50% сигурно би го земала големото пакување од 115 мл плус некој од концентратите
Дали некоја членка го има користено овој CC крем на Оливал и дали и се појавувале акни после него? Исто и за оваа од Пурито?
Јас ги имам испробано и двете креми , прво да напоменам дека имам комбинирана кожа склона кон неправилности. Што се однесува до Оливал навистина не ми предизвика никакви неправилности ,но воопшто не е трајна ( најмногу до 2-3 часа) и многу ја масти кожата. Додека пак Пурито ми ги замени сите пудри , фантастичен производ особено за денска шминка плус содржи и високо спф.. Многу покрива јас ја нанесувам со четка , покрива и акни , трае 5-6 часа и не ја масти кожата . Единствена мана се чудните нијанси но мислам дека 23 одговара на 80% сепак пробај си тестери .
Cosmo tinex, fabu парфимерија Само да знаеш не покрива туку изедначува тен , а те прочитав дека бараш пудра покривна и за мрсна кожа
Здраво, во друга тема прашував за мислење за ББ кремата на Пурито и таа на Миша. Мислам дека сепак ќе се одлучам за Пурито ама стварно не знам која од двете 21/23 нијанси да ја одберам. Прилично сум светла во тенот ама не баш проѕирна Ако ме сфативте... Која ви се покажала подобра, за најсветла читам малку мава на сиво .. Фала!!
21 е навистина мнооогу светлааа , ако си ептен со бел тен тогаш ќе е добра , но мислам дека на најголем број 23 е идеална сепак изгледа сиво но со тенот се прилагодува и си добива соодветна нијанса..
ББ кремот на Гарниер дали некоја го користи да сподели искуство, и кои нијанси ги има? На нет гледам light, medium i classic, во ДМ ги нема сите нијанси, па да видам ваше мислење
Предлог за бб или цц крема (или полесна пудра)и коректор со добар состав .за сува до комбинирана кожа ..до700- 800 денари ?. @Biodevojka
Дали ја има во ДМ и што цена е? Јас вчера зедов и на Гарниер и на Биотен, и сега се мислам која е поубава.. medium ми е темна а light многу светла. Немаат тестер и се мислам. А оваа прв пат ја слушам, која нијанса ја имаш?
Во Белина ја има. Ја сум темна и лајт ми одговараше се прилагодува на кожата. Цело лето со неа ја поминав, предобра е.
Јас како што сум читала , таа на Гарниер е за мрсна кожа, таа на Биотен е за сува кожа. Пробај ја таа на Bourjois баш мислам е околу 700 денари, или ете другава што ја препорача @buba4e89 800 денари е во Белина
Здраво драга, до таа цена може да ја пробаш на Со Био Етик како што ти препорача членката погоре или пак оваа на Моса која кошта 855 мкд. Лично ги немам пробано така да не можам да гарантирам за ефектот, ама според декларација се одлични двете. Јас лично сум презадоволна од Мадара ЦЦ кремот кој е фантастичен нешто помеѓу крем и пудра има неверојатно убаво дејство ама е нешто поскап околу 1600 мкд. иако вреди секој денар. Добиваш поизвод кој е ефикасен, хидратантен а долго трае затоа што доволна е мала количина. Еве ти оставам статија за да прочиташ и видео каде го имам нанесено производот брз кожата http://biodevojka.blogspot.com/2021/08/citycc.html
Потврдувам за Мадара, одлична е! Пудра веќе нема да купувам откако го открив овој цц крем. Штета што има мал спф и поради тоа не е погодна за летно време.