Јас летно време ретко ставам ЦЦ крем, ама ако се случи да ја ставам пред неа користам СПФ 50 па после овој одозгора. Инаку навистина е феноменален. Со еден производ имаш ем хидратација ем изедначување на тенот. Има едни со СПФ 50 на Алга Марис многу се убави и тие ги имам пробано, ама сепак овој ми е врв. Ретко кој ЦЦ крем дава волку добар ефект а е комплетно на природна база. Браво на тој што ја направил формулата. Обавезно да ја земеш. Мислам дека имаат и мини формат од 15 мл. доколку сакаш да ја пробаш, ама земај одма големо пакување зошто вреди. Јас и ти имаме слична кожа комбинирана така да ќе ти одговара.
Фала ти, баш деновиве ќе поминам во East gate и ќе ја купам доста време сум во потрага за нешто полесно за лице ама и со добар состав
Ме интересира дали оваа крема може да замени хидратантна крема,дали може да ја ставам само неа или мора пред неа да се става друга крема?и дали светлата нијанса е премногу светла?
Па ББ крема е тоа зависи дали твојата кожа ќе ја прифати како секојдневна крема, но, ако одиме по правило не, бидејќи има боја и навечер пред спиење ќе треба да нанесуваш друга похидратантна крема. Не е многу светла,се прилагодува на кожата.
Според формулата оваа на Со Био Етик е доста хидратантна така да нема потреба под неа да ставаш друга крема. Оваа марка има специјално изработени хидратантни формули. Сѐ што имам досега пробано се покажало како одлично. Секако навечер нема да може да ја употребуваш поради фактот што е тонирана и ќе мора да најдеш друга крема. Може слободно да одбереш од истата линија некоја без пигменти. Поздрав.
Во Белина, јас пред некој ден ја купив 1660 денари. Овие денови секој ден ја користам , убаво покрива за ЦЦ крема, само што тие со комбинирана и мрсна кожа обавезно треба да се сетира со пудра во прав или камена, зошто завршетокот е сјаен. Јас ја носев од прилика 4 часа и не светев , ама секако ја сетирав. За преку ден ми е одлична
Немам впечаток дека дава сјај, напротив. Комбинирана кожа имам, додуша сега повеќе кон нормална, не користам воопшто камена пудра. Секоја кожа различно покажува изгледа. Мене баш убав финиш ми дава, како кадифе.
Веќе ти одговорија, ама ајде и јас да си кажам... онлајн на Белина и во нивните БиоШоп кај цветен пазар и во East Gate.
Да да, кадифен финиш, не мислев на мрсно, но ниту на мат ми се допаѓа , а избегнувам веќе мат цц креми/пудри , не ми е и пре мрсно лицето
може 2 години користам исклучиво ББ креми пошто ЦЦ некако не сум нашла шо ја пофалиле. штом викаде дека е добра Мадара може следна да биде на список